Абе друже, ги загубивме Роналдо и Тевез лани и пак сме конкурентни до крај. У Европа испаднаваме несреќно, пола сезона играме без одбрана и без голман (Фостер) коа бранеше и пак сме уште у конкуренција. Кажав погоре зошто сезоната најверојатно ќе остане само на Карлинг купот, ама тоа е.
И какво 5 место, не зафркавај. :kesa:
Па купи веќе еден, Мексиканецот. А да и Смалинг од Фулам.
Бевме конкуренција, а ако остане истиов тим и следната сезона ќе бидеме САМО конкуренција.
Не дека плачам и не го подржувам тимот во криза, но мислам дека е редно Ферги да се ослободи од некој фудбалери.
1. Бебратов - типов може би е добар, но не за да игра за манчестер ... а не верувам дека и во вардар би го примиле ... со талентот кој го поседува. Кога бербатов изиграл добро против тим ама што не е од рангот на Башкими .. типот не упропасти во секој можен поглед овие две години, вклучуваајќи го и фактот што заради него Тевез не игра веќе во ManUTD (зашто нели ферги мораше да ги оправда 30те милиони што ги даде за него, а тевез мораше да грее клупа цела сезона поради тој факт). Еден Валенсија има повеќе голови и асистенции од него , а прва сезона игра човекот во Манчестер . Сите дербија ги играше како посран, мрза , не трча и прави глупи потези, прима топка 15 минути па шутира, ист е со инзаги, само разлика е што инзаги даваше голови.
2. Сколс - човеков е легенда, но неговото време помина , и не може ферги воопшто да се потпира на него за следна сезона како играч од прва постава .
3. Гигс - иако прикажа добри партии годинава, неговото време помина .. исто како и сколс .
4. Невил - дечкото со поминат рок на трање . Не смееше во никој случај да биде како прва опција за десната бековска позиција.
5. Ошеј - типов како и Гибсон, Фостер мора да е вонбрачен син на ферги чим толку многу го форсира да играа. Типов има играно на сите можни позиции , вклучувајќи ја и голманската. Играч кој пополнувца дупки ама тоа го прави катастрофално.
6. Керик - освен утакмицата со рома (7-1) типов никогаш не покажа ништо.Само споредете го со Сколс, Кин ... на негови години овие фудбалери правеа парче и беа УСТАВ . Такви мидфилдери ни требаат, а не просечни како него. Една од трансфер утките на Ферги.
7. Гибсон - освен добар шут, и премногу себичност за постигнување гол , мидфилдер од ваква класа не треба да игра за Манчестер. Едно време дури Ферги го форсираше пред Андерсон. Гибсон = уште едно вонбрачно дете на ферги.
8. Овен - дечково е премногу подложен на повреди. Иако има неверојатен осет за гол, она што му се случуваше годинава со повреди, ако остане .. истото ќе го гледаме од него и догодина .
9. Фостер ... не треба да се коментира многу за него .. уште едно вонбрачно дете на Ферги.
Ова според мене се фудбалери кој не се доволно добри да играат или па веќе го отслужија своето. Многу повеќе шанса треба да добиваат фудбалери како Рафаел Македа Обертан и компанија па ако треба и по цена да се губи и некоја утакмица ... може би не се искусни ама со играње една утакмица у 1о кола сигирно нема никогаш да стеткнат искуство. Дечките поседуваат ОГРОМЕН талент .. само им требаат утакмици ...
Факт е исто дека и Ферги доста киксираше сезонава но тоа е што е. може би и него времето му помина ......... Одмараше клучни фудбалери во клучлни утакмиции и тоа му се враќаше како бумеранг со пораз . Ги одмараше зашто само они играа а горе набројаните само стоеа на терен. Па нели тоа доволно кажува зашто тие фудбалери и се уморни ...