Меѓународна возачка дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата macedon89
  • Време на започнување Време на започнување
Во АМСМ, 800 денари, одма ти ја праат мислам, ама мислам ако имаш од новите не ти треба. Сепак не сум сигурен за ова.
 
Кај се вади? Во АМСМ или во Здружение на возачи? Ај ако вадел некој нека пише како оди процесот.
Постоеше веќе ваква тема, ги споив двете. Прочитај погоре, можеби го има одговорот што го бараш...
 
Кај се вади? Во АМСМ или во Здружение на возачи? Ај ако вадел некој нека пише како оди процесот.

http://www.amsmstp.mk/megunarodni_dokumenti.html

Потребни документи
- 2 фотографии (45мм x 35 мм) - документ за идентификација (лична карта или пасош)
- национална возачка дозвола

Важност
3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

Цена
- 845,00 МКД

Продажни места
АМСМ СТП Центар (24 часа), АМСМ СТП Чаир и АМСМ СТП Велес,
Авто-Мото Друштва во Македонија,
Граничен премин Богородица (24 часа) и МТВ

Повеќе информации
02 / 3181-142
02 / 3181-181
contact@amsmstp.mk
 
За во Америка да не знае некој каква треба? Да вадам од новите или меѓународна? ( за две богами не давам пари)
 
За во Америка да не знае некој каква треба? Да вадам од новите или меѓународна? ( за две богами не давам пари)
http://www.iadc-world.com/UN_convention.htm Овде се земјите членки кои ја потпишаа конвенцијата во 1968 година. Америка е еден од тие, значи извади си меѓународна, ќе ти треба.
 
Дали може да се донесе автомобил од странство без меѓународна возачка дозвола (само со нашиве биометриски) ?
 
http://www.amsmstp.mk/megunarodni_dokumenti.html

Потребни документи
- 2 фотографии (45мм x 35 мм) - документ за идентификација (лична карта или пасош)
- национална возачка дозвола

Важност
3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

Цена
- 845,00 МКД

Продажни места
АМСМ СТП Центар (24 часа), АМСМ СТП Чаир и АМСМ СТП Велес,
Авто-Мото Друштва во Македонија,
Граничен премин Богородица (24 часа) и МТВ

Повеќе информации
02 / 3181-142
02 / 3181-181
contact@amsmstp.mk
Важноста ја одредува земјата каде ке се употребува возачката. Законите на таа земја владеат над овој од АМСМ, така да може да важи околу 6 месеци обично, пример во Германија е така.
 
Под работење 24 часа, на преминот Богородица на канцеларијата на АМСМ, се подразбира и Недела така ? :D
 
http://www.iadc-world.com/UN_convention.htm Овде се земјите членки кои ја потпишаа конвенцијата во 1968 година. Америка е еден од тие, значи извади си меѓународна, ќе ти треба.
Тоа со конвенцијата е релативна работа. мене досега никој во странство не ми побарал Меѓународна, дури 1993, кога одев во Турција на одмор , пртед Ајвалик ме запра полиција и ми бараше да ја види националната, таа мегународната ми ја фрли назад во кола не ја ни отвори... 1994 не бркаше полиција во Турција, со ротациони светла, 2 коли бевме, не престигна и не сопра, само пасоши , возачки и сообраќајна, не бараа меѓународна..а може да ти ја бара некој на граница (наш или граничен службеник од ех-ју државите, Блгарија или Албанија) или во изузетен случај некој цајкан ако бара мито , па бара се по ред, ги брои сигурносните игли и фластерите во комплетот за прва помош...
 
Во кое МВР се вади потврдата за немање забрана на возачката дозвола? И тоа го бараат сега (ко да имаме малку процедури у живот)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom