Животот е мојот филм - Кампања на Владата на Р. Македонија

Од return to innocence рекламата ова го најдов
не ја памтам ваква рекламата..поинаква беше
 
Само колку не си во право. Да знаеше секој значи никој немаше да се дрогира.

И за парите не си баш во право. Државава гради споменици околу кои мали деца ќе се вртат и ќе молат за леб. Нели е апсурдно? А капмањите против дрога и не се до толку скапи.

Во 21 век секој има интернет и информации од прва рака, не викам дека се лоши фимовите, ама поентата на некои од нив е тотално без врска, нејсе, тоа со спомениците ми е преку глава да го коментирам, тоа е врвот нели, на идиотизмот.
A ако се мисли тогаш на оние кои немаат интернет и денар, а сакаат да се дрогираат (на пример ромите) тогаш ќе следи и "Бронза или лепак филм ви прикажува"?? Страшно.
 
Мене лично, многу ми се допаѓа што конечно некој мисли на се во државава. Не дека не можам да најдам и стотици пропусти...можам, ама добро е што недостатоците некој ги слуша и ја пренасочува енергијата на нивно решавање. Сепак, не секој проблем е решлив.
 
Познавам другар што прекина да се дрогира после рекламиве!

FALSE.

Може нема некој да престане да се дрогира, но може некој што сака да почне, ќе му поминат слики низ глава њали?
Мора со нешто да се обиде човек нели? Подобро да има некои клипови, превенции бла бла отколку ништо да не се прави :)
 
Општо познат феномен у Македонија е тоа :)
"...подобро одколку ништо да не се прави"
 
Во 21 век секој има интернет и информации од прва рака, не викам дека се лоши фимовите, ама поентата на некои од нив е тотално без врска, нејсе, тоа со спомениците ми е преку глава да го коментирам, тоа е врвот нели, на идиотизмот.
A ако се мисли тогаш на оние кои немаат интернет и денар, а сакаат да се дрогираат (на пример ромите) тогаш ќе следи и "Бронза или лепак филм ви прикажува"?? Страшно.

Dick... dicks... дискрр.. ДИСКРИМИНАЦИЈА!

:nenene:

Рекламите се стварно многу добро направени, предобро. Сигурно убаво се биле и платени. Гледам кампањава не се заснова само на видео записите, него низ школите делеле флаери, да не речам книвчиња од "Животот е мојот филм".

Замерки баш и немам, скоро се е претставено баш како што е, од прекрасно како преминува во хаос, кога не се знае за граница.
 
Општо познат феномен у Македонија е тоа :)
"...подобро одколку ништо да не се прави"

Не во Македонија е феномен- ништо да не се прави, да се фаќа сеири и „да му умре козата на комшијата„ А да... И најбитното- да се плука на се :)

Дете бев од петто одделение кога во училиште имавме некој си проект околу борба против дрогата. Баравме податоци, слушавме предавања, истражувавме, слушнавме некои лични приказни... И баш дојдовме во близок допир што може да ти направи дрогата. И ни се врежа тоа некако во свест. И имаше влијание :)
 
Не во Македонија е феномен- ништо да не се прави, да се фаќа сеири и „да му умре козата на комшијата„

:oftopic:
така беше до пред некое време, ама сега е "да умре комшијата, да му ја земам козата", веруј.
 
Ги гледав клипчињата на јутуб и мое мислење е дека се одлични! За такви работи и не ми е жал што се даваат пари.
П.С. Со хероинот некако мислам дека е најдобро, најјезиво, барем мене ми беше.
 
Рекламите се стварно многу добро направени, предобро. Сигурно убаво се биле и платени. Гледам кампањава не се заснова само на видео записите, него низ школите делеле флаери, да не речам книвчиња од "Животот е мојот филм".

Замерки баш и немам, скоро се е претставено баш како што е, од прекрасно како преминува во хаос, кога не се знае за граница.

Да како што кажа ни даваа „книвчиња“ на кои се објаснети дрогиве, нивните последици, како да препознаете човек кој користи одреден тип на дрога итн, и да напишам само еден цитат:

Во Република Македонија помеѓу 20.000 и 30.000 млади луѓе користат разни психотропни супстанции, а од нив 6.000 до 8.000 лица се зависни од хероин

Сигурно оваа бројка е далеку поголема во Македонија ама сигурно дупло, и една мини статистика во светот околу 8 милиони употребуваат хероин, марихуана пушат 141 милион, а лекови за смирување 227 милиони што се стварно преголеми бројка.
 
Ги гледав клипчињата на јутуб и мое мислење е дека се одлични! За такви работи и не ми е жал што се даваат пари.
П.С. Со хероинот некако мислам дека е најдобро, најјезиво, барем мене ми беше.

Аха добра е малата. Особено во спотов

Може и вака да гласи кампањата-хероиннот не те прави кул. Наместо тоа снимај нискоквалитетна музика со прооросписки спотови.
 
Аха добра е малата. Особено во спотов

Може и вака да гласи кампањата-хероиннот не те прави кул. Наместо тоа снимај нискоквалитетна музика со прооросписки спотови.

Таа е во тој за екстази, во тој за хероин е друга една актерка. :) :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom