Чекај сега кај е тоа Миднајт, кога ќе стаса човек на железничка/автобуска после кај се оди
.
Не се секирајте, ќе има мапа за сите Кајганџии што не се од Скопје. Али за твоја среќа, не е баш далеку од железничката. Само право цепаш накај ГТЦ. Клубот се наоѓа од страната на кеј. Али да не се избрзуваме, сеуште не е официјализирано дека таму ќе биде собиранката
А вака дата да се кажеше?
А вака прв пост да прочиташе?
шо знам мајку му, Миднајт е големко место, за повеќе од 150 души е, башка ако е викенд собиранкава, ќе треба да се мешаме со цивилите што дошле да си се шемат у град и ќе изгуби карактерот на собирот.
Да не зборам дека е стегнато со лични карти, со што пола од копиљаците на форумов-т.е помладите членови
тешко дека ќе влезат.
Нема да има 150, ќе има сигурно повеќе. Собиранката е за Кајганџии, што во превод значи дека сите љубители и посетители на Кајгана ќе дојдат таму, а не само форумџиите што се пријавиле. И не се секирај, ако биде таму - ќе биде само за нас
Јас знам чУек шо може да среди, ако има нешо фрки... случајно
Не се секирај Стритке, чим организираме собиранка значи се нафаќаме ние да средиме, а не да бркаме чУеци на врата. Значи уште еднаш, без разлика во кој локал ќе се одржи собиранката - ќе биде резервиран целиот само за нас
Кога ќе го официјализираме датумот, местото и времето, очекувајте да ги дознаете и официјалните „правила за игра“ на собиранката. Иако сеуште ништо не е одлучено, во глава ми се мота една интересна замисла. Што велите да направиме една „семафор“ шема во клубот? Ако носите зелен детал на себе, значи дека сте сингл и расположени за запознавање нови особи. Црвената боја сигнализира „стоп“, односно статус „ин а рилејшншип“. Портокаловата боја пак, значи дека сте Кајганџија кој дошол за да се изнажурка и да запознае што повеќе нови пријатели
Значи, задолжителени детали се
црвена,
зелена и
портокалова боја