Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не е здраво ова шо го прајт Бејл.
Оно и тебе да ти понудат милиончиња,не знам дали нема да ја држиш диетата.Тоа нека трае некое време,а после Бејл ке мпже да се најаде и за Машинист и за овој филм хехехе
 
http://www.imdb.com/title/tt0964517/
Е ова го чекам како премиера меѓу неколку други филмови.
Мислам дека Кристијан Бејл нема да ме разочара, повторно направил трансформација на која актериве можат да позавидат.Самата слика кажува се...:)
balefighterBAR_450x599.jpg



Добро бе, шо прави Бејл? Кој посветен актер е само. Од жеден убиец во Амерички Психо, до шизофреник во Машинистот, за до милионерот во Бетмен. Секоја чест.
Оно и тебе да ти понудат милиончиња,не знам дали нема да ја држиш диетата.Тоа нека трае некое време,а после Бејл ке мпже да се најаде и за Машинист и за овој филм хехехе
Сите добиваат милиончиња, па не се посветуваат толку многу. Ликот би можел да помине и без тоа, ама кога го работи Бејл, го тера до совршенство.
 
Оно и тебе да ти понудат милиончиња,не знам дали нема да ја држиш диетата.Тоа нека трае некое време,а после Бејл ке мпже да се најаде и за Машинист и за овој филм хехехе

Toa ти е посветеност. Дури и режисерот се плашел за него, не да му нуди миљиончиња како мотиватор да слабее.
Сака да долови најубаво улогата. Е сега, кога некој што мести светла само, му уништо сцената, оправдано е oва..


:icon_bigg
 
Tоа ти се вика вистински професионалец!!
 
Еден од подобрите актери без сомнеж.Се соживува со улогите на најдобар можен начин.Не е тип на актер,кој шо има само една фацијална експресија и со таа "мине" низ филмовите.Знае убаво да се вклопи во карактерот на ликот.Баш посветеност нема што,а богами и роден талент !
 
Затоа Бејл ми е еден од најомилените актери, таман ќе помисли човек дека направил апсолутна трансформација, тој ќе изненади со нова. Значи има играни улоги од Исус Христос, до војник, до психо и сите се на ниво. Кога го видов на сликава се запрепастив..:)
 
Ех, Бејл. :)

Equilibrium, Terminator: Salvation, Reign of Fire, Batman 1/2 и Public Enemies.
Што имаат овие филмови заедничко?

Па, имаат исти главен лик!
Само различен пасош има, ова име де. :)
Ме импресионира во The Prestige, ама не е дотолку версатилен актер. Мора да му ја погодиш улогата. Што, да речеме, не е карактеристика за Џони Дип.

Него, друг ми е муабетов овде што сакам да го свртам.
Мора под итно да се дадат новите Џејмс Бонд филмови на режисеров на "The A-Team" (2010). Фала курцу еден одличен филм во поглед на хемија на екран (океј, освен Џесика), акција и хумор. Затоа и биле интересни филмовите со Бонд, пример - возење кола со Ериксон тач-скрин мобилен. Новиов А-тим има
летање на тенк и одбивање куршуми со перки на хеликоптер.

Ми прекурчи веќе со медиокритетот на Бонд, па и Бетмен и Ајрон-Мен филмовите. Кога ги гледаш, се осеќаш како ова да е само вовед, а во следниот дел ќе има адреналинска и луда акција. И така ќе останеш да чекаш само...
 
Него, друг ми е муабетов овде што сакам да го свртам.
Мора под итно да се дадат новите Џејмс Бонд филмови на режисеров на "The A-Team" (2010). Фала курцу еден одличен филм во поглед на хемија на екран (океј, освен Џесика), акција и хумор.

Не ми ја вреѓај Џесика :star:
 
Вреди бе А-тимов да се гледа? Некако серијата ми е при срце, и дали некој љубител на истата, го гледал па да каже како е што е.
 
Вреди бе А-тимов да се гледа? Некако серијата ми е при срце, и дали некој љубител на истата, го гледал па да каже како е што е.

Вреди, одличен е, гледај го.
 
The Elephant Man

Прегледај го приврзокот 35730

Не знам како не сум го гледал вој филм претходно.Стварно прекрасен филм.
Anthony Hopkins во главна улога и John Hurt.
Се работи за доктор,којшто случајно открива еден случај на човек со тежок физички деформитет.Толку тежок деформитет што луѓе даваат пари за да видат таков фрик.Докторов го згрижува во болницата да го испита,да види дали може да се излечи,самиот запрепастен од условите во кои живее и начинот на којшто се понашаат спрема него.
Филмов носи длабока морална порака на многу убав и прецизен начин објаснета.Го препорачувам на тие што сакаат да гледаат и малку поинаков филм од тие филмови на кои сме "навикнати" да ги гледаме.
Од мене оценка 10(една од ретките :smir:)

Eдно од двете емотивни и пред се прекрасно доловени/режирани и се разбира драми кои имаат голем импакт на гледачот. Се поврзуваш со карактерите многу лесно, (сочуствуваш со нив) истите имаат страшно добро прикажана градба и комплексност што ретко се гледа. Филмови кои обработуваат една сосема поразлична тематика со оглед на претходните дела на големиот Линч. Ако ти се допадна овој погледни го и The Straight Story.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom