Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Donnie Darko ....za mene vlegva vo top 10 filmovi na site vreminja....

"When you sleep, you don`t control your dream. I like to dive into a dream world that I've made, a world I chose and that I have complete control over." - David Lynch

--- надополнето ---

"When you sleep, you don`t control your dream. I like to dive into a dream world that I've made, a world I chose and that I have complete control over." - David Lynch
 
Donnie Darko ќе дојде на ред набрзо во темата без спојлери така да можете да се штедите малку за таму :)
 
Black swan (2010)

Значи го изгледав Black Swan.... хмммм:)
Се гледаше дека Мила Кунис е само олицетворение на темната страна на Нина - Натали Портман, уште од времето кога оваа фантазираше како оваа преспала кај неа. Живеејќи во такви стриктни услови, мораше некако да ја изрази својата темна страна. Уште од претходно знаеме дека била мазохистка, сега нашла на која личност може да ја рефлектира својата темна страна и да ја користи во своите мазохистички и лезбејски фантазии(Мила Кунис). Како што Edward Norton во Fight club ја изразуваше својата агресивна и револуционерна страна преку Brad Pitt...со таа разлика што тој воопшто не ни познаваше во својот живот некој со тој лик на Бред Пит. Во овој случај факт е дека оваа Мила Кунис не беше виновна ни половина од тоа што оваа Нина го проектираше на неа во својата параноја.
Факт е дека крвта од нејзиното тело е реална...
Она уствари на крај рече дека се осеќа совршено бидејќи успеа да го победи внатрешниот непријател ваљдa. Успеа конечно и надворешно (преку своето однесување, а не при спиење или сл)да стане личност што е збир од 2 спротиставени личности....

Аљоооо спојлерииии!!!!!!!!!!!!
Некој не го гледал....:nesvest:
 
Кој не го гледал ако разбере нешто од ова... :)
 
Wanna bet?

Океј ајде и да не сфати, на пола приказна ќе му проработи кликерот.
Закриј го, колку да сме на сигурната страна. :)
Ја ставив нешто во спојлер, ама читајќи го текстов откако го имам гледано филмов, цела рецензија би ја ставила во спојлер...:)
 
Ја имам едно прашање за лебедот, ама не сакав тогаш кога беше во ек дискусијата за да не ја одвлечкаме во неважен правец, како тотемот во инсепшн :)

Значи: (Тежок спојлер, крајот на филмот)
Натали е облечена како белиот лебед кога се прободува со стаклото. Потоа се пресоблекува како црниот лебед, ја игра улогата. Се враќа, се пресоблекува како белиот лебед. Мила Кунис и тропа на врата, и тек после тоа оваа сваќа дека самата себе се прободила со стаклото.
Како е могуќе да ги измени костумите без да го забележи стаклото во неа, а патем во второто облекување на белиот костум стаклото си легнува таман на отворот без мака :)
 
Ја имам уште поинтересно прашање:
Како може од толкава рана, на бел костим да прокрвариш тек откако ќе изиграш на сцена..:)
 
Па она веќе беше прободена во белиот костим, а тоа шо не приметува и Ротбарт кога игра со неа ја фаќа за стомак, ја дига у вис држејќи ја за половина, и нема крв на рацете, така сметам смрта нејзина беше метафорична смрт на белиот лебед. Крвта, како и другата крв во филмот е имагинарна.
 
Ја имам уште поинтересно прашање:
Како може од толкава рана, на бел костим да прокрвариш тек откако ќе изиграш на сцена..:)

Ееее тоа е прашањето за милион долари :)
 
Ја имам уште поинтересно прашање:
Како може од толкава рана, на бел костим да прокрвариш тек откако ќе изиграш на сцена..:)
Лошо беше изведено сето тоа:
ете не е проблем кога ќе прокрвари, туку ако се сеќаваш ептен на крајот: прво има огромна црвена дамка, потоа доаѓаат балерините, сите и честитаат, никоја не приметува, и одеднаш после 100 години Мила Кунис вика WTF??? :)
Ми одговара објаснувањето на Дарлинг дека можеби е се имагинарно.
И кога сме тука, невидено брза реакција на Дарлинг, кога ли успеа да види за што пишуваме :pos:
 
tumblr_lg7tisvPtu1qdvu40o1_400.gif

п.с. Сака некој сценарио?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom