I
Intex
Гостин
ЕлОЕл (или LOL). Не беше тоа намемето за табе туку за оние шо киснат во подфорум религија и се препукуват таму по цел ден. Обично не идат наваму но јас да си забележам, можи ќе зашета некој.
Како не го полудеа, на крајот го потегна пиштолот (можи не беше баш пиштол не се сеќавам најдобро, ама стигна до степен на самоубиство). Туку така тоа му дојда, а?
Дупчалка беше, не пиштол, ама не е ни битно тоа. Ја повлече и не умре. Шо ти кажува тоа? Како јас што го разбирам ... сфати како да се `излечи`, а да не умре. Со помош на што сфати? Успеа да погледне во божественото ... т.е. откривањето на бројот.
Едно, не се знае дали го најде бројот, поверојатно е дека не го најде. Друго, кој вели дека тој клучен универзален број е „бројот на господ“, оти да го објасниме со господ. Можеби тој бројот е таа добитна комбинација од која трганло се. Нели се вели дека од некакви си огромен милион на комбинации една била таа добитна и настанал Биг бенгот. Многу теории, многу прашња, многу малку одговори. Режисрот сеуште неможи да си земи за слобода да одговара на овие прашања. Во филмот бројот е само симболика, причина за тие повисоките да те бркаат за нивна корист.
Ама сите потврдија дека го најде.
Го објаснува редот во хаосот, т.е. точната комбинација за да се случи создавањето, а создавањето не биднало туку-така. Се кршат базичните закони на физиката со Биг Бенгот ако не употребиме надворешен фактор.
