Diary of a Wimpy Kid 7
детски тинејџерски филм, добар е за смеење. направен е според истоимената книга која оди во неколку продолженија.
Грег е петтооделенец кој започнува со middle school во филмов, најдобар другар му е раули. Грег сака да стане познат во неговото школо и да го има во годишната книга(кај нас извештај што го викаат) и еден ден да биде познат низ целиот свет, ама работите не му одат баш добро.
Easy A 9
Исто тинејџерски филм, комедија.
Девојкава е незабележлива, се додека еден викенд не остане сама дома и измисли приказна дека била со некој постар дечко и дека не е веќе девица.
Неколку луѓе ќе дознаат дека лаже, некои ќе ја оговараат дека е тешка курва(замислете од еднашка). Проблемот е што она не го направила тоа ни еднаш, па оние кои дознаваат дека лаже бараат услуга, да лаже дека спиела и со нив, за да добијат репутација кај другите.
Band of brothers 10
подолго време сакам да го гледам лимитот не ми дозволуваше. Серијал од 10 епизоди, од режисерите на Saving private Ryan.
Филмов е за сите љубители на воени филмови. Се работи за Easy Company, воена ескадрила тренирана специјално за денот д и за инвазијата над германија. Тргаат сите заедно, низ текот на десетте епизоди се прикажува како се гледаат меѓу себе и како успеваат да преживеат, исто така има многу кои загинуваат во текот на војната. секоја епизода започнува со коментар на вистинските војници од easy company, од оние кои преживеале. филмов е нешто што не смеете да го пропуштите, оние кои го имаат гледано знаат за што зборувам.
The social Network
6
Го гледав поради оценките што му ги давале во препораки за филмови, мене не ме воодушеви до толку, според мене просечен филм.
Марк цукерберг, неговото крадење на идеи и местење на пријатели за да се пикне, сето тоа прикриено со премногу зборување, штета што браќата не беа македонци, инаку марк забите во чаша ќе си ги носеше уште првиот пат кога ја објави нивната идеја.
Despicable Me 7
Убав филм, ги сакам анимираните, и овој како сите останати е убав за гледање и опуштање.
Лошиот Гру сака да ја украде месечината, како врв на крадењето, во меѓувреме мора да ги посвои трите девојчиња за да го оствари планот. успат ќе се поврзе со нив и ќе ги засака. фамилијарен филм што би рекле американците.
Toy Story 3 6
мислам дека на сите ни е доста од тој стори. испаднаа многу повеќе анимирани филмови и го избришаа филмов од сцената, нека остане во историјата како еден од најдобрите, немора дополнително да го уништуваат.
Приказната е дека детето порасна(му го забораив името) и сега играчките мораат да се фрлат, и за да не се фрлат, ги носат во дом за деца.
harry potter and the deathly hallows 8
Ако има слика од книгата, не е тоа битното.
Битно е дека филмот е добар и продолжува таму каде што запра, единствено лошо е што дури во јуни иде продолжението, па мора да се чека за целосен ефект од него.
Во овој дел Хари почнува да ги бара Хоркруксите за да го уништи волдеморт, хермиона и рон му помагаат. Волдеморт го бара најјакото стапче на светот за да го уништи Хари.