ЗНАЧИ ЕВОЛУЦИЈАТА НЕЕ ВЕЌЕ ТЕОРИЈА ТУКУ ФАКТ
Па уште од 50-тите години на минатиот век се гради научната основа на еволуцијата. Минатите 100 години се темелеле исклучиво на Дарвиновата претстава за природната селекција, борбата за опстанок и адаптивноста. Денес, механизмот на природна селекција е надополнет со откритијата во генетиката (почнувајќи со Мендел, па до Ватсон и Крик) за наследувањето, менливоста (мутабилноста) и причините поради кои доаѓа до менливоста. Со развојот ан екологијата се создадени механизмите на: генетска случајност (дрифт), миграција и излоација (алопатричка, симпатричка и сексуална). Сите нови механизми (од изминативе 50 години) се поврзуваат со Дарвин и ја градат модерната еволуциска синтеза заснована на научни факти!