- Член од
- 6 јануари 2010
- Мислења
- 1.120
- Поени од реакции
- 104
А не функционира се на овој свет со немање доверба?Тогаш како можеш да опстојуваш во овој свет без доверба?
Сепак мора на некој да можеш да му веруваш, да се потпреш на него.
Не можеш да бидеш скептична за сé затоа што ако сите бидеме скептични за сé, до никаде нема да стигнеме.
Опстојувам така што се советувам самата кога е тоа потребно. Правам онака како што сметам дека треба да постапам, а она што сметам дека никој не треба да го знае, останува само за мене.
На потешкиот начин научив дека денес секој гледа да те заебе, и дека колку и да ти е близок, кога ќе му се пружи шанса, ќе те заебе, и ако му дадеш и втора шанса, пак ќе те заебе. Тоа е во нашата природа. Кај мене доверба се стекнува многу, многу тешко. И постои само една личност која има стекнато делумно доверба. Но, не и верувам и на таа личност. Имам доверба, но оставам простор и да бидам скептична. Поточно, таква сум за се. Не само кога станува збор за довербата.
Скептиците можат да опстанат, затоа што го немаат она што вие што верувате на се и сешто го имате - голема самодоверба.