Каде се изгуби желбата за партнер, каде се изгуби довербата... отворав теми слични на прашањава своевремено... ајде да се обидам и тука.
Не знам како беше порано, но сигурен сум дека денес егото на секој од нас го пробива плафонот. А со такво, од нас почнуваат како израстоци на чудовиште да се појавуваат во форма на рогови и лигави јазици некакви себични потреби, некои шеми и замисли кои не сме ги читале ни по најпривлечните руски бајки со паралела на најтврдите германски порно филмови... растат чудни психолошки бариери и се појавуваат чудни арогантни фаци од нас пропратени со саркастични коментари на сметка на соговорникот кои го растат егото, ги зголемуваат израстоците и ноктите кои веќе ни се гледаат на самото чело како нешто грозно грозно грозно, додека ние во фотошоп огледалото се гледаме како принцези и витези па линијата на толеранција се стеснува, линијата на блискост помеѓу две тела правоппропорционално од првата се шири и тогаш... неговото височество... алкохолот.
Сите сме убави, сите сме паметни, сите сме блиски. Hippie nation. Find fuck and forget. Па следното утро на пат кон работа ако не сте се плеснале со скоцканата девојка, тогаш сигурно се договарате во моментот на фејсбук, но нема да застанете да се поздравите, бидејќи немате намера да градите живот со таа личност.
Зошто се случува сево ова... по ѓаволите незнам, но претпоставувам дека е дел од глобалниот тренд, од неминовниот процес на модернизација, од стандардната шема на развој на планетата и општеството на неа, и можеби се прави оние кои велат дека е тоа нормално и дека така треба. Велам не се во право, дека така треба, и ќе се борам против тоа мислење... сам, против сите, и ќе бидам поразен сам. За да биде иронијата перфектна, јас сам ќе умрам во желбата за заедништво, а тие групно ќе ме победат со девизата “степски волк“.