Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Руни се враќа за реваншот со Баерн



Вејн Руни


05.04.2010 15:06


Вејн Руни би можел да настапи за Манчестер в среда на реваншот против Баерн, на изненадување на сите по прогнозите дека повредата ќе го остави надвор од теренот до средината на овој месец, објавија денеска англиските медиуми.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација ги повреди лигаментите пред самиот крај од минатонеделниот натпревар против Баерн во Минхен, во рамки на четврт-финалето во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, според извори блиски до клубот, Руни се опоравува многу побрзо од очекувањата и има шанси да заигра во реваншот, иако тренерот Алекс Фергусон рече дека ќе отсуствува од теренот „две до три недели“.

Јунајтед очекува Руни да се врати за градското дерби против Сити на 17 април, но Фергусон би можел да го има во тимот и порано од тој датум, пишуваат англиските медиуми.

„Руни се надева на шокантно враќање против Баерн“, пишува весникот Дејли Телеграф, додека Дејли Мејл додава „Јунајтед го тестира Вејн за реваншот против Баерн“.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Ова за Руни се само глупави шпекулации на англискиве весници за пополнување место и поголема нивна продажба. Ферги нема шанса да го пушти Руни незалечен против Баерн. Да се надеваме дека ќе се врати за дербито на Манчестер, секоја информација за негово враќање порано од тој датум е само измислица на англискиот печат.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ова е само да се зголеми заинтересираноста за натпреварот, а може и да е некоја mindgame на САФ за да го насочи нашето внимание повеќе кон вашиот состав отколку кај нашиот. Истото го изведуваше и нашиот тренер со Робен првиот натпревар, давајќи ни надеж дека ќе игра а тој на трибини беше.:wink:
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Ова за Руни се само глупави шпекулации на англискиве весници за пополнување место и поголема нивна продажба. Ферги нема шанса да го пушти Руни незалечен против Баерн. Да се надеваме дека ќе се врати за дербито на Манчестер, секоја информација за негово враќање порано од тој датум е само измислица на англискиот печат.
Токму така...Исто како што не ги стави Харгривс и О'шеј во резервите против Челзи. Нема шанси да си игра со Руни.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Пост за досегашните маскоти на клубот.

1. Michael the Bank Street Canary (Мајкл Канаринецот од улицата Банк) - 1890те

Мајкл Канаринецот бил прва маскота на клубот, уште во текот на периодот кога клубот бил под името Њутон Хит. Всушност не се работело за канаринец, туку напротив тоа било гуска која пеела за одреден надоместок на парични средства. Мајкл Канаринецот исчезнува еден Божиќ и се смета дека завршил на трпезата на некој незадоволен фан.

2. Major the Saint Bernard dog (Мејџор Бернандинецот) - 1902-1905/6

Мејџор всушност е кучето кое одиграло огромна улога во историјата на клубот и неговото постоење, како и за промената на името на клубот и неговите бои. Имено, Мејџор бил бернандинецот на тогашниот капитен и бек на Њутон Хит, Хери Страфорд, кој шетал со корпа околу неговиот врат во текот на натпреварите за да собере екстра финансиски средства за клубот кој се наоѓал во тешка финансиска криза на почетокот од 20 век.

Во 1901 година клубот прави еден вид на саем кој требал да помогне да се соберат дополнителни средства. Мејџор како и секогаш шетал со корпата околу вратот, но по завршувањето на саемот неговиот сопственик согледува дека Мејџор всушност недостасува и дека најверојатно се изгубил. Хери Стафорд излегол да го бара Мејџор и го пронашол кај тогашниот производител на пиво Џон Хенри Дејвис, кој изразил желба да го сочува Мејџор како милениче за неговата ќерка. Дејвис како замена за Мејџор вложил 500 фунти во клубот како гаранција за неговата финансиска иднина. Тој бил назначен за претседател на клубот и во неговиот мандат тој го променува името на клубот од Њутон Хит во Манчестер Јунајтед и боите од златно-зелени во црвено-бели (еве го одговорот за тие што се прашуваат како точно дошло до промена на името и боите на клубот).

Мејџор бил маскота на клубот до сезоната 1905-06. Не се знае точната причина поради која тој веќе прекинал да биде маскота, но едно е сигурно Мејџор Бернандинецот засекогаш ќе остане запамтен во клубот.

3. Billy the Goat (Били Козата) - 1905/06-1909

По заминувањето на Мејџор, клубот решава да донесе нова маскота. Тогашниот централен бек, Чарли Робертс, добива на подарок коза од едно театарско друштво по име The Bensons. Причинита поради која Чарли ја добил козата и зошто токму коза останува непозната. Тој ја крстил козата Били и од тогаш таа станува трета маскота на клубот. Слично како и Мејџор и таа била пуштана на теренот пред натпреварите на домашен терен. Постои податок кој вели дека Били дури понекогаш патувал со играчите на гостувањата.

Причината поради која Били престанува да биде маскота на клубот е банална. Имено, после финалето на ФА Купот во 1909 против Бристол Сити, Били зел учество во славењето после мечот, испил премногу шампањ и умрел од труење со алкохол.

4. ''Hoppy'' Thorne, the One-legged Wonder ('Хопи' Торн, чудото на една нога) - доцни 1930ти - доцни 1940ти

Вилијам 'Хопи' Торн бил британски војник за време на Првата светска војна. Бидејќи бил премногу млад Вилијам се пријавил во војска под лажно име и несреќно ја загубил едната нога во битка. Како инвалид тој бил свесен дека тешко ќе добие работа по враќањето во Британија. Тој сепак бил вработен на Олд Трафорд како лице кое се грижело за чистотата после натпреварите на клубот и како лице кое оперирало со таблата каде стоел резултатот на натпреварите на резервите.

Вилијам 'Хопи' станува популарен како меѓу играчите така и меѓу фановите. Тој бил најпознат по неговото шоу пред домашните мечеви каде ја отстранувал неговата облека и со опремата за трчање потскокнувал по теренот или одел користејќи ја неговата вештачка нога.

'Хопи' престанува да биде маскота во доцните 1940ти кога тој не успева да набави карти за финалето на ФА купот во 1948 година во ложата. Се создава нетрпеливост помеѓу него и управата на клубот и како резултат на тоа тој престанува да биде официјалната маскота.

5. Jack Irons (Џек Ајронс) - доцни 1940ти - 1963

Џон Томас 'Џек' Ајронс бил маскота на клубот скоро 15тина години. Тој се појавувал пред натпреварите облечен во црвено-бело одело и држел црвено-бел шал, ги поздравувал фановите, потпишувал автограми и дури понекогаш ја фрлал паричката пред почетокот на натпреварите.

Како и кога точно Џек станува маскота на клубот е непознато, иако се смета дека тој решава да престане да биде маскота на клубот на крајот од сезоната 1962/63. Тој направил кам-бек на финалето од ЛШ (тогашен Куп на Шампионите) и од тогаш го снемува иако тој продолжил да навива за клубот до крајот на животот.

Франк Хилтон и Рони МекВилијамс исто така одредено време го заменувале Џек Ајронс. Маскотите потоа биле исфрлени од употреба поради напливот на хулиганизам во англискиот и британскиот фудбал.

6. Fred the Red (Црвениот Фред) - 1994 - до денес

Нема потреба од поголемо објаснување за оваа маскота. Секој фан на Јунајтед доволно добро е запознат со нејзиниот изглед и задачите кои ги има пред, во текот и по завршувањето на мечевите на клубот на домашен терен.


П.С. Рака ми отпадна од пишување :smir:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Каков Руни со Баерн бе, само филмови може да си праиме!
Колку и да сакам да сум оптимист за мечот во среда, тоа неиграње на Руни може да се покаже како кобно. Не велам дека сè зависи од него, ама со него едноставно сме многу подобри. Шансите според мене се 60:40 или 65:35 за Баерн, знам дека 2:1 не е голема предност, ама сега им се враќаат Роббен10 и Швајнштајгер, тимскиот дух им е на повисоко ниво, го добија мечот на сезоната во Бундеслигата со Шалке, кај нас обратно, почнавме да си редиме порази со 2:1.
Единствено Олд Трафорд... Тоа ни е спасот. Ама џабе ќе предвидуваме некои работи, во среда сè е можно, можно е животна партија да пружат оние од кои најмалку очекуваш, можно е да ги декласираме, најголеми шанси има судијата да заебе целиот двомеч. :)icon_lol:)
Ајде нека дојде веќе таа среда.

BELIEVE!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom