Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
musc.png
muscwhite.png

Eве ви еден signature од мене :)
scholesj.png

Apo, a со кој програм ги правеше сликите? :)
 
Со ACD See Photo Editor има куп алатки и можност за шибање колку душа ти сака филтри и адони од фотошоп :)
 
И исто како и лани така и годинава, ќе купиме... хмм НИКОГО и пак тука среќни и весели убедени во успех ќе урламе како луди... мераци
 
И исто како и лани така и годинава, ќе купиме... хмм НИКОГО и пак тука среќни и весели убедени во успех ќе урламе како луди... мераци
Богами така ќе испадне :):):)

Бар да си ги зачуваме поважните играчи..но сигурен сум дека ако не земеме никој слободно може да се простиме од ПЛ,а особено од ЛШ...
 
Јас месец дена трубам дека нема да купиме некоја голема европска ѕвезда. Се смеев кога ќе прочитав постови кај што викаат дека уште Џеко, Силва и Милнер и топ сме. Тие фанови или од вчера навиваат за клубот или слабо стојат со познавања за финансиската состојба на клубот. Како сакате да купиме некоја ѕвезда кога како прво никоја не сака да дојде кај нас, Џеко сака во Италија, Силва малку кокетираше, Ди Мариа ќе оди во клубот кој највеќе ќе понуди, Родвел барем уште една година останува во Евертон. А и константно во последниве 2 години се нервирам кога е очигледно дека сме загреани по некој играч, а не превземаме ама баш никаква активност да го донесеме. После Реал ќе си направи понуда од 25 милиони и ќе го земат Силва и што е најтрагично Реал ќе ни е крив, епа newsflash, Реал не е крив, ние сме најкриви зошто ама баш ништо не направивме, а Реал дејствува како секој нормален клуб. Очигледно е дека клубот нема пари, или има уште нешто останато што најверојатно може да го искористи за некој малку поскап играч, ама сигурно ќе следат уште 1-2 продажби како на пр. Тошиќ и Греј или некој друг од Резервите.

Пораката на Ферги дека на пазарот нема играч кој вреди за парите е точна до некаде, ама дека нема ниеден вреден играч да се купи чисто се сомневам.

Е, сега малку и за позитивите. Сепак во моменталната ситуација во која се наоѓа клубот Ферги можеби е најдобриот менаџер да се има на чело, сепак секогаш знаел како да ја отргне медиумската помпа од клубот на себе. Околу засилувањата, мислам дека Милнер треба да е луд и да оди во Ливерпул само заради тоа што е роден во Лидс. И Алан Смит е роден во предградие на Лидс па играше за нас во директен трансфер од Лидс. И Руни како скаузер (без разлика што играше за Евертон) се пресели во екипа од Манчестер. Прво пишуваат дека Милнер кокетира со Сити, за 2 дена покасно да напишат дека нејќел да се пресели во Манчестер. Absolute rubbish.

А и знаеме дека трансферите што во последно време ги правиме излегуваат одненадеж и во рок од 24 часа се објавува во медиумите и се потпишува договорот со клубот. Такви беа трансферите на Овен, Обертан и Чичарито, ама рака на срце далеку е полесно да се направат овие трансфери отколку да се донесе некоја ѕвезда.

A за Луис Суарез мислам дека не е лош играч и дека ако се вклопи може да биде добар играч. Може да игра и лево и десно и полушпиц и напаѓач, што особено ќе му користи на Ферги при евентуална повреда на Нани или Валенсија по крилата и при 4-5-1 формацијата. Нас дефинитивно ни треба играч кој ќе дава 15+ голови по сезона, а Луис Суарез може тоа да го направи тоа. На пр. кој стои подобро со Форлан од клубот да го контактира да му каже некој добар збор на Суарез, да се испрати конкретна понуда до Ајакс за играчот, имаме многу младинци, јас би понудил некој од Диуф, Фабио или Де Лает да им го испратиме на позајмица како дел од договорот.
 
Богами така ќе испадне :):):)

Бар да си ги зачуваме поважните играчи..но сигурен сум дека ако не земеме никој слободно може да се простиме од ПЛ,а особено од ЛШ...

Супер пост од "вистински" фан ! ! ! Ти простисе од шо сакаш, а ние вистинските фанови ќе веруваме до крај дури и да не земем ништо летово!
 
Не се нервирајте САФ знае што прави.Искрено не верувам дека во моментов не преговараме со некој фудбалер,напротив сигурно се преговара со некој само тајно.Мислам дека од моментално атрактивните играчи на трансвер пазарот нема некој кој не сака да игра во Манчестер.
Ако САФ вистински сака да купи некој играч ке понуди добри пари мислам дека финансиски сме доста мокни.
Инаку мои желби се Силва,Пасторе(ама нема шанси мислам и дека никој во Манчестер да се интересира за него) и Суарез
 
И јас имам некој осет дека ќе потпишеме со некој во 2 АМ, како кога си дојдов дома тогаш од искачање и видов за Овен. :pop:

--- надополнето ---

Како надополнување, мое мислење, во Англија има најмногу натпревари затоа што има два купа. Мора да се купат играчи за да се има и силна клупа, видовме сите периодот кога бевме осакатени што се случуваше. Сега тука се Еванс и Смолинг за одбраната, Смолинг има ПЛ искуство колку толку, немам гајле.

А Чичарито? Мексикано е типот, имаат талент тие, ми изгледа како гол дете ама не е само изгледот. Според клиповите што ги гледав со него има и добри пробиви и голови ама и промашувања како вошкава со коса што ни е во тим :/ На Руни му треба некој што ќе е класа како него или нијанса послаб/појак, Чичарито, Велбек, Македа нека играат купови. А за Бугарот едно здраво седнување на клупа од 2 месеца како Нани па да се врати како него.
 
Се повеќе сум уверен дека нема никој да земеме. Кога стариов ќе изјави "не ни треба никој" у срце мава. Па земи го бре барем Суарез да му ебам мајката...Или изјави дека нема ни една ебана фунта за трансфери и за џабе да не го дрвиме. Пари имало, ама немало добри играчи на трансфер пазарот. Ма немој. Челзи и Сити ќе се ујачаат, а за нас немало играчи на трансфер пазарот. Барем напаѓач да се земе, да има кој шансите во гол да ги претвора. И пак ќе речам - место да си осигураме мирна и безбедна ПЛ и ЛШ сезона, ние играме на ризик, и тоа голем.
 
Супер пост од "вистински" фан ! ! ! Ти простисе од шо сакаш, а ние вистинските фанови ќе веруваме до крај дури и да не земем ништо летово!
A не е така бе?

Само ја зборувам реалноста..Тоа не значи дека не си фан на тимот нели? Челзи сега завршија пред нас,и не дај боже да ги земат Ди Мариа и Агуеро..Со таков Челзи и истиот Манчестер од оваа ти очекуваш да завршиме пред нив?? Ако не ни беше Ферги сезонава,господ знае кај ќе бевме сеа. Или да ги победиме Барса,Реал и сите други екипи шо ќе си земат добри фудбалери и ќе нарпават ѕверски тим(Сељаците Сити на пр.).. Зар ќе треба да очекуваме голови од Бербатов или Овен..или пак да направиме нешто со ваков Керик,со Гигс и Сколс,кои сите натпревари веќе ни да сакаат нема да можат да ги играт...Потребни се и тие,ама сепак за во прв тим тешко..Дај боже Флечер и Руни да имат иста сезона,Нани да се повампири,Валенсија ако може уште малце да се подобри и дефанзивниот ред да ни биде супер..Но пак ни треба ѕвезда во тимот...Барем Суарез да дојде,да им ебат матер на Гејзери веќе,дај нека си одат у Америка и да се стабилизира после финански клубот и да направиме и ние еден тим каков што имавме со Роналдо и Тевез..

И добро вика Rooney's Temper..Силва веќе 2-3 години го сакаме,сеа ќе прати Реал понуда за 3 дена и оп нивен е..Виља ќе го земавме веќе 2 години,Барса одма си ја сврши работата ..Сеа уште Суарез да си го џапне некој и ај со здравје

Искрено јас би дал 50м за Агуеро,само дали има толку.......
 
A зошто не би било така ? Па и без Видиќ и Рио игравме пола сезона, па пак бевме до крај во трка со Челзи и кажав зошто не освоивме, да не се повторувам. Плус се враќа Харгривс(иако не знам шо да очекувам од него), Андерсон, Овен. Е сеа барем еден играч би требало да се донесе, ама да кажеш дека ако Челзи ги земе Ди Мариа или Агуеро да се простиме од ПЛ не бива.
 
Руни денес

Руни за 50 години

malcolm-glazer.jpg

Неверојатно е колку во некои аспекти од лицето овие двајца се слични.
 
A зошто не би било така ? Па и без Видиќ и Рио игравме пола сезона, па пак бевме до крај во трка со Челзи и кажав зошто не освоивме, да не се повторувам. Плус се враќа Харгривс(иако не знам шо да очекувам од него), Андерсон, Овен. Е сеа барем еден играч би требало да се донесе, ама да кажеш дека ако Челзи ги земе Ди Мариа или Агуеро да се простиме од ПЛ не бива.
Абе во тоа сум 90% сигурен дека ќе биде така,но сепак ништо не се знае,повреди,мовреди,затоа реков дај боже да биде се како што треба..А што ни треба напаѓач,ни треба...Уште еден играч како Руни,што знае шансите да ги претворува во голови,а не да гледам јас влечковци по терен..Немора да се продава Бербата,нека седи на клупа ако толку сака да остане,ама сепак ако отсуствува Руни или ако има лош ден мора да има уште некој што знае да даде гол,а не после 15 шанси да погоди една во 80-та.. И ако се зима играч,не знам зошто мора да биде под 25? Имаме млади играчи,нека е и 28,но ако биде корисен за тимот зошто да не се земе..Имаме доволно млади и талентирани играчи :).

А за ова,па мислам дека нема да е само Челзи,и Манчестер Сити ќе земат некои добри фудбалери,а и Арсенал мислам дека пополека од детска градинка прераснуваат во супер тим со овие играчи.. Така да,ај, не да се откажеме од ПЛ,но за разлика од шансите за освојување што ги имавме изминатите сезони,овие би биле многу помали...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom