Засега не сум имала потреба од диети и некакви слабеења.
Ако сум почуствувала дека имам вишок килце кое што мене лично ми смета само ќе намалам со исхраната количински и нема да вечерам. А оние диети или таканаречени гладувања не ги разбирам. Диетата не е нејадење како што поголемиот број а посебно тинејџерите мислат и прават, диетата е здрав начин на исхрана.
Имам пробано само едни аpчиња од божен козметик кои што ги забрзуваат метаболизмот и божем се топиш (како да не) и се на природна база, но тоа беше колку од мерак да видам што како, а не од потреба што сум имала. И нема ништо спас ако човекот јаде постојано џабе се апчињата.
Единствено нешто што признавам за слабеење е здрава исхрана, јадење во нормални количини и вежбање и само вежбање. Е тоа ценам и почитувам.
А не некои апчиња, диета на Стојко, диета на Трајко, кафе на тој, чај на овој ... не фала (би пробала може еднаш два пати од љубопитност ај
)