Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Адам Сандлер и не е толку лош. Ама Џек Блек ич не можам да го сварам. На пандата и Ice Age барем не го гледав него...
Е овај да. Ептен ми е одбивен и дебилен.

А Сендлер има добри филмој, Click и 50 first dates ми се бендисват. Speaking of, се мислев преѓе дали да го гледам Bed time stories, вреди?
 
I

Intex

Гостин
Да се надоврзам на муабетот за комичарите.
Као демек Џим Кери нема исти лик во сите негови комедии. Ама затоа во неколкуте драми каде има глумено, едноставно растура.
Значи, комичарите ценете ги по драмите во кои глумат, не комедиите.:)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Iceboy, за вкус се работи. Мене воопшто не ми се допаѓа човеков како комедијант, од една едноставна причина,воопшто не ме смее. Еве Болиглава има наборјано неколку наслови, меѓу кои и Waterboy. После тој филм јас го отпишав Сендлер како комичар, филмот едвај поднесов да го гледам 20 минути со надеж дека ќе ми се засвиѓа, ама шуќур не бидна.
Абе да добро сфаќам јас дека за вкусови не се дискутира, ама незнам ептен му се нафрливте на човекот.
Click, 50 first dates, Bedtime Stories, Waterboy и уште многу други ми се стварно добри филмови.
Ама добро пак ќе кажам за вкусови не се расправа така да... :)
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
За разлика од вас, Џек Блек го сметам за одличен актер/музичар. Tenacious D in The Pick of Destiny - класика! School of Rock, Year One, Nacho Libre, The Holiday...сите ми се гледани по неколку пати.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да се надоврзам на муабетот за комичарите.
Као демек Џим Кери нема исти лик во сите негови комедии. Ама затоа во неколкуте драми каде има глумено, едноставно растура.
Значи, комичарите ценете ги по драмите во кои глумат, не комедиите.:)
Ова е многу дискутабилна работа. Не може комичар да не го ценам според комедиите. Јас сметам дека комедијата е една од најтешките жанрови, за човек да ја одигра и пренесе треба огромен талент. Ако пак добро одигрува и драми тогаш е класа актер. Џим Кери е токму таков и неверојатно го ценам. И далеку од тоа дека глуми исти ликови, на пример Ејс Вентура, Маска, Глупав и поглупав, се се тоа различни улоги, додади ја и улогата во Yes Man и добиваш одличен комичар. Си има и он утки, ама не се страшни, за да фрлат сенка на неговата кариера.
 
T

Tetro

Гостин
Requiem for a dream, го немаш гледано? Исто од Аронофски е. Ако го немаш гледано, имаш моја препорака.
Прво треба да се гледа Pi, па после Requiem for a dream, трет Fountain, па на крајот Black Swan. Има многу поврзани сцени помеѓу трите филма, исклучок е Фонтана, каде што има сосема различна приказна.
Да не ви ставам спојлери на темава, поздрав до Zeegerman со сцените во метрото. :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Iceboy, за вкус се работи. Мене воопшто не ми се допаѓа човеков како комедијант, од една едноставна причина,воопшто не ме смее. Еве Болиглава има наборјано неколку наслови, меѓу кои и Waterboy. После тој филм јас го отпишав Сендлер како комичар, филмот едвај поднесов да го гледам 20 минути со надеж дека ќе ми се засвиѓа, ама шуќур не бидна.
Anger management, Big daddy, Happy Gilmore, 50 first dates, сите се филмишта. Адам Сандлер е закон бре.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Anger management, Big daddy, Happy Gilmore, 50 first dates, сите се филмишта. Адам Сандлер е закон бре.
Сеа да не претеруваме, од солиден ништо повеќе не е, исто така далеку од филмишта се набројаните.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Сеа да не претеруваме, од солиден ништо повеќе не е, исто така далеку од филмишта се набројаните.
Ех, за мене се навистина филмишта. На Big daddy се скинував рикајќи као мала, а 50 first dates покрај 10 things I hate about you е единствениот мој омилен романтичен филм. Anger management исто така ми е закон филм, ама да бидам реална, тоа е појше ради Џек Николсон неголи Адам Сендлер.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Адам Сендлер ми е на исто ниво со Бен Стилер и Роб Шнајдер.
Имаат добри комедии, кои не ми се смешни поради некакви нивни комични способности, него повеќе поради сценариото. Адам Сендлер ич не ми е смешен на пр. кога ќе почне да се издерава или понаша како ретардиран :) , него поради ситуацијата у која ќе се најде.

За разлика од Џим Кери на пр., кој ќе направи некоја фаца или движење и ќе се скинеш од смеење. Башка има некој шарм (за разлика од тројцава што ги спомнав), симпатичен актер/комичар е (барем мене), како на пр. Еди Марфи на времето, Стив Мартин, Чеви Чејс, Лесли Нилсен, Џин Вајлдер, итн...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Anger management, Big daddy, Happy Gilmore, 50 first dates, сите се филмишта. Адам Сандлер е закон бре.
Срце, ако овие филмови се филмишта тогаш ја сум у заблуда цел свој живот...:)
Филмиште е V for Vendetta, Гладијатор, такви мити филмови, ако класифицираш комедија под филмиште тогаш стварно имаме различен вкус.
Али пак ќе си кажам, за вкусови тешко оди дебата..:)
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
^ Што V for Vendetta не го стави на дискусија а? :ne_zboram
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Срце, ако овие филмови се филмишта тогаш ја сум у заблуда цел свој живот...:)
Филмиште е V for Vendetta, Гладијатор, такви мити филмови, ако класифицираш комедија под филмиште тогаш стварно имаме различен вкус.
Али пак ќе си кажам, за вкусови тешко оди дебата..:)
Чим не оди дебата што ме цитираш?
За мене се филмишта, не реков дека мора да се за сите. За тебе е Прајмал фиар филмиште, тука се слагаме. Ти дефинирај за тебе кои се филмишта, ја за мене и готово, нема зошто да се надмудруваме, секако нема да ми го смениш вкусот.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Чим не оди дебата што ме цитираш?
За мене се филмишта, не реков дека мора да се за сите. За тебе е Прајмал фиар филмиште, тука се слагаме. Ти дефинирај за тебе кои се филмишта, ја за мене и готово, нема зошто да се надмудруваме, секако нема да ми го смениш вкусот.
Бев цитирана од твоја страна затоа мислев дека си е ред да одговорам.
Полека не мора толку жустро на нерв да се мава...:)
За вкус менување скраја да е, намерата па ич не ми беше таква.

--- надополнето ---

^ Што V for Vendetta не го стави на дискусија а? :ne_zboram
Мислиш на темата во која дебатираме без спојлери? Ќе дојде и тој на ред, добра предлог е во секој случај за дебата..:)))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom