Мојот став бил и секогаш е дека играчи против своја волја не треба да се држат во клубот и дека никој не е поголем од клубот (посебно Јунајтед). Ако некој толку сака да си замине тогаш вратите му се отворени и според мене полошо е да се има несреќен играч отколку да се има истиот по секоја цена. На сите ни текнува дека Видиќ ќе одеше пешки до Англија за да игра за нас, а сега има шпекулации дека сака да си замине. Јас искрено не верувам во овие написи и мислам дека се само уште еден обид на неговиот менаџер да добие некоја фунта повеќе во новиот договор кој Видиќ би го потпишал со нас. Искрено Видиќ заслужува да биде израмнет со платата со Рио и да биде еден од најплатените играчи во клубот и клубот мора да му понуди подобрен договор, бидејќи тој договор пак би имал позитивно влијание при евентуална продажба на играчот зошто сигурно ќе му ја зголеми цената на пазарот.
Јас мислам дека Видиќ ќе остане уште една година кај нас пред да не напушти, а доколку најлошото се случи тогаш дефинитивно ќе ни треба замена за него. Имаме одлични младинци на располагање во тој дел од теренот ама искрено не можеме целосно да се наслониме на нив. Еванс би бил одлична замена за Видиќ, ама проблемот ќе се појави кога Рио ќе биде повреден (за жал се почесто ќе биде така). Смолинг сеуште нема доволно искусво и знаење да игра во првиот тим, Браун многу подобро се снаоѓа на позција десен бек отколку централен и исто О'Шеј е повеќе играч кој игра на страничните бековски позции. Знам дека многу од вас ќе кажат дека имаме и повеќе од доволно замени на таа позција и јас се сложувам, ама прашањето дали имаме достојна замена за Видиќ? Во моментов само на Еванс може да се каже тоа, а бидејќи Џони го гледам повеќе како замена за Фердинанд останува да се пополни голема празнина доколку Видиќ замине.