SALT е просечен филм, мене ме бендиса фактот што жена реши да глуми улога која дотогаш ја толкуваа само мажи. Иначе далеку од тоа дека е некој врвен дострел, баш пишував дека од филмов не треба да се имаат преголеми очекувања. Овие рамбо филмови, тешко дека можат да продуцираат којзнае каков квалитет. За мене се Океј се додека не ми се досадни. Е за жал, овој со Дензел ми беше здодевен. Во суштина една работа, не може да го вади филмот ( тоа е во случајот е глумата на Дензел, кој секогаш си е на ниво, мада може и да му се замери дека во главно го повторува својот лик на неколку пати).
Иначе Анџелина после SALT, дефинитивно треба да ги батали пиштолите. ..

Wanted, е последен нејзин филм кај што улогата на хероина која тепа се живо и диво е прилично импресивна. Да ја глумеше SALT, како придружен лик во некој друг филм, веројатно ќе ми беше смешно. Но пак велам, филмов ми се допадна само заради тоа што жена е главна улога и крши кичми..

Едно табу во Холивуд е скршено.
П.С: Тачно за вкусови се работи...:smir: