Пост за досегашните маскоти на клубот.
1. Michael the Bank Street Canary (Мајкл Канаринецот од улицата Банк) - 1890те
Мајкл Канаринецот бил прва маскота на клубот, уште во текот на периодот кога клубот бил под името Њутон Хит. Всушност не се работело за канаринец, туку напротив тоа било гуска која пеела за одреден надоместок на парични средства. Мајкл Канаринецот исчезнува еден Божиќ и се смета дека завршил на трпезата на некој незадоволен фан.
2. Major the Saint Bernard dog (Мејџор Бернандинецот) - 1902-1905/6
Мејџор всушност е кучето кое одиграло огромна улога во историјата на клубот и неговото постоење, како и за промената на името на клубот и неговите бои. Имено, Мејџор бил бернандинецот на тогашниот капитен и бек на Њутон Хит, Хери Страфорд, кој шетал со корпа околу неговиот врат во текот на натпреварите за да собере екстра финансиски средства за клубот кој се наоѓал во тешка финансиска криза на почетокот од 20 век.
Во 1901 година клубот прави еден вид на саем кој требал да помогне да се соберат дополнителни средства. Мејџор како и секогаш шетал со корпата околу вратот, но по завршувањето на саемот неговиот сопственик согледува дека Мејџор всушност недостасува и дека најверојатно се изгубил. Хери Стафорд излегол да го бара Мејџор и го пронашол кај тогашниот производител на пиво Џон Хенри Дејвис, кој изразил желба да го сочува Мејџор како милениче за неговата ќерка. Дејвис како замена за Мејџор вложил 500 фунти во клубот како гаранција за неговата финансиска иднина. Тој бил назначен за претседател на клубот и во неговиот мандат тој го променува името на клубот од Њутон Хит во Манчестер Јунајтед и боите од златно-зелени во црвено-бели (еве го одговорот за тие што се прашуваат како точно дошло до промена на името и боите на клубот).
Мејџор бил маскота на клубот до сезоната 1905-06. Не се знае точната причина поради која тој веќе прекинал да биде маскота, но едно е сигурно Мејџор Бернандинецот засекогаш ќе остане запамтен во клубот.
3. Billy the Goat (Били Козата) - 1905/06-1909
По заминувањето на Мејџор, клубот решава да донесе нова маскота. Тогашниот централен бек, Чарли Робертс, добива на подарок коза од едно театарско друштво по име The Bensons. Причинита поради која Чарли ја добил козата и зошто токму коза останува непозната. Тој ја крстил козата Били и од тогаш таа станува трета маскота на клубот. Слично како и Мејџор и таа била пуштана на теренот пред натпреварите на домашен терен. Постои податок кој вели дека Били дури понекогаш патувал со играчите на гостувањата.
Причината поради која Били престанува да биде маскота на клубот е банална. Имено, после финалето на ФА Купот во 1909 против Бристол Сити, Били зел учество во славењето после мечот, испил премногу шампањ и умрел од труење со алкохол.
4. ''Hoppy'' Thorne, the One-legged Wonder ('Хопи' Торн, чудото на една нога) - доцни 1930ти - доцни 1940ти
Вилијам 'Хопи' Торн бил британски војник за време на Првата светска војна. Бидејќи бил премногу млад Вилијам се пријавил во војска под лажно име и несреќно ја загубил едната нога во битка. Како инвалид тој бил свесен дека тешко ќе добие работа по враќањето во Британија. Тој сепак бил вработен на Олд Трафорд како лице кое се грижело за чистотата после натпреварите на клубот и како лице кое оперирало со таблата каде стоел резултатот на натпреварите на резервите.
Вилијам 'Хопи' станува популарен како меѓу играчите така и меѓу фановите. Тој бил најпознат по неговото шоу пред домашните мечеви каде ја отстранувал неговата облека и со опремата за трчање потскокнувал по теренот или одел користејќи ја неговата вештачка нога.
'Хопи' престанува да биде маскота во доцните 1940ти кога тој не успева да набави карти за финалето на ФА купот во 1948 година во ложата. Се создава нетрпеливост помеѓу него и управата на клубот и како резултат на тоа тој престанува да биде официјалната маскота.
5. Jack Irons (Џек Ајронс) - доцни 1940ти - 1963
Џон Томас 'Џек' Ајронс бил маскота на клубот скоро 15тина години. Тој се појавувал пред натпреварите облечен во црвено-бело одело и држел црвено-бел шал, ги поздравувал фановите, потпишувал автограми и дури понекогаш ја фрлал паричката пред почетокот на натпреварите.
Како и кога точно Џек станува маскота на клубот е непознато, иако се смета дека тој решава да престане да биде маскота на клубот на крајот од сезоната 1962/63. Тој направил кам-бек на финалето од ЛШ (тогашен Куп на Шампионите) и од тогаш го снемува иако тој продолжил да навива за клубот до крајот на животот.
Франк Хилтон и Рони МекВилијамс исто така одредено време го заменувале Џек Ајронс. Маскотите потоа биле исфрлени од употреба поради напливот на хулиганизам во англискиот и британскиот фудбал.
6. Fred the Red (Црвениот Фред) - 1994 - до денес
Нема потреба од поголемо објаснување за оваа маскота. Секој фан на Јунајтед доволно добро е запознат со нејзиниот изглед и задачите кои ги има пред, во текот и по завршувањето на мечевите на клубот на домашен терен.
П.С. Рака ми отпадна од пишување :smir: