Редовна војска повторно?

Член од
20 јули 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Сте изнатрескале 300 глупости немате поим што е војска.Ги гледам младите по Скопје па тоа само за у војска плачат кај Наредникот Ристе еееееееее тогаш да ве видам.Они кои немаат појма за АРМ уопште нека не пишуваат тука,гледам сте пишувале немаме војска дека се 200 платеници,дека сме армија на НАТО дека у АРМ само ке се досадуваш.Како прво АРМ има 8.000 активни војници.2 Задачата на АРМ е да ја чува Македонија,јас кога потпишував заклетва се заколнав дека ке умрам ако треба за Македонија а не за НАТО.3 Дојдете во војска па ке видите дали ке ви биде досадно.Затоа ако сте гледале американски филмови како Surgent Billko и мислите дека е така во војска слободно дојдете и видете.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Те молам објасни со кого ке се караш ме збуни сега?

--- надополнето ---

Касарната во Охрид не е земена од градот и таму е сместена Втората Механизирана Пешадиска Бригада Леопарди или Бригада Запад.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не можам да се изначудам колку се смешни оние кои бараат редовна војска повторно. Ако воведат редовна војска, ниеден војник од оние кои се сега нема да добива надомест за тоа што е војник. Вака им е платено. Зошто сакаат сами себе да си дадат отказ оние кои се во војска и викаат треба со сила да ве донесат да бидете војници. Ама тоа е, од џандар памет барам... :lud:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.951

Кога имаше редовна војска, постоеа и ВПД*. Тие постојат и сега, нормално, а би постоеле и кога повторно би се вовела редовната војска. Примаа(т) плата, независно од тоа дали постои редовна војска, или не.
Но и самите редовни војници, колку што помнам, (дури и во ЈНА) примаа некаков симболичен месечен надомест (500 денари или нешто слично).

*ВПД - војник по договор
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
не е лошо да се воведи 2 месечна обука на граѓаните кои стануваат полнолетни.....редовна војска никако
 
Х

Ханзо

Гостин
Не ми е јасно зошто, просто не е практично да се воведе редовна војска. Ниту еден од аргументиве не држи вода, еве зошто:
1. Педери: Ако досега сите родени од 1989 наваму не успеале да станат хомосексуалци заради недостаток од војска (?), најдобар начин да се елиминира тоа е да ги затвориш во касарна полна мажи. Не викам дека војската ги попедерчува луѓето, само сакам да истакнам колку е смешно да се тврди дека невојската ги попедерчува.
2. Дисциплина: Дисциплина?
3. Одбрана: Свесни сте дека регрути со пар месеци обука и пушка која втор пат ја гледаат ќе гинат како пилци на бојно поле? Реално, секој од нашите соседи (освен западните, ама тие и така си кулираат по бункери) и trigger-happy белосветски сили има моќ да не прегази, и реално, не можеме ништо против тоа (инвазија од страна на Луксембург е зачудувачки малку веројатна). И не ми вртете Израел филмови, Израелците не бегаат на Тасос кога ќе припука. И иако заканата од инвазија е смешно непостоечка, доколку ја има, се што ќе постигнат овие тренирани извршувачи на склекови ќе бидат два-три дена подолга војна и изретчување на машката популација во Македонија. После од каде трето дете? А заканата па, ја нема. :(

Едиќ: Заборавив да го споменам и потрошеното време на продуктивниот граѓанин. Кој и така џаболебари, ама тоа не е добро за економската пропаганда сега.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не можам да се изначудам колку се смешни оние кои бараат редовна војска повторно. Ако воведат редовна војска, ниеден војник од оние кои се сега нема да добива надомест за тоа што е војник. Вака им е платено. Зошто сакаат сами себе да си дадат отказ оние кои се во војска и викаат треба со сила да ве донесат да бидете војници. Ама тоа е, од џандар памет барам... :lud:
Некако не им текнува...ќе се формира цела дивизија....на невработени....
И онака цела армија во завод за вработување...:pos2:

Кога имаше редовна војска, постоеа и ВПД*. Тие постојат и сега, нормално, а би постоеле и кога повторно би се вовела редовната војска. Примаа(т) плата, независно од тоа дали постои редовна војска, или не.
Но и самите редовни војници, колку што помнам, (дури и во ЈНА) примаа некаков симболичен месечен надомест (500 денари или нешто слично).

*ВПД - војник по договор
Нема да се отпушти ниеден од платените само ќе станат војници по договор, а другово шо ќе се регрутира...5 стотки месечно...ах...патриотизам...ретка болештина...

Не ми е јасно зошто, просто не е практично да се воведе редовна војска. Ниту еден од аргументиве не држи вода, еве зошто:
1. Педери: Ако досега сите родени од 1989 наваму не успеале да станат хомосексуалци заради недостаток од војска (?), најдобар начин да се елиминира тоа е да ги затвориш во касарна полна мажи. Не викам дека војската ги попедерчува луѓето, само сакам да истакнам колку е смешно да се тврди дека невојската ги попедерчува.
2. Дисциплина: Дисциплина?
3. Одбрана: Свесни сте дека регрути со пар месеци обука и пушка која втор пат ја гледаат ќе гинат како пилци на бојно поле? Реално, секој од нашите соседи (освен западните, ама тие и така си кулираат по бункери) и trigger-happy белосветски сили има моќ да не прегази, и реално, не можеме ништо против тоа (инвазија од страна на Луксембург е зачудувачки малку веројатна). И не ми вртете Израел филмови, Израелците не бегаат на Тасос кога ќе припука. И иако заканата од инвазија е смешно непостоечка, доколку ја има, се што ќе постигнат овие тренирани извршувачи на склекови ќе бидат два-три дена подолга војна и изретчување на машката популација во Македонија. После од каде трето дете? А заканата па, ја нема. :(

Едиќ: Заборавив да го споменам и потрошеното време на продуктивниот граѓанин. Кој и така џаболебари, ама тоа не е добро за економската пропаганда сега.
Има и други уште поидиотски аргументи на подржувачите на редовен воен рок...еден од нив беше дека маж се станувало тек после одслужена војска...
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Не знам дали ке се воведе али овие денови почесто се зборува за тоа.Сепак прво треба да воведат активна резерва за сите после 38 години што е добро и не верувајте на они војници што штрајкуваат пред влада тоа се платени од СДСМ и им даваат 300 евра месечно и не е точно дека немаме плата добиено сепак таква држава си играат со војската,а таа е најважна во земјата.
 
Не, гологлав фрајеру, најважно за земјата е да има здравство и образование... Швајцарија не е држава според тебе.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не ми е јасно зошто, просто не е практично да се воведе редовна војска. Ниту еден од аргументиве не држи вода, еве зошто:
1. Педери: Ако досега сите родени од 1989 наваму не успеале да станат хомосексуалци заради недостаток од војска (?), најдобар начин да се елиминира тоа е да ги затвориш во касарна полна мажи. Не викам дека војската ги попедерчува луѓето, само сакам да истакнам колку е смешно да се тврди дека невојската ги попедерчува.
Чеј сеа... Сакаш да кажиш дека сите шо се родени пред 1989 и служеле војска се педери? Нејасно делува ова со педерите....

2. Дисциплина: Дисциплина?
За овај народ шо треба? 99% од младината невработени легачи до 2-3 на ручек. Ако те разбудува некој една година, секој ден константно во 5.30 спиење до 3 на ручек само во екстремни ситуации...

Да не ти ги напоменувам муабетите од неможам и незнам - во превод ме мрзи да се замарам со тие работи, има побудала ќе ги заврши. Ќе си чистиш вц со четка за заби и патем пара бери киселец ќе си ја пејш. Незнам.... по 10-тиот пат ќе научиш кој се родил учен?

3. Одбрана: Свесни сте дека регрути со пар месеци обука и пушка која втор пат ја гледаат ќе гинат како пилци на бојно поле? Реално, секој од нашите соседи (освен западните, ама тие и така си кулираат по бункери) и trigger-happy белосветски сили има моќ да не прегази, и реално, не можеме ништо против тоа (инвазија од страна на Луксембург е зачудувачки малку веројатна). И не ми вртете Израел филмови, Израелците не бегаат на Тасос кога ќе припука. И иако заканата од инвазија е смешно непостоечка, доколку ја има, се што ќе постигнат овие тренирани извршувачи на склекови ќе бидат два-три дена подолга војна и изретчување на машката популација во Македонија. После од каде трето дете? А заканата па, ја нема. :(
Свесен си дека ако вака размислувале предците наши никогаш немаше да имаме држава? Се чудам како 100-200 будали се бореле против 3.000-4.000 турци... + не биле на никаков воен рок.

Едиќ: Заборавив да го споменам и потрошеното време на продуктивниот граѓанин. Кој и така џаболебари, ама тоа не е добро за економската пропаганда сега.
Мислиш дека војниците не работат? Работат брате, итоа салам. Ќе садиш зелка, ќе бериш компир и тн. и тн. и тн. не е џаболебарење и е каде каде поарно од преместување на газето од кафе на кафе.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Фраеру ако те нападне некој кој ке те брани?Ке се направи мобилизација а младите пушка у живот немаат фатено кој ке те брани овака имаат некое познавање за оружје па што ако Швајцарија е држава мислиш они немаат војска што ако соседите им се во НАТО кога пак си имаат војска никогаш не се знае посебно кај нас кога од сите страни сме опколени од непријатели да видиш ти како беше сега кога убија 4 во Радуша кога ни кажаа дека е покачена борбената готовност и да се спремаме за војна еее море момче војската е најважна секогаш и затоа народот има најголема доверба во Армијата на Република Македонија.
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
20
Поени од реакции
0
Кој сака нека оди , некој си има поважни работи од војската...
А за овие мрзиве што седат дома и си гледаат сеири на телевизија една војна вежба под ХИТНО! :vozbud:
 
Х

Ханзо

Гостин
Чеј сеа... Сакаш да кажиш дека сите шо се родени пред 1989 и служеле војска се педери? Нејасно делува ова со педерите....
На бесмислен муабет одговорив со бесмислен муабет. Колку да дојде до израз апсурдноста.
Свесен си дека ако вака размислувале предците наши никогаш немаше да имаме држава? Се чудам како 100-200 будали се бореле против 3.000-4.000 турци... + не биле на никаков воен рок.
Предците наши биле во друго време и во друга ситуација. Денес ризикот од надворешна интервенција скоро не постои, а професионалната војска која ја имаме е повеќе од доволна за одбрана од внатрешни непријатели. Туку друг е проблемот. Многу од оние кои цивкаат тука мандалото не ги заболе за земјата и народот, и ќе бидат првите дезертери и предавници, со или без обука, под команда или не. Од друга страна, секогаш ќе ги има тие 100-200 будали, кои и без обука, и без обучен команден кадар ќе се организираат и ќе им го заебат денот на лошотиите. Во крајна линија, се работи за непотребен трошок, а „мамините дечиња“ се тука, сакале ние или не.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
13
Поени од реакции
1
Така е немора да има редовна војска али мора да има барем некаква обука за младите штом наполнат 18 години а кога се прави мобилизација нема сакаш нејкеш првиот пат убаво ти праќаат покана после ти доаѓаат и те носат али добро преку компјутер сите се јаки и патриоти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom