B
Borg_Drone
Гостин
Да збориме реално, ако имаше невработеност од 34 % до сега пола држава од глад ќе умреше,да не се правиме експерти многу многу.. реалната бројка е некаде околу 20% другото све се пријавува на биро ради сини картони..а има и многу на црно неосигурани.. али 34% невработеност НЕМА ШАНСА!
И тие што се пријавуваат на биро за плави картони ти ги сметаш за работници со средена состојба?!На тие „работници“ не им се плаќаат НИКАКВИ придонеси.Исто како да не се вработени, прашање е колку од тие работници редовно ја земаат својата плата, некои од нив по два месеци не се исплатени а и повеќе.И ти тоа го сметаш за работник. Е сега ќе ми рече некој од страна нешто во стилот: „Подобро и нешто да зема отколку ништо“.Од една страна да, но од друга немојте да мислите дека и на тие луѓе им е лесно, со четири или осум илјади денари плата не се преживува, или пак не се преживува така лесно со плата која ти ја цепкаат од месец на месец (пет илјади денари сега, па наредниот уште пет илјади). Такви примери има безброј.Да не се правиме сега наудрени тука.......
Одете вие школувајте деца, хранете фамилија, и плаќате сметки со пет илјади денари месечна плата.
Тоа не се работници, работник се знае што е.Тоа се амали.....