Јас поставив прашање, повели дискутирај.
Можни ли се реформи во судот?
“Уставниот суд за тој период собори многу владини проекти и законски одредби, кои ги прогласи за неуставни - привремено ќе се забранат четири одредби од Законот за лустрацијата, потоа екстерното оценување, веронауката, изградбата на црквата на плоштадот, патриотските фискални сметки. Потоа беше поништена поделбата на Клиничкиот центар, одредбата за забрана за дополнителна работа на лекарите како неуставна и дискриминирачка, поништено е ограничувањето на вештачкото оплодување на државен трошок кај жените над 40 години. Беа укинати одредби од законот за употреба на знамињата на немнозинските заедници и уште многу други. Сите овие одлуки на Уставниот суд предизвикаа жестоки политички реакции. Некои од овие одлуки на Уставниот суд се почитуваат, а некои не - случајот со патриотските фискални сметки.
Следуваа обвинувања од Владата дека Уставниот суд е партиски диригиран од опозицијата и дека намерно ги кочи проектите и законите на Владата. Од друга страна, Уставниот суд се повикува на одредби од Уставот преку кои ги образложува своите одлуки.
Уставниот суд во моментов се препознава како институција што најмногу ги кочи реформските владини проекти со образложение дека се неуставни.’’
Дали некој знае колку судии се именувани за време на владеењето на СДСМ? Дали функциите се доживотни?
.