Интересно, стално кога ќе се појават вакви "откритија", некако ме мачат некои прашања.
Прво, како за некои 10, 20 или 50% остатоци од целосно суштество од пред неколку милиони години се знае со сигурност дури и кој му бил заболекар, дали имал сифилис, шеќер, расипан заб, а голем број скорешни убиства остануваат неразјаснети...имаат проблем при пронаоѓање на исчезнати особи или откривање на причинител за смртта...и слични проблеми со кои се соочуваат соодветните институции. Да не спомнувам сеуште големи неиспитани пространства на земјата...едноставно знаеме се за пред 2-3 милиони години, а скоро ништо (1-2%) за дното на океаните.
Друго, зошто се даваат толкави средства за нешто од пред 5-10 милиони години, а не го знаеме ниту она што ни е над очите и во нас? Или до нас како енергија, плазма, друга димензија...кој ги финансира овие истражувања и кој раководи со приоритетите во распределба на проекти, средства, ресурси...
Можда е ептен надвор од тема ама...ме интересира целта...и потрошените пари за овие истражувања