- Член од
- 9 август 2008
- Мислења
- 781
- Поени од реакции
- 40
Минатата година, летото решив да си одам за Бугарија со кола од Англија и поминав преку Романија. Одбрав Романија за да заштедам 100 евра за Зелена карта која требаше да наплатам ако минев преку Србија. Не сакам да зимам страна во спорот, само сакам да ви кажам како си поминав па вие сами си правете изводите. Цела Европа ја поминав какво во бајка , не разбираш кога си минал границата на некоја држава . Единствено ти стигнуват пораки на мобилниот, добро дојдовте во Франција, Белгија , Германија, Австрија. Убави прави магистрали , супер природа , има што да се види дури и само да патуваш. Во Унгарија веќе си личеше комунистическото наследство , ама за неколку саати поминав и от таму. Кога стигнав на Романската граница за прв пат во патувањето видов гранична бариера. Дојде насмеан цариникот и ми ги побара документите . Кога виде Бугарски пасош од насмевката ништо не му остана , ја спушти бариерата ( се спушташе рачно ) и се врати кај мене . Побара ми документи на колата , осигурање,возачка дозвола и се за што му текна. Му ги дадов сите . После 5 минути се врати и ми рече дека договорот за осигурање не може да го прифати бидејки таму стоеше мојата Англиска адреса а на Пасошот и возачката ми беше Бугарската и рече дека не може да ме пушти во Романија со такво осигурање. Му реков дека цела Европа сум ја поминал и никаде не сум имал тој проблем и ако се сомнева во изправността на документот да се јави на телефоните за врска со осигурителната компанија. Тоа едноставно не го интересираше и ме врати назад па ме стави да чекам . После саат време дојде и рече дека мора да се вратам во Унгарија или да смислам нешто трето . Кога го прашав на што мисли ми рече дека не може да си ги затвори очите за по-малце од 100 евро и ми даде шанса да бирам дали да се вратам назад или да ставам нешто во пасошот . Изнервиран бев јако ама брзав да се приберам и ставив 50 евро и му реков дека немам повеќе. Го зеде пасошот и кога види дека се само 50 се смршти и ми рече да почекам , а он ќе иде да го провери дали е исправен. Се врати дечкото и почна да си ја врши работата а мене ме заеба уште пола саат на границата. Кога веќе ми скисна и излегов од колата да го прашам што биде , ми го врати пасошот и вика ајде бегај ама за другиот пат да си знаеш дека за под 100 евро не си ги затварам очите. И ми вика иди сега таму подолу од трафиката си купи винетка ( патна такса ) за Романија. Си го зедов пасошот и поминав границата и запрев 100 метри пооздоле да купам винетката. Ја купив и пред да се качам во колата застана до мене полициска кола и ми побара возачката. Дадов му ја , а полицаецот ми вика - мрдни се сега 10 метри поназаде да те видам дали си истиот на сликава . Мрднав се и го прашам - истиот ли сум ? Тој ми вели - истиот си , ама ја сега погледни на горе . Гледам јас нагоре и гледам знак забрането сопирање. Свири си полицаецот со уста и ми пишува казна . Викам му јас е како може така, твојот колега ми рече тука да застанам за да си купам винетка ( А инаку на патот нема каде да одбиеш , само е ставена една трафика каде се продават винетки , а пред неја забиен еден кол со закачен знак забрането сопирање на него ) . - А мене тоа не ме интересира , си ги прекршил законите и казната ти е 100 евро , дур не ја платиш не можеш да излезнеш од Романија. Аман бе , викам му , немој така , сега на твојот колега дадов 150 , не ги копам тие пари .Добро, вика дај и на мене 50 и бегај . И ми бута во рацете да му потпишам протоколот за 100 евра казна. Дадов му и на него 50 , само да се откачам од него и цела Романија застанував само да ставам петрол и кафе да си земам, ништо друго. Кога поминував преку Карпатите патот е исто како во Србија после бомбардирањето, дури и полошо. Ама после Карпатите имат направена една много убава магистрала , за 3 саата бев во Букурешт. Од таму фатив патот за Ѓурѓево за Дунав мост. Веќе беше околу 12 на полноќ. Остануваа околу 5 километри до границата кога на еден завој се натресов во една дупка на патот. Инаку убав, асфалтиран пат , ама во средата дупка . Брзо возев и спукав предна гума ама други повреди по колата немаше. Одма после дупката имаше место каде да одбиеш , каде што и ја сменив гумата . Веќе прибирам спуканата во багажникот и дојдоа Романската патна помошт( А тие чекале „клиенти„ 200 метри пооздоле ) . Здраво, здраво што станува овде? - Им викам еве гума спукав . Ооу каква несреќа , сега ќе ја закачиме колата и ќе ја однесеме во сервиз, и гумата ќе напраиме и се ќе биде во ред. - А викам, нема потреба јас ја сменив веќе. - Ааа не може така чим е на Романска територија ние мора да поправиме се, ќе си платиш и готово. И ние деца имаме ми велат .Инаку сите Романски полицајци знаат перфект Бугарски, што ме наведува на мислата дека не сум бил единствен јас Однесоа и тие 20 евра и ме оставија на мира. На границата ме чекаше друго изненадување - Кога ја платив таксата за поминуване Дунав мост , романката ми побара квитанцијата од винетката за Романија. Викам им квитанцијата незнам каде е , ама еве винетката е залепена на предното стакло на колата , само покажи се малце преку прозорот и ќе ја видиш. - А не, ти винетката може и на принтер да си ја напечатиш , или дај квитанцијата или ќе си купиш нова оти казната е 100 евра. Ајде отидоја уште 8 евра за нова винетка, залепив ја и таа до другата ама си запазив квитанцијата и поминав на Бугарска територија. Таму непријатностите ќе ги спестам за да не лаат многу по мене моите сограѓани а и темата е Романија а не Бугарија. Сега тоа лето пак ќе си одам за Бугарија , ама уште од сега имам нарачана зелена карта за да поминам преку Србија. Зареков се повеќе преку Романија да не патувам. Тие може да имат некој економски напредок од како влегоа во ЕУ , ама манталитетот им си е истиот, со други зборови , истите цигани се !