Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Ма пилот, 2, 3 епизоди,... ако не ми е по укус, ако не ти ''кликне'' сeријана - џабе. Aко треба да поминам низ цела сезона, ехее...не фала. :)
Затоа ја батaлив The X Files, на пример. Добри се само епизодите со ванземаљците, кога би се состоела само од тие епизоди, би била супер серијата. А вака, една сезона има 24 епизоди на пример, 4 се со ванземаљци, треба да гледаш 20 безвезе (лошо напишани, смислени) епизоди со вампири, Јети, вукодлаци, не-знам-што. Затоа и вториот филм беше ѓубре. :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492

Печен си ти за Twilight Zone :)
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Печен си ти за Twilight Zone :)
Twilight Zone порано ја даваа на некоја од нашиве телевизии, многу ми се свиѓа(ше). Чека на ред, со "Night Gallery" и "Alfred Hitchcock Presents". Воедно да прашам, дали ги гледал некој овие 2 серии? "Tales from the Crypt" ја завршив, моментално ја гледам Футурама, искочи 6. сезона. :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Twilight Zone порано ја даваа на некоја од нашиве телевизии, многу ми се свиѓа(ше). Чека на ред, со "Night Gallery" и "Alfred Hitchcock Presents". "Tales from the Crypt" ја завршив, моментално ја гледам Футурама, искочи 6. сезона. :)
Одлична листа си направил, додај ја таму Американ Готик, одлична е :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Machete

Да не ве лажел Госпо да го гледате овај филм. Поголемо срање не сум гледал во животот. Искрено, филмот го спуштив само заради то , шо Стивен Сигал прв пат е поразен во некој филм :), па ме интересираше како ќе изгледа то :). И на таја сцена морав да чекам сат и 40 минути.

Како и да е, катастрофа од филм. Не можам да сфатам како Де Ниро се нафатил да глуми во ваква глупост. Па и не само Де Ниро, тука се и Џесика Алба, Лохан итн.

Just one word, disaster

0/10 , да можи и негативно би дал
Се сложувам потполно.Го форсираа го форсираа,и како по некое непишано правило,сите форсирани филмови за мене, обично се разочарување.
Многу интересен тренд стана воа.Ставаш од 3 до 5 глумци со реноме,и ке направиш некое глупо акционо филмче како Мачете.Вајда тоа е некој нов тренд јбг
а и требаше поасално дупење да има,шом акциониот дел беше безврска :)
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Заслужува место овде на форумот како режисер, а заслужуваат и неговите дела да се спомнат.
Милош Форман мене ми е еден од омилените режисери, навистина единствена личност со голема режисерска имагинација и уметничка креативност. Роден е во Прага, неговите родители умираат во фашистички логор во Германија, Аушвиц. Стурира режија во Прага, а за време на инвазијата во Чешка се преселува во Америка каде што сега живее и работи.
Негово прво дело кое вреди да се спомне е Loves of a Blonde слатко-горчлива приказна за довојка која работи во фабрика за чевли во едно мало градче. Сосема случајно запознава млад пијанист во кој ќе се заљуби. По една помината вечер тој ја остава и заминува, а таа тргнува во потрага по него. Навистина смешен на моменти тажен и реален филм за потрагата по љубовта.
One Flew Over the Cuckoo's Nest е мастерпис на Форман. Се работи за човек аутсајдер и криминалес кој само за да ја избегне затворската казна влегува во ментално поправна институција...Што би можел да кажам за филмот што веќе не е кажано, совршена глума, совршено изградени карактери болно мрачна приказна кој не верувам дека би останал некој рамнодушен, најдоброто нешто за филмот е што е прикажан толку реално, што навистина не е тешко да се поверува дека тоа можеби и навистина се случува. На моменти од филмот се смеев, а на моменти имав кнедла во грло навистина вреди да се погледне.
Hair sex, drogs, rock n' roll vs. war :). Бријлијантно филмуван периодот на 60тите и 70тите години. Немам што многу да кажам за филмот е за љубителите на тој период и хипи движењето. Одличен саундтрак, интересна костимографија и реална приказна.
Ragtime инзвонредна драма филмувана на почетоците на 20век доста тежок период во Америка во кој владее расизам и насилство. Се работи за млад црнец пијанист кој сака да се пробие како музичар во тоа време. Одлична приказна за човечката истрајност и гордост.
Amadeus уште еден мастерпис на Форман. Раскажува за биографијата на Моцарт преку очите на неговиот најголем ривал во тоа време Антонио Салиери кој биографијата на Моцарт ја раскажува на еден свештеник. Навистина оглична костимографија и одлично сценарио.

За The People vs. Larry Flynt, Man on the Moon и Goya's Ghosts во некоја наредна прилика морам да одам :)
 
outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
I’m here (shоrt film) 2010 год.

„I’m here“ е краток филм во жанрот романса со научно фантастика или во овој случај со научно фантастична база. Трае 30 минути (подолу е презентирана целата верзија за слободно гледање од овде) и ни отсликува еден алтерантивен свет каде што роботите би живееле меѓу луѓето, со еднакви (или приближно еднакви) права. Тие имаат еднакво чувство за љубовта како и ние, а нивниот различен начин за справување со неа и за тоа колку повеќе делови од себе (за разлика од нас) можат да подарат во љубовта, ни е прикажано во инзворедниот краток филм на Spike Jonze – „I’m here“. Филмот е креиран оваа година (2010-та), и во ОВА [линк] видео се прикажани деталите и движењето на проектот.
Овде не можам да го ставам видеото од целиот филм, па кој го бендисува еве му линк за директно гледање: http://bit.ly/do0M5d

Пријатно уживање во филмот! =)
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Јоу ,го гледал некој Due Date ? Како ви се чини филмот , гркот (Zach) интересен ли е како што беше и во Hangover ? Очекувам многу смеење од филмот...

Ако има некој љубезен член да ми прати по Приватна Порака некој добар торент , да ме утепаш не можам да најдам торент , повеќето торенти за филмчево се некој измами.

И да не има некој информација дали ќе се прикажува овој новиов Harry Potter во нашиве кина ,би требало нели ?
 
Член од
30 октомври 2009
Мислења
363
Поени од реакции
261

Мислам дека уште нема добра снимка од филмов, подобро да почекаш нешто добро кога ке излезе..
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Го симнав и го гледав.
Ќе кажам само неколку работи.

Глумата на дечкото ми беше фантастична!
Во овој дел, има многу повеќе емоции за разлика од претходниот.
Имаше моменти што ги сакав, што беа непредвидливи.
Се на се, најверојатно поради големите очекувања малку и ме разочара.

Ајде ќе чекам некој друг да го гледа па да се оформи добра дискусија.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Го има ли гледано некој продолжението?
Какви се впечатоците?

Јас го немам гледано се уште затоа што не можам да најдам ниеден торент за да го симнам, ако има некој нека ми прати ПП.

Не можев да најдам ниту една тема слична на оваа па затоа се решив да отворам.
Ако може некој од модераторите/админите да ја премести темава, малку ја утнав работата. Благодариме :)
А што се друже ти замараш да прашуваш едни други, земи симни си го или позајми го од ппријател изгледај го сат време и ќути си. Мора ли да гледаш филм ако ти некој каже дека е добар? или ако на некој сајт има оцена над 8/10 :Р
 
I

Intex

Гостин
Размислував нешто за Инсепшн, и преценети филмови, и дојдов до American History X.
Само јас мислам дека е преценет на IMDb? Јесте, добра драма, покажува дека сите сме исти, и уникатни, почит на другите, самопочит, бла бла, ама ми фали некој wow! елемент. И Нортон е ѕверка во филмот, и другиот Едвард (не му го знам презимето) е одличен, ама ...
Некој се согласува со мене?
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
245
Поени од реакции
12

Јас не се слагам. Филмот ги покажува двете страни на животот, добрата и лошата. Исто така покажува дека луѓето може да се сменат и да тргнат по вистинскиот правец, односно да почнат нов живот. Е сега има последици, сигурно нема да биде лесно да се живее со такво минато. Инаку за глумата немам зборови се е на највисоко ниво, и режија исто. Незнам што си очекувал од филмот според мене е на заслужено место.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Размислував нешто за Инсепшн, и преценети филмови, и дојдов до American History X.
Само јас мислам дека е преценет на IMDb? Јесте, добра драма, покажува дека сите сме исти, и уникатни, почит на другите, самопочит, бла бла, ама ми фали некој wow! елемент. И Нортон е ѕверка во филмот, и другиот Едвард (не му го знам презимето) е одличен, ама ...
Некој се согласува со мене?
Јас не се согласувам. Филмот е ремек дело од секој аспект. Од сценарио, глума , приказ.... Прикажува две спротивности во животот. Впрочем ми се допаѓа заради реалноста. И токму тоа го сметам за голем WOW елемент. Им го плесна проблемот на Американците во лице и они аплаудираа на него. Затоа го сметам за еден од најдобрите филмови кои ги имам гледано. Суровата реалност и сегрегацијата се прикажани во вистинско светло. Општеството не ти дава да го смениш мислењето и мораш да се бориш кај со себе, па и со другите. Додади на тоа одлична актерска екипа и имаш филмско ремек дело.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.607
Размислував нешто за Инсепшн, и преценети филмови, и дојдов до American History X.
Само јас мислам дека е преценет на IMDb? Јесте, добра драма, покажува дека сите сме исти, и уникатни, почит на другите, самопочит, бла бла, ама ми фали некој wow! елемент. И Нортон е ѕверка во филмот, и другиот Едвард (не му го знам презимето) е одличен, ама ...
Некој се согласува со мене?
И јас не се согласувам, филмот е над просекот, кога сме кај филмови на тема расна омраза дефинитивно еден од најдобрите и прилично различен од другите. И Нортон е звер, каква трансформација има во филмот... Другиот е Фурлонг, малиот што глумеше во T2.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom