Животот е мојот филм - Кампања на Владата на Р. Македонија

M

marsovka

Гостин
Има ли други центри за лечење зависности ширум Македонија?
до сега само се споменува тој од кисела вода сеа пребарувам само статии од весници ми искачаат и цело време се збори за и околу тој центар у кисела вода

Жими се ќе ги запалам овие од владата морони вратија пари за градење на центри , ко од хорор филм пишува дека се центрите искрено никад неам стапнатато (фала богу не сум имала потреба ниту јас ниту некој близок )
Мислам дека еден период сакааа истиве овие душегрижници кои сеа грижат за нашава младина да не застрани да го криминилизираат саттусот корисник на дрога и директно без терапија зависнициве да ги праќаат у затвор. не знам дали законот пројде пошто имаше бајаги силни реакции бидејќи со сила ги втурнуваа во магичен круг да не смеат да побарат помош...

Ми оди да ги исплукам така гадно ... лицемерни педери, тешки педери. у душа педери
Колец у гз за нив е лекот
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.200
Поени од реакции
81.303
Почнав да ги гледам и прекинав после спотот за марихуана.

Ме потсети на американските пропагандни анти-хемп филмови од првата половина на минатиот век. Имено, во еден црно-бел таков филм, кој укажува на опасностите од пушење марихуана, имаше човек кој веднаш по пушењето, почна да вреска како улав и да скока наоколу, по што се залета и скокна од кров, се самоуби.
Навистина, реално и потресно...

Веројатно може во полициските евиденции да се дознае колку престапници кои украле ташна и сл., тоа го направиле под дејство на марихуана. Или уште посмешно, колку возачи кои се фатени додека возеле опасно и пребрзо, тоа го направиле под дејство на марихуана.

...а под дејство на алкохол?

Анти-дрога кампањите денес треба да бидат подржани со вистинити податоци и факти за штетните последици од злоупотребата на дрогите, а не да бидат поставени врз основа на лаги. Самите оние на кои им е наменета пропагандата полна со небулози, нема да ја прифатат, затоа што ова не е 1938 година, туку ера на информациона кулминација.

Да, од занаетски аспект, филмот е добро режиран.
 
П

Паган-др

Гостин
Добри се рекламите, секоја чест, само и мене ми фати око филмот за марихуаната. Малце е преувеличена работата.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
6000 се САМО регистрарани, за жал таа бројка е минимум двојно поголема.
2 пати?
Црната бројка е 10 до 100 пати поголема од онаа, на регистрирани.


Онтопик:

Ќе бидам искрен, а затоа и осудуван.
За нешто да те смени, треба да те погоди. Треба да те фати во тесно, да те натера да размислиш.
Реклами, од ваков тип, ќе те погодат само ако се пронајдеш во нив, само така ќе го укључиш мозокот и ќе сватиш дека праиш беља.
Да бидам реален, и искрен, рекламата за марихуана си ја изглеав ко да глеам извадок од Happy Tree Friends, онака, лагано и спонтано, и ко за финиш, и се изнасмеав. Тоа е реклама, што мене како рекративен корисник на канабис ќе ми остане во меморија како една добро испродуцирана снимка со лошо реализирана убава идеја.
Никој кој дува не се пронаоѓа во таква реклаама, а поради тоа целата замисла на рекламата паѓа во вода.
Сума сумаре, џабе фрлени пари за не ефективна лажна пропаганда, која требало да биде поучна.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Има ли други центри за лечење зависности ширум Македонија?
Во Охрид има еден, наспроти детска градинка е.
Иако малку е чудно дечињата да ги гледаат чичковците како бладаат наспроти нив, досега немало некои инциденти или да им засмета,така да сосема ок е.

Инаку он: кампањава добра е, замислата и сето тоа,ама како што рече marsovka би било подобро да ги инвестираат да поднаправат уш некој центар за лечење,пошо секој ден шо е зборот слушам некој нов наркоман во Охрид.
За тие шо не конзумираат дрога, убав начин да не заплашат и да се подзамислиме дали би пробале дрога.
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Супер се имат добар филм и порака. Тоа клипо со марихуаната претерале . Инаку за поздрав е ваквата кампанја а за бројката од 6000 е многу мала.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Еве една добра анализа на рекламиве
Хехе ако за авторов е пропаганда кампања против дрога слободно нека му контрира на Грујо и за инат нека ги истестира ефектите од овие дроги за да го докаже спротивното. И да, секако дека се претерани "рекламите", зашто кога човек има строго изграден став против одредено прашање тогаш знае да претстави малку искривена слика како и самиот автор што прави со владата. Точно е дека за глупости се трошат пари и не ограбуваат со огромни казни, ама да кажеш дека според некое си истражување, екстази е побезопасно од кока кола со цел да добиеш плус еден аргумент и малку подолг текст е крајно глупо.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Генерално сум против кампањи, ме асоцираат на американскиот бреин контрол систем. Незадоволен народ мора некако да се контролира. Пре сум за скандинавскиот- дај им работа и социјална безбедност и точка.
Наркоманија има секаде, безразлика дали е развиена или неразвиена земја. Не мислам дека кампањите ќе сменат нешто. Има филмови и филмови со зависници и не ми текнува нешто да смениле.

Во врска со центрите за зависници марсовка што ги спомна, и да ги има, перална на пари се. Служат да делење на метадон, ништо друго. Нема психијатар, психолог, помош за ресоцијализација. Има ама не си ја вршат работата. Исто е ко во државна болница, кога има метадон-кога нема. И кога има се чува за пријатели или за некој што минатиот пат им донел 100 грама кафе.
И на плоштад да отворат таков центар, нема да има фајде. Кај нас етикета си е етикета и во очи на народ и во очи на лекар.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Добри, но премногу јаки.

Рекламите имаат поента и реално ја пренесуваат пораката, но проблематиката е малку почувстителна и искрено на ми се допаѓа премногу јакиот начин на кој е пренесена пораката.

Знаете, убаво е некоја реклама да те добре со пораката за да ти влезе во глава, ама во овој случај имаме нешто што допира а истовремено мислам дека ги надминува границите на она што треба а што не треба да се емитува на ТВ.
 
M

marsovka

Гостин
"MDMA [ecstasy] is "on the bottom of the scale of harm", and was rated to be of lesser concern than alcohol, tobacco, as well as several classes of prescription medications, when examining the harmfulness of twenty popular recreational drugs. The UK study placed great weight on the risk for acute physical harm, the propensity for physical and psychological dependency on the drug, and the negative familial and societal impacts of the drug. Based on these factors, the study placed MDMA at number 18 in the list of 20 popular drugs."
od blogot koj go dade jonny :nesum:
мислам ало?!
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Хехе ако за авторов е пропаганда кампања против дрога слободно нека му контрира на Грујо и за инат нека ги истестира ефектите од овие дроги за да го докаже спротивното. И да, секако дека се претерани "рекламите", зашто кога човек има строго изграден став против одредено прашање тогаш знае да претстави малку искривена слика како и самиот автор што прави со владата. Точно е дека за глупости се трошат пари и не ограбуваат со огромни казни, ама да кажеш дека според некое си истражување, екстази е побезопасно од кока кола со цел да добиеш плус еден аргумент и малку подолг текст е крајно глупо.
Навистина не знам дали е така зошто авторот на блогот нема оставено линк од UK Council for Medical Research до конкретниот текст но сепак во целина анализата ја доловува поентата.
Од една страна имаме пропаганда зошто за да биде едукативна кампања треба релевантни типови да произнесат мислење околу оваа проблематика зошто вака според понуденото излегува дека секој што оди на рејв забава веќе спие со смртта и не ги познава вистинските вредности на општеството и како таква пропаганда уште повеќе ги зацврстува стереотипите на одредена група на популацијата за која е и намената.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
За мене рекламиве се и повеќе од добри.

Само едно нешто... јас ги немам видено на телевизија. Ги даваат?
Треба секоја телевизија да има бесплатно емитување на овие реклами.

Јас сум најголем противник на дрогата, она што ја уништува денешнава младина, баш како што е спомнато во сите овие клипови сакаш забава и ете на крај што ќе добиеш, убаво е да научат младите да им речат на своите "фини и дружељубиви" пријатели НЕ.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
За да се згазам од смеење...
Смеј си се слободно, ако е до толку смешно.
И пафкај си ако сакаш додека ги гледаш клиповиве. Твој живот твое право.

Погледни околу себе имаш слични примери како клиповиве. Ти доаѓа тогаш да се згазиш од смееш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom