Колку им верувате на луѓето околу вас?

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.929
Поени од реакции
12.510
Само на 2-3 ца им верувам со кои ретко се гледам а на останатите воопшто не им верувам. СЕКОГАШ треба да се остави простор за сомнеж, никој не е таков како што изгледа а сум провалил вешти глумци абе злато на прв поглед, да можеш душата да им ја дадеш, довербата е ретка и опасна работа и ретко кој ја заслужува...
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
im veruvam samo na najbliskite, toa se nekoj 5-6 lica od pricina sto do sega mnogu pati se dokazale, a za site ostanati sekogas imam doza na rezerva bez razlika za sto se raboti
 
M

M del Mar

Гостин
Искуството ме натера да им верувам скоро ИЧ :icon_lol:
-Words are very unnecessary they can only do harm
У секој случај да сум имала блиска личност на која што сум и верувала и сум можела да и се доверам...едина личност на која што сум можела да и го кажам мојот живот од а-ш, но ја изгубив :(
Па така да сега верувам само во мене :icon_lol:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
море у денешно време секој гледа како да те искористи како да те заебе... било каков начин зло да ти направи.. си имам одредена група на луѓе околу мене на кои можам да им се доверам и на кои стварно им верувам.. инаку на тазе запознати или нестабилни личности не баш им верувам многу и многу...
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Не верувам на секого,но давам шанси.
Единствено безусловно можам да му верувам на моето семејство(па и поширокото)зошто сите сме воспитувани на меѓусебна почит и доверба,така да знам дека тие и после се,ќе бидат оние на кои секогаш можам да им верувам.
За пријатели ми треба време за да можам да им верувам во нинвата искреност и човечност пред се,а тие се 5-6 максимум кои ја знаат вистинската "јас".
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Им верувам, зошто да не? Само што многу малку се оние на кои што им верувам, а пак и на тие што им верувам можам за одредени нешта да им верува, не за се. Се, се сведува на моментот, искреноста, намерата и целта на оној на кого што треба да му верувам. Така и се обидувам да донесам заклучок на крај, али да верувам, али не.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ниту им верувам ниту не им верувам, сосема ми е сеедно со луѓе што не ги сакам вистински. Ок, не сосема сеедно, но во главно сеедно дали ме лажат или се искрени. Личноста што ја сакам, ни нејзе не и верувам баш, но многу повеќе од тоа, имам доверба во неа.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Ниту им верувам ниту не им верувам, сосема ми е сеедно со луѓе што не ги сакам вистински. Ок, не сосема сеедно, но во главно сеедно дали ме лажат или се искрени. Личноста што ја сакам, ни нејзе не и верувам баш, но многу повеќе од тоа, имам доверба во неа.
Ти си драг плијателу многу контрабанда :)
На тој што го сакаш-верувај му! Замисли да е искрен цело време а ти имаш чувства со резерва? Губиш многу! А ако не е искрена, Боже мој... Важно е чувствата да бидат интензивни. Сакај силно, пати достоинствено! (за не дај Боже) :)
На тема: јас по default верувам и не ни помислувам дека некој можеби ме мафта; обично си велам: па нема никаква причина да ме лаже! Ми се дешава често да испаднем поприличен тапчо и да испадне дека „не ги читам“ луѓето...
Па не сакам ни да се трудам да „читам помеѓу редови“! Зошто? Ако му е таква кармата, ке добие статус „не е интересен“ во мојата датотека, ама не се замарам...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ти си драг плијателу многу контрабанда :)
На тој што го сакаш-верувај му! Замисли да е искрен цело време а ти имаш чувства со резерва? Губиш многу! А ако не е искрена, Боже мој... Важно е чувствата да бидат интензивни. Сакај силно, пати достоинствено! (за не дај Боже) :)
Да не требаше сепак немам баш доверба но сепак и верувам... збунет ли сум? :) Не знам френд, дали се работи за одбранбен механизам кого можам да го средам или едноставно со време сум станал поладен и тука ништо не се може. Во секој случај се трудам да не се сомневам... Ма не не :)
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Не постоо човек шо може да му верувам, постоот само вистини у кои јас едноставно не сумњам! :smir:
 

~angela~

mladiot matematicar
Член од
29 август 2008
Мислења
226
Поени од реакции
25
Јас им верувам на тие што се докажале дека се спремни да ја имаат мојата доверба. Се докажале со нивната искреност и нивните дела. Но научив да не верувам на секој што го знам.
Им верувам на одредени луѓе затоа што знам дека кога зборуваат со мене не прикриваат.

Jas im veruvam na onie na koi sto sakam da im veruvam, no ako ednas me izneverat, ke im dadam vtora sansa, a so treta sansa neka se zboguvaat....inace Spaski kolku pati treba tebe nekoj na delo da ti dokaze deka ima doverba vo tebe, za ti da ja vozvratis???? i ne e samo nekoj drug da ti pokaze doverba treba i ti samiot da go napravis toa, inace ako drugiot ti iskaze doverba, mozda ti ne sakas, taa ne e obostrana i e bespolezna, taka gledaj od 2 strani
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
На луѓето претежно им верувам.Всушност и не се заморувам многу дали е вистина тоа што го кажуваат особено ако не ми е мене од некоја важност. Не гледам причина зошто некој би се трудел да ме лаже, освен во ситуации каде некој закашкал, е тоа се веќе посебни случаи...
Е ама не верувам во луѓето доволно.Секогаш се сомневам :/
Не дека се сметам за некоја исклучително способна личност, едноставно не можам да имам доверба во некој потполно.Верувам во себе и тоа со резерва, си оставам простор за разочарување, иако малку но сепак си оставам:pipi:
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Jas im veruvam na onie na koi sto sakam da im veruvam, no ako ednas me izneverat, ke im dadam vtora sansa, a so treta sansa neka se zboguvaat....inace Spaski kolku pati treba tebe nekoj na delo da ti dokaze deka ima doverba vo tebe, za ti da ja vozvratis???? i ne e samo nekoj drug da ti pokaze doverba treba i ti samiot da go napravis toa, inace ako drugiot ti iskaze doverba, mozda ti ne sakas, taa ne e obostrana i e bespolezna, taka gledaj od 2 strani
Па нормално дека го правам и јас тоа. Секогаш пробувам да покажам дека сум веродостоен и кредибилитетен тип.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Im veruvam na lugjeto okolu mene,zato i se okolu mene inace ne bi postoele ,no im veruvam vo odredeni granici,najpoveke veruvam na moite roditeli :pipi:
 
S

StereoLove

Гостин
Верував на роднините,на пријателите,на оние околу мене но повеке немам доверба во никој.Во последно време во сите ја губам довербата зашто многу пати се случувало да ме изневерат:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom