Редовна војска повторно?

SteF1z

Unique >)
Член од
14 јануари 2010
Мислења
25
Поени од реакции
4
@ Lurtz
Одличен коментар :)
Значи иако сум 16 години , за некој сум малоумен , или недораснат.
Искрено сакам да има повторно редовна војска, бидејќи ќе не научат на ред и дисциплина.
Како и што кажаа во претходните коментари , доколку дојде до вонредни ситуации нема доволно спемни војници за да се спротистават.
Неможе ние младите, цел век да се криеме позади постарите генерации, еден ден и нив ќе ги снема.

Според мене војската е добра организација.
1.Ќе те научат на ред и дисциплина.
2.Ќе знаеш да почитуваш и извршуваш команди.
3.Доколку дојде до несакани ситуации, ќе бидеш спремен да ја браниш саканата татковина
4.Во војската ќе се научиш да јадиш се, нема не го јадам ова, не сакам тоа и слично.
5.Со самото служење во војска се ојачуваш физички, и имаш поголем менталитет.
6.Плус имаш подобар физички изглед.

Исто така има и недоставоци во војската.
1.Сеуште се тренира и вежба по старите правила.
2.И како и секогаш , тие што имаат врска, можат да средат да не одат во редовна војска !
За жал тоа добро го знам, бидејќи секаде во Р.Македонија се случува тоа.

Бтв сакам да им кажам на претходните кои се бунеа во тоа дека не сакаат редовна војска.
Ќе ми објасни ли некој , зошто во цел свет има РЕДОВНА ВОЈСКА ?
Бидејќи војската е одлична организација која младите деца ќе ги научи на многу вештини.
И ќе ги обучи како да се справат во несакани ситуации.

Исто така доколку има елементарни непогоди, ние младите незнаеме како да се снајдеме.
Повеќе-то незнаат да држат 'лопата' a преку нет се многу силни и храбри.

Затоа да не бидиме загубени , туку да одиме редовна војска ( ЗА НАШЕ ДОБРО )
Се надевам дека со мојот пост никого не навредив.
Поздрав
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Бтв сакам да им кажам на претходните кои се бунеа во тоа дека не сакаат редовна војска.
Ќе ми објасни ли некој , зошто во цел свет има РЕДОВНА ВОЈСКА ?
Зошто сеуште има луѓе кои не ја немаат победено сопствената глупост, која всушност им е вистинскиот непријател.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Ќе ми објасни ли некој , зошто во цел свет има РЕДОВНА ВОЈСКА ?
Нема никој да ти го објасни тоа, пред се затоа што не е точно. :)

Еве ти во кои земји има задолжителна војска (или слична служба), црвените земји само:



Поголема
 

SteF1z

Unique >)
Член од
14 јануари 2010
Мислења
25
Поени од реакции
4
Нема никој да ти го објасни тоа, пред се затоа што не е точно. :)

Еве ти во кои земји има задолжителна војска (или слична служба), црвените земји само:



Поголема
Па и самиот гледаш дека во повеќе-то земји се служи редовна војска.
Бтв пред некое време читав, дека голем број на жени се пријавиле во Корејската војска.
Само не ја запамтив точната бројка.
Како и да е, за наше добро е редовната војска.
Доколку дојде до недоразбирање со Албанците ?
Ние не сме добро спремни да одговориме! За жал тоа е вистината..
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Па и самиот гледаш дека во повеќе-то земји се служи редовна војска.
Во повеќето неразвиени земји - да. И чат-пат по некоја развиена и напредна земја. Другите се свесни дека секој за војник не го бива. Еден професионален војник вреде колку 10 обични, ако не и повеќе. Е сега, убавото е следново: Кој сака, војска сеуште има - доброволна! Ем помалку трошок за државата, ем тие што се таму ќе бидат заинтересирани да научат и да се обучат. Прилично едноставно.
 
С

Спенсер

Гостин
Доколку дојде до недоразбирање со Албанците ?
Ние не сме добро спремни да одговориме! За жал тоа е вистината..
Па и да има редовна војска... истото ќе биде :) Неможе регрути со 3 месеци обука на фронт да ги праќаш. Редовната обука не треба да се сваќа-ако дојде до конфликт/војна-да има кој да не брани :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Те разбирам, ама сепак не е сеедно Македонија со 10.000 обучени професионални војници и Македонија со 1.500.000 воено способни и обучени граѓани. Ќе размисли било кој дали ќе тргне на Македонија во вториот случај.
За дисциплината не сакам ни да зборувам. Доволно е да се завртиме околу нас.

Во моментот, само за македонските војниците на странски мисии од интерес на САД, од нашиот Буџет месечно се двојат по еден милион евра. Годишно 12.
А повеќе луѓе годишно гинат од паѓање од магаре, отколку од терористички активности.
Разбираш дека тоа време заврши. Пак да се повторувам задолжително служење на воен рок НЕ Е исплатливо. Тие професионалци ќе бидат 100 пати пообучени и поопремени и поспремни отколку обичниот народ. Глобализацијата си го направи своето не сме моќни бре луѓе што се замишљате не ми е јасно како тоа ја гледате Македонија како земја која може да војува и да се брани во случај на напад? Денес војната се води позади сцена, војската е само марионета во никој случај земји како Македонија не се способни како што е јасно дека и многу поголеми сили не се способни да одржуваат војска и немаат никакво влијание врз случувањата. Додека постои САД и НАТО професионалците можат да се вклучуваат само во "мировни" мисии. На тој начин заработуваат и си имаат привилегии, нормално се професионалци тоа им е работа. Тоа е модерната војска и модерната идеологија за тоа како треба да функционира се друго е социјалистичка идеологија која заврши.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Затоа да не бидиме загубени , туку да одиме редовна војска ( ЗА НАШЕ ДОБРО )
Абе дете... Не е за твое добро, ниту за доброто на твоите, ниту за доброто на твојот народ. Се работи само за доброто на неколку чичковци кои не само што пет пари не даваат за твојот живот, туку ќе те натераат да го дадеш само за да го спасиш нивниот г'з.
Читај:
Денес војната се води позади сцена, војската е само марионета ...
Ќе пораснеш, па сам ќе сфатиш (се надевам).
За справување со елементарни непогоди.. Тоа можам да го научам и во пожарникари, нели?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Нема никој да ти го објасни тоа, пред се затоа што не е точно. :)

Еве ти во кои земји има задолжителна војска (или слична служба), црвените земји само:


Поголема
Ако ги гледаш строго разделени се со и без обавезна армија. Но ако навлезеш во нивните безбедносни системи ќе забележиш различни термини за едно те исто. На страна НАТО членките (тие имаат различен систем), другите имаат програми и сервиси кои го заменуваат поимот задолжителна војска. Пример
National service is the usual term for compulsory military service programmes in countries including Austria, Denmark, Germany, Greece, Guyana, Israel, Iran, Malaysia, Mexico, Norway, Finland, the Republic of China (Taiwan), Russia, Singapore, South Korea, Switzerland and Turkey. Conscription in the United States was called Selective Service and continued until 1973. Most NATO countries discontinued obligatory military service in the 1970s. Israel was the only country to conscript young women as well as young men for military service in the late 20th century.
За Индија
India has a separate programme called the National Service Scheme (NSS) in which students from primary level to graduate level participate. In some Indian colleges (like IITs), it is a compulsory part of curricula
Зависат од состојбите во земјата, членувањето и партнерството како и од и окружувањето (ИЗраел, Турција...).


Не е се баш така црно бело во воените, безбедносните и националните сервиси како што е прикажано на мапата. Сите се на некој начин организирани за во добро или зло (месец, три, година...), само ние некако као да живееме во свет без војни и без природни катастрофи.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Не е се баш така црно бело во воените, безбедносните и националните сервиси како што е прикажано на мапата. Сите се на некој начин организирани за во добро или зло (месец, три, година...), само ние некако као да живееме во свет без војни и без природни катастрофи.
Па добро, сега ова беше чисто за класична армија. Немам ништо против за некоја форма на тренинг, па макар и како курс за време на основно/средно образование. Може да се направи нешто такво, ама класична армија, конкретно за Македонија и другите минијатурни држави е бескорисна.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
За справување со елементарни непогоди.. Тоа можам да го научам и во пожарникари, нели?
Не можеш...у ствари можеш, но ќе ве има десетина а за поголеми проблеми со пошироки размери потребни се стотици раце кои делуваат како една, под команда, без многу размислување. Затоа и цивилните служби помагаат, но како ударна сила во разни неприлики се користи токму војската односно поголема организирана единица која нормално соработува и координира со другите (полиција, пожарна, С. за спасување...) како ли се викаа. Сум бил и на обука за пожарникари, пред едно 20-тина години.

Од друга страна зашто другите држави имаат воени единици кои не се нарекуваат редовна војска, но се нарекуваат национални сервиси или програми за обавезна обука...односно ја имаат истата функција облигаторни се и низ нив мора да поминат сите возрасни? Шо знам, нешто измеѓу, нешто скратена интензивна обука и служба... пошто државава нема нешто пари, а секогаш може да се јави потреба од обучен состав...резервен или редовен.
 
Член од
7 мај 2009
Мислења
710
Поени од реакции
55
Па и да има редовна војска... истото ќе биде :) Неможе регрути со 3 месеци обука на фронт да ги праќаш. Редовната обука не треба да се сваќа-ако дојде до конфликт/војна-да има кој да не брани :)
Не 3 месеци ја мислам дека треба да биде 1 година. После четврта средно полагаш матура се запишуваш на факлутет или не и одиш во војска...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
ме тераш да се повторувам што веќе сум напишал, ако си отслужил воен рок не значи дека си убиец пријателе, значи дека си обучен за зло време
ако неможеш да ја видиш поголемата цел прими искрено сочувство

--- надополнето ---


поздрави и честички очигледно меѓу мене и тебе дискусијата е исцрпена

--- надополнето ---


првото

ниту 2001 бевме русија ниту пак имаше илјадници искасапени лешеви, имаше само луѓе што храбро застанаа да ја бранат татковината и пички шо се пикнаа во глувчешка дупка за да не одат на фронт, и те молам ако ме цитираш задржи се на поделбава оти ако полемизираме за 2001 отидовме офсајд...овај ....офтопик

не е второто, ни јас немам мака со половиот идентитет, и немам намера тебе да ти го дефинирам зошто ти не спаѓаш во мојот домен :smir: во војска не се станува маж во полова смисла туку во издржлива и цврста смисла, место каде научуваш како полесно да се справиш со потешкотии, притисоци, ситуации во кои си се нашол не по твоја вина и т.н.
ако се сомневаш во половиот идентитет не одиш во војска туку одиш на геј круз, во војска одат и девојки ако не си запознаен, во војска одат луѓе со една цел - да станат војници, ма да многу ми е симптоматично што во секоја реченица и кај што треба и кај што не треба ја споменуваш половата несигурност, почна да се правдаш без никој да те праша за твојата полова дефинираност...
знаеш во војска коа одиш те прашуваат дали си спортист, дали имаш познавање од боречки вештини, дали си планинарел, дали имаш познавање од извидување, дали си ракувал со оружје....никој не те прашува дали си геј.....а сепак ти цело време си запнал во тоа
Како што утврдивме веќе, твоја желба и потреба е да се најдеш на место каде ќе има многу мажи,каде ќе спиеш,јадеш,пиеш...се тушираш со нив, а не моја, што значи дека е и твој проблем.Дали таму си станал маж и си научил дисциплина исто така е твој проблем.Некому е потребно одење на такво место, некому не, толку едноставно а толку тешко за разбирање...:)

Россијскаја армија стала рассадником гомосексуальној проституции и насилија

2001-ва како аргумент за редовна регрутна армија?
Реков јас, толку знаеш и ти, не си крив...:)
За дискусија е потребно многу повеќе од две три научени на памет реченици така да дискусија и нема да има.

Резервниот состав на мојата и уште неколку генерации наназад полека се осипува, а нови резерви не постојат. Како ќе се справуваме со вонредни ситуации? Кошта многу но...ние многу време трошевме вадејќи коли и автобуси од Рудник планина, копавме канали за телефони (сега би било истото за оптички, кабелски...). Колку за потсетување, на спасување во скопскиот земјотрес први пристапија (како најкондиционирани, најспретни) војниците. Скраја да е, Фукушима први притрчаа војниците и нивните специјалистички служби. Зашто? Затоа што функционираат на заповед и хиерархија во помали кон поголеми единици...за разлика од цивилите кои не би го знаеле ниту местото ниту командата од каде и на каде.
Сега е друг систем и други услови во кои е неизводливо сето тоа.
Има професионална армија која може да се активира во случај на непогоди, веднаш а не да се чекаат денови и недели да се соберат резервисти.
Освен тоа треба и активни синдикати, соодветна инфраструктура, ефикасност на администрација и многу други научно-фантастични ситуации за сето тоа да има некаква вредност, бидејќи не сме Јапонија, освен тоа резервистот кој оди да санира последици од поплава кога ќе се врати не знае дали работното место ќе е сеуште негово или не, така да реалноста е таа...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Сега е друг систем и други услови во кои е неизводливо сето тоа.
Тој проблем со овој систем е терсене не само за војска него и за други лични потреби. Уште кога имаше вежби и рез. состав, од фирмите не не пуштаа да идеме на вежба...или ќе изгубевме каква таква работа или не ни плаќаа.
Да, друг е системот и иако законот предвидуваше исплата на дневници или ослободување од работа. Законот не се поштуваше...но тоа е ...стогодишна транзиција.

Недајбоже нешто да затреба...никој нема да знае што да прави и кај да оди, као муви без глава ќе бидеме. А сличните служби во оние горенаведени држави функционираат во такви околности како часовник. Секој си го знае своето место и отприлика радиус на задачи. Не е лошо да се има одреден период (дали 3 месеци, дали 4) обука и потоа распоред и обврски за одредени несакани ситуации.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Војник на стража бе бац. Ноќна стража. Не знаеш колку часа се спие во војска... За тревоги да не ти зборам :)Ноу хард филингс.
Баш ме потсети на една случка поврзана со стража. Имаше еден скокаше до таван да давал и тој стража чунким голем јунак човекот... првиот ден му се погоди ноќна смена, од страв човекот се имаше стуткано во куќарката и зел врзал едно чораво куче да го чува.
Многумина од помладиве скокаат само ми е страв да не се како него.....

ниту 2001 бевме русија ниту пак имаше илјадници искасапени лешеви, имаше само луѓе што храбро застанаа да ја бранат татковината и пички шо се пикнаа во глувчешка дупка за да не одат на фронт, и те молам ако ме цитираш задржи се на поделбава оти ако полемизираме за 2001 отидовме офсајд...овај ....офтопик
Во 2001 се бранеше татковината за 1200 денари дневница, одеа тие кои што сакаа да заработат некој динар горе долу на лесен начин а не од што беа патриоти да ја бранад државата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom