Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Признај дека остана без текст и не можеше да ја напишеш :)
Да, останав без текст, но можев да напишам. :) Филмот е прекрасен, јас верувам дека ако напишам два реда ќе го скршам „слаткото“ на оној што ќе го гледа :)
Просто невероватно нешто. Одамна не ми привлекол филм вакво внимание.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Тоа му зборев на psy, викам филмов изглеа ко да немало шо да праат и си рекле дај еден филм ќе снимаме...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.603
Јас не знам зошто упорно снимаат... пари направија, со слава се стекнаа, или нека снимаат нешто саглам или нека уживаат на некоја плажа или планина... Можеби за нив (Де Ниро и Пачино) е добар рецептот на Мајкл Кејн, кој во последно време се појавува во филмови во неколку сцени. Без некој посебен напор а сепак нема да се избламира ако филмот не чини. Имаше снимено еден филм во кој е главна улога лани, сега му заборавив име, ама доста пристоен филм беше. А овие двајцата како да се натпреваруваат кој ќе се појави во полош филм. Мислам дека после оној заедничкиот Righteous Kill требаше да си се пензионираат одма.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Дечки ај брзо ако има некој онлине кажете дали вреди да го симнам филмов Judgment at Nuremberg (1961)...или поарен е тој од 2000год со Алек Болдвин ???
 
T

Tetro

Гостин
Дечки ај брзо ако има некој онлине кажете дали вреди да го симнам филмов Judgment at Nuremberg (1961)...или поарен е тој од 2000год со Алек Болдвин ???
Јас би го симнал постариот, со оглед на тоа дека секогаш кога гледам од поновите римејк филмови ми е исто ко да гледам некоја комедија, анимирана. :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Јас не знам зошто упорно снимаат... пари направија, со слава се стекнаа, или нека снимаат нешто саглам или нека уживаат на некоја плажа или планина... Можеби за нив (Де Ниро и Пачино) е добар рецептот на Мајкл Кејн, кој во последно време се појавува во филмови во неколку сцени. Без некој посебен напор а сепак нема да се избламира ако филмот не чини. Имаше снимено еден филм во кој е главна улога лани, сега му заборавив име, ама доста пристоен филм беше. А овие двајцата како да се натпреваруваат кој ќе се појави во полош филм. Мислам дека после оној заедничкиот Righteous Kill требаше да си се пензионираат одма.
Ваљда мислиш на Harry Brown.

Малце офтопиќ пошо неможам да ја најдам темата -што има интересно на тв,поради 1000 теми отворени во последно време.

Чисто информативно сабота во нулу нула часот на а1 по незнам кој пат на нашиве тв(читај а1 или сител) е Se7en,се разбира гледајте го само ако го имате надминато лимитот и го немате никогаш гледано(ради рекламите).Ма да 5 % од форумов макс. го немаат гледано.

еден од ретките ѕверски филмови што се вртел/врти по нашиве телевизии...друг не помнам
 
T

Tetro

Гостин
12 angry men
Ауу добар филм. 9/10. И овој е стар, црно-бел е, али јас првпат го гледав. И мислам дека треба да претставува пример дека добар филм може да се направи со малку пари. 90% од филмот се одвива во една соба. Се работи за 12 поротници кои треба да одлучат дали ќе осудат едно дете на смрт за убиство. На почетокот 11 гласаат guilty, a 1 not guilty. Но, заедно ќе почнат да го истражуваат убиството и да наоѓаат многу мали несогласувања. Инаку, вистината на крај нее се открива, дали момчето го извршило убиството или не.
И ај некој ако знае, зошто тој едниот на крај почна да плаче?
Го немав гледано одамна филмот. Го ископав вечерва и решив пак да го гледам, па по пребарувањето ја најдов твојата рецензија и да ти одговорам на прашањето:

Во филмот, некаде на средина, истиот човек започнува да објаснува како го тепал синот додека бил млад. А овој му вратил некаде на 16 години, и после тоа избегал од дома. Дека го немал видено повеќе од две години.....блаблабла
Додека глумеше цврст карактер, на крајот веќе пукна, кога ја искина сликата од синот (може таа би била и единствената која ја има од него), па затоа заплака, па после преку солзи прифати да им се придружи на другите. :)
Инаку филмот е перфекција, од мене чиста висока 10-ка/10
Моментално гледам дека го зазема високото 8-мо место на имдб топ 250
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Гледајте го и римејкот, на 12 Angry Men многу е добар блиску до оргиналот!


Не ми се веруваше деоа ова некогаш ќе го речам за римејк ама стварно е одлично обработен, со екстра кастинг!





Боби[Мкд];3946469 напиша:


Одамна немав пишено рецензија, а имав гледано многу добри филмчиња.


Ама овој е. :pos::pos::pos:

The mother of all ергенски вечери...

9\10 must see. :)
Doug:Tracy did mention we shouldn't let him gamble. Or drink too much.
Phil: Jesus, he's like a gremlin. Comes with instructions and shit.
:pos:
Overrated :(
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Гледајте го и римејкот, на 12 Angry Men многу е добар блиску до оргиналот!


Не ми се веруваше деоа ова некогаш ќе го речам за римејк ама стварно е одлично обработен, со екстра кастинг!
По твоја препорака ако не се лажам кога коментиравме на овој филм пред извесно време го гледав римејкот, и навистина останав пријатно изненаден.
Не отстапиле многу од оригиналното сценарио, можеби е адаптирано во неговата најдобра верзија и ми се допаѓа тоа што карактерите се подобро дефинирани, но со оглед на тоа дека оригиналот од 1957 е ниско буџетен и сниман за само 17 дена за мене останува ремек дело.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom