Убаво пишал смекси .. биди оној кој што си.
Поголема грешка од ова - амин.
Тоа звучи убаво само на муабет, ама во реалност никоаш нема да сќариш цура ако се понашаш со неа како што се понашаш по дома.
Замисли да излезете на састанак и да земеш да си вадиш руда од носот или да си брцаш со пенкалцето у уво или да си ги издрапаш онака убаво мадињата или одма у старт да и воочиш дека имаш комплекс на нижа вредност пошто од дома ко мал не те сакале.
Да земеш да јадеш со прсти или да пцуеш ко кочијаш или да кажеш гласно колку ги мразиш циганчињата што те напињаат дур просат, иако знаеш дека она сочувствува со нив.
Be yourself важи за понатаму во врската, кога веќе ќе бидете сто години заедно и ќе почнете да си ги запознавате сите маани и кога ќе вреди да се обиде да те прифати каков што си.
Ама дур да се фати на мамецот, биди тоа што она сака да бидеш.
После може ќе се разочара, па ќе раскинете, ама може и да си легне на брашното де, па да испадне нешто од целиот муабет.
Ако сака да ја смееш, биди духовит; ако сака да си чувствителен, збори и за кутрите напуштени кутренца; ако ја интересира политика, пљукај по власта и опозицијата. Примерите се бесконечни.
Нема формула како да сќариш девојче, ама правилото дека мораш да ставиш маска на почетокот важи за секој меѓучовечки однос, од пријателство, до професионална соработка, па се до љубовна врска.
А изненадувачки е колку кај голем дел од женската популација пали и следново...
Зашто дискутирате, кога сите знаеме кој метод е најефективен кај мажите за да ја привлечат девојката: не ја мавај од к*р. Ете.
:tv: