Гратис Гушкање!

МадерФакер

Титл по моја желба
Член од
25 ноември 2009
Мислења
678
Поени од реакции
44
Луѓе, најпрвин да се извинам доколку темава е на погрешно место. Навистина не најдов соодветен подофрум за нејзе па затоа ја отворив во Општи муабети. Доколку не припаѓа овде слободно префрлете ја.

Целта на темава е да Ве известам дека од 20ти Февруари (сабота) повторно ќе се активира кампањата Гратис Гушкање. Значи се гушкаме од 13:00 до 15:00 (можеби ќе останеме и покасно доколку тоа ни го дозволат временските услови).

Голема гушка од Млади за Љубов, организатори на кампањата Гратис Гушкање. :)

Едит: ивентот на фејцбук: http://www.facebook.com/event.php?eid=314735453213&ref=mf :)
 
Прекрасна ми е иницијативава, полна со позитивна енергија. Ама дежурните хејтерчиња мораат да промрчат, пошо мислат дека така се кул. :tapp:
 
ова е како бесплатна франшиза земена од Америте :)

иначе се иам 2-3 пати гушкано со овие :wink:
 
Се гушкам само со луѓе кои нешто ми значат, затоа што е лично интимно нешто не може секоја будала да дојде да сака да ме гушне.....
 
Се гушкам само со луѓе кои нешто ми значат, затоа што е лично интимно нешто не може секоја будала да дојде да сака да ме гушне.....

Тоа е твое сфаќање. Некои како нас сакаат да ја подарат својата прегратка на оние на кои им е потребна. Тука сме за колку што можеме да направиме некои луѓе посреќни. :)
 
гушкајте се бе, незнаете како изгледа сида изгледа :vozbud:

Шала на страна, интересна идеа, но е фино за информираните.
Да ми дојде некој во град на плоштад и ме гушне, најверојатно ќе го етикирам или како издрогиран, или пијан, или ќорав. :)))
 
Прекрасна ми е иницијативава, полна со позитивна енергија. Ама дежурните хејтерчиња мораат да промрчат, пошо мислат дека така се кул. :tapp:

Хејтер? Хехе!

Јас само зборувам вистина. Да имаше вистинска ЉУБОВ овде кај овој народ (младината) немаше да сме во ваква ситуација...

За гушкање и љубов не треба да се чека нечија иницијатива туку тоа треба да се прави секој ден, ако се чуствува!

Ма преку глава ми е од ЕУ трендовите веќе...
 
Не мислев на тебе, општо за во реалниот живот зборев, не само за на форум. И да, се согласувам дека е трагично што луѓето бегаат од љубов, себично се затвараат во себе, не даваат, а не ни дозволуваат да примат љубов. Јас како го имам сфатено ова е само како потсеќање, како повик на луѓето да не забораваат да се сакаат и да се гушкаат и вредноста на една прегратка може многу да значи.

Инаку ова почнало кога еден човек се симнал од авион и немало кој да го гушне и да го пречека и земал табла и напишал free hugs за сите што немаат кој да ги пречека и гушне. Прво бил гледан чудно, потоа почнале сите да го гушкаат. :)

гушкајте се бе, незнаете како изгледа сида изгледа :vozbud:

Шала на страна, интересна идеа, но е фино за информираните.
Да ми дојде некој во град на плоштад и ме гушне, најверојатно ќе го етикирам или како издрогиран, или пијан, или ќорав. :)))

Па добро, си имаат они картони на кои пишува free hugs. :)
 
абе ова е кампања, со себе носат транспаренти... знам дека е малце педерски али можеш и со цура да си се гушнеш :smir:

пофилм е гушката со анонимни :wink:
 
Не мислев на тебе, општо за во реалниот живот зборев, не само за на форум. И да, се согласувам дека е трагично што луѓето бегаат од љубов, себично се затвараат во себе, не даваат, а не ни дозволуваат да примат љубов. Јас како го имам сфатено ова е само како потсеќање, како повик на луѓето да не забораваат да се сакаат и да се гушкаат и вредноста на една прегратка може многу да значи.

Се фино лепо но јас не обожавам вакви вештачки работи. Такви работи (гушкање и други поинтересни :) ) можат да се споделат само со тие што ни значат (значи со чуство) а не со некој турист (црнец од того) кој несакајќи се најдол на плоштад. Не треба такви акции за потсеќање, требит да се знае и да не се заборави.

Прво љубов по дома, па најблиските - додека "не стапи ова на сила" ќе нема и љубов кон светот.
 
Се фино лепо но јас не обожавам вакви вештачки работи. Такви работи (гушкање и други поинтересни :) ) можат да се споделат само со тие што ни значат (значи со чуство) а не со некој турист (црнец од того) кој несакајќи се најдол на плоштад.

Прво љубов по дома, па најблиските - додека "не стапи ова на сила" ќе нема и љубов кон светот.

Не велам дека не си во право, ама интересна е замислата. Инаку што се однесува до болдираното апсолутно се согласувам со тебе. :smir: Но љубовта не треба да се дели само со најблиските, треба да се дели со целиот свет. Љубовта е за да се дава несебично, а не да се чува.
 
Но љубовта не треба да се дели само со најблиските, треба да се дели со целиот свет. Љубовта е за да се дава несебично, а не да се чува.

Не треба да се дели само со најблиските но се почнува од нив спротивно од тоа нема да знаеш како да споделиш љубов или ЕУрогејското гушкање со светот.

Ах бре транзициско генерацијооо до кога ќе глумиме љубов?
 
Не верувам дека се глуми љубов, само е некаде длабокот поттисната од апатијата на луѓето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom