За сите љубители на Daewoo Tico

  • Креатор на темата Креатор на темата KamikazaGVG
  • Време на започнување Време на започнување
Tico веќе не се произведува, Matiz/Spark е неговиот наследник.

Мало можеби однадвор, но од внатре е друг филинг, доста просторна кола.

Плус, за паркирање е милина, а би рекол и за прегледност. Јас често ги менувам тикото и кордобата, па слободно можам да речам дека секој пат би избрал Тико за низ Скопје, него Кордобата.
Једини проблем се "силеџиите", оние кои ако видат тико/матиз и слична кола, едноставно мора да ја претицаат. Ми се случувало со 100ка да шибам поред Влада, а некој типац да развие и до 130, само да ме претица, пуст инат. :)
Јас пак имам фобија од мали коли. Побрзо ќе го паркирам караванот во должината на возилото + 50 цм, одколку некој малишан. Незнам зошто. А силеџиите, тоа им е работа бе. Потоа ќе го видиш закачен во автобус од ЈСП, на автобусот скршен штопот, а на силеџијата колата пола ја нема :)
 
Даево Тико ти е Чудо од машина :vozbud: Мало покретно - во град кај сакаш таму ке го паркираш - има мали гуми (Штеди воздух):pos2: - Ненормално е економичен и без проблем оди 150 до 160 :ija::ija::ija: само ветер да не дува :pos2::pos2::pos2:
 
Не бе нека дува ветер само одпозади :pos2:
 
Признај, ни две Бе-Ем-Виња не го мењаат. :))))))))

DSC004441.JPG

За воља на вистината имам и BMW (т.е на таткоми Е39) али тикце си е тикце ЗАКОН!!!! :):)
 
Ајде малце да ја освежам темава :)

дали се скапи деловите и одржувањето на тикото ?

колку троши реално гориво во град ?
 
Лично мое Tico немам.. меѓутоа имам возено едно доста долго бидејќи соседката е почетник возач во постари години и на истата донекаде сум и инструктор :) ..како и да е повеќе од доволно имам поминато во тоа возило за да дадам сопствени импресии за истото... потрошувачка (екстремно мала) за мотор со три цилиндри неверојатна издржливост и сосема доволно моќен за тоа возило... забрзување сосема солидно дури изненадувачко... добар менувач, добра управливост и добра прегледност.. муабетот за паркирање во Скопје веќе е направен... Интересен факт е што истото возило беше возено само на два клипа цел месец заради неисправен кабел од разводна капа до свеќица (жени и автомобили) ...После промена на кабелот се си е во најдобар ред... Изненадува возилото... сепак за некого е комплекс да вози толку мал автомобил... свашта... ќе ги видам за неколку години.. :)
 
Јас возев во авто школа пред 7 години и секогаш беше на E\.\......../F и ми беше страв.

„Перо (инструкторот), абе да ставиме бензин, да не ми изгасни?“
Ќе се погледнеше мрзливо, и само „Абе нема гајле има уште за 100км“

И вистина, никогаш не не остави а сме оделе на долги релации по 30км надвор, плус градска, плус полигон со сказалката речиси на E.
 
Имам чуено дека Тикото има преадаптриран мотор од чамец и дека всушност е конструирано да се вози во круг на поголеми фабрики, а подоцна е преуредено за во сообраќај.
 
Татко ми вози тико ,пред некоја година плинска му стави ,минимален трошок.Кога ке се сетам до Белград имаме одено .Е сеа ако дува ветер ,нема возење брзо :)
 
Тикото има многу квалитетен мотор. Таксистите направија по милион километри со нив. За моторот само најпофални зборови. Малечко количе, за вград таман.
 
Лично мое Tico немам.. меѓутоа имам возено едно доста долго бидејќи соседката е почетник возач во постари години и на истата донекаде сум и инструктор :) ..како и да е повеќе од доволно имам поминато во тоа возило за да дадам сопствени импресии за истото... потрошувачка (екстремно мала) за мотор со три цилиндри неверојатна издржливост и сосема доволно моќен за тоа возило... забрзување сосема солидно дури изненадувачко... добар менувач, добра управливост и добра прегледност.. муабетот за паркирање во Скопје веќе е направен... Интересен факт е што истото возило беше возено само на два клипа цел месец заради неисправен кабел од разводна капа до свеќица (жени и автомобили) ...После промена на кабелот се си е во најдобар ред... Изненадува возилото... сепак за некого е комплекс да вози толку мал автомобил... свашта... ќе ги видам за неколку години.. :)

Мало, мало однадвор, ама влези внатре ко у Мерцедес се осеќаш. :)
Просторно, прегледно и одлично за паркирање. Една од неколкуте коли кои треба да ги возат почетниците - за споредба кордобата со тикото ми е ко тенк кога ја возам, поготово прегледноста позади. :)
 
е дека баш е така мало сутра... како мурцедес.. нема грешка... инаку, за во скопје не доага до израз освен ако не си манијакално настроен за возење па да се пикаш мегу двете колони, нешто слично како што прават со веспите. мегутоа... за во другите градови кај што има еден куп тесни улички тикото е измислено за таму... можат дури и 2 да се разминат на место кај што една поголема со тешкотии проаѓа. мало, тесно, не комфорно но практично економично и лесно за одржување. е тоа би била во неколку збора описната реченица за него. инаку имам возено тико, според килажата што ја има моторот се понаша како звер (иако е 3 клипен) и вади еден чуден звик на веш машина кога центирифугира.

да од палетата на даеву возилата има многу коли кои се направени за во круговите на фабриките... межу нив е и тико, дамаз (оние комбенцата кибритчиња) и некои такви, кои стварно се направени за функционирање низ фабриките и да ги возат мали и жути а не за некој како јас од 2 метра. даеву дамазот (инаку комплетно тико подвозје буквално се е исто) го возев скоро 3 години, и тоа е чудо од минијатура на комбе. носи потполно исти мотор како тикото, трошеше 7 литри градска, а еднаш поради дефект на големото комбе, морав во куманово да идам со него товарен со 8 РАДИЈАТОРИ И ЦЕЛ АЛАТ за монтажа... си иде малото бе, нема заебанција, иако стигнав по малку укочен во куманово, на автопат под 120 не спушти...
 
Тико, мало, изненадувачки брзо, економично, практично, издржливо, некомфорно, и тотално небезбедно! Никад не би возел Тико, не дека го мразам али едноставно не е безбедно, за у град ај и кое-како али за на пат - НЕМА ШАНСИ ! ко тротинет е... :toe:
 
Сите позитивни коментари погоре ги подржувам, до Грција / Халкидики фамилиарно сум бил со тикцето, натрупано од секаде и вози гајле нема. Моите прошло лето до Албанија по тоа планините без банкини, по тоа врвоите без патишта беа со тикцето и не откажа. Тикцето трае луѓеее, колку повеќе го пазиш толку повеќе трае, абер нема да откаже моторот. Скопје и тико ти е како сапун и вода ехееееееј. Кога ќе ги снема тикцињава по скопје има да се раскажува за нив ко за југославија што се раскажува сеа. Инаку мене баш и не ме собира у тоа тикцето, ме собира де али као пинк пантер седам во него пред волан. За позади да не куцам, откоа пораснав позади веќе не се возам, само пред волан или совозачко седиште. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom