Законот за забрана за возење од 23 до 05 часот.

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
законов е донесен за скопје да се среди... секоја вечер во просек преку 40-50 сообраќајки имаше, од кои половината се на такви на кои сега им е забрането да возат а дури 95% беше причина алкохол... после законов донесен сообраќајките се прополовија, па и повеке од половина се смалија... ЗАКОНОВ Е ТОП И БАШ СИ Е НА МЕСТО!!!
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Таман си законот бе...исто така реши се добар проблем со такситите....порано заврше средно и ако не оде на факултет право такси .На 18 години вози по цел ден секакви луге и цели фамилии.Законот си е супер од секоја гледна точка.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Одличен си е законот..а тие што се против,недај боже да им налета некој пијан тинејџер на враќање од град,па ќе ги прашам после...
 
B

BooBojan

Гостин
Како тазе шофер ке кажам дека законот е на место.
Излегувам до касно со кола најчесто(откако положив).Од село сум полиција немам сретнато.Не сакам ни да сретнам.
Законот е како што треба имено иако имам положено сеуште не се сметам за доволно искусен возач па така со овој закон би требало да се намали бројот на возилата кои се движат претежно низ градовите особено во часовите додека трае забраната.
Е сега има проблем што поголем дел од овие пресни возачи најчесто се дечишта кои сакаат да бидат центар пажња.
Сите знаеме што се случува во доцните часови секаде.Асфалтот јаде доста гума.А бе ги гледам и воопшто немаат положено стартуваат како улави по патиштата,ти сечат пат едноставно воопшто и не внимаваат.Е заради тие лошо е што може друг да страда.Затоа од мене едно ДА за овој закон.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
На место си е законот.
И не од аспект на пиење, дрогирање или што и да е друго спомнато, него од аспект на искуството.
Тие часови што ги зимаш со инструктор мислам дека се малку за да се стекне онаа динамика и снаодливост со колата низ градов.
И нормално не е исто кога возиш со инструктор и кога возиш сам.
Така да, тие две години не се за џабе ставени.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
законов е донесен за скопје да се среди... секоја вечер во просек преку 40-50 сообраќајки имаше, од кои половината се на такви на кои сега им е забрането да возат а дури 95% беше причина алкохол... после законов донесен сообраќајките се прополовија, па и повеке од половина се смалија... ЗАКОНОВ Е ТОП И БАШ СИ Е НА МЕСТО!!!
Да не вадиме бројки од ракав. клик

Како тазе шофер ке кажам дека законот е на место.
Излегувам до касно со кола најчесто(откако положив).Од село сум полиција немам сретнато.Не сакам ни да сретнам.
Законот е како што треба имено иако имам положено сеуште не се сметам за доволно искусен возач па така со овој закон би требало да се намали бројот на возилата кои се движат претежно низ градовите особено во часовите додека трае забраната.
Е сега има проблем што поголем дел од овие пресни возачи најчесто се дечишта кои сакаат да бидат центар пажња.
Сите знаеме што се случува во доцните часови секаде.Асфалтот јаде доста гума.А бе ги гледам и воопшто немаат положено стартуваат како улави по патиштата,ти сечат пат едноставно воопшто и не внимаваат.Е заради тие лошо е што може друг да страда.Затоа од мене едно ДА за овој закон.
Деца не се дрогирајте. Ај отидов да се удрам во вена. - Така е работава твоја.
И ти си детиште што не треба да вози, имаш 18 години, опасен си! Ајт

На место си е законот.
И не од аспект на пиење, дрогирање или што и да е друго спомнато, него од аспект на искуството.
Тие часови што ги зимаш со инструктор мислам дека се малку за да се стекне онаа динамика и снаодливост со колата низ градов.
И нормално не е исто кога возиш со инструктор и кога возиш сам.
Така да, тие две години не се за џабе ставени.
Не баш... Ако е од аспект на искуство, не треба да возиш ни преку ден, немаш искуство. Имаш искуство кога ќе прекршиш закон за погрешно паркирање а немаш искуство за паркирање после 11 часот, имаш искуство за претекнување преку полна лента а немаш искуство за претекнување преку лента после 11 часот.
Или знаеш да возиш или не знаеш. Возачката дозвола вика дека знаеш да возиш, со законот се ограничува тоа. Значи, на прво место не ни требало да ти дадат возачка.
И кога ќе видиш, навечер се вози полесно, дааалеку полесно, особено во град.

Прашањето е, што е поопасно? Пијан маж или тазе женски возач преку ден? Хмм
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
жити се.... те молам.... земи бројката од 16.000 сообракајки годишно подели ги со 365 дена во годината и тоа јавно напиши го на форумов колку си добил... да ти скратам сакаш? во просек 43,8356 сообракајки на ден... а јас колку реков? 40-50 сообрајки на ден... така реков? ај сега не се прави паметен и не обвинувај дека од ракав вадам бројки... наместо да паметуваш земи пресметај колку се тоа сообраќајки на ден од бројките што ТИ си ги постирал...

бај д веј... во работни денови тоа се околу 10-15 сообракајки на ден... во петок и сабота тоа се околу 100 од кои околу 85-90 исклучиво во вечерните саати после 22 часот... затоа и законов е таков каков што е и според мене а гледам и според доста други луге кои велат дека си е ТАМАН НА МЕСТО!!! јас би се бунел доколку некој се обиде да го смени... одличен е чиста 10-ка за законов...
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Да не вадиме бројки од ракав. клик


Деца не се дрогирајте. Ај отидов да се удрам во вена. - Така е работава твоја.
И ти си детиште што не треба да вози, имаш 18 години, опасен си! Ајт


Не баш... Ако е од аспект на искуство, не треба да возиш ни преку ден, немаш искуство. Имаш искуство кога ќе прекршиш закон за погрешно паркирање а немаш искуство за паркирање после 11 часот, имаш искуство за претекнување преку полна лента а немаш искуство за претекнување преку лента после 11 часот.
Или знаеш да возиш или не знаеш. Возачката дозвола вика дека знаеш да возиш, со законот се ограничува тоа. Значи, на прво место не ни требало да ти дадат возачка.
И кога ќе видиш, навечер се вози полесно, дааалеку полесно, особено во град.

Прашањето е, што е поопасно? Пијан маж или тазе женски возач преку ден? Хмм
Еј, еј колега ти се молам не отварај машко-женски теми во поглед на вожња, осетлива тема ми е:pipi:
Значи во право си за тоа дека исто знаеш да возиш и пред 11 и после 11, само после 11 зачестеноста на пијани и надрогани фаци кој управуваат со моторно возило во градов е поголема.
Е сега возач почетник, дури и да не е во алкохолизирано стање доколку наиде на ситуација со некој од горе наведените, многу потешко ќе се снајде во истата ситуација.А за тие две години ќе стекне вештина, снаодливост, динамика и што уште не.
Затоа се тие две години, драг колега:smir:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
жити се.... те молам.... земи бројката од 16.000 сообракајки годишно подели ги со 365 дена во годината и тоа јавно напиши го на форумов колку си добил... да ти скратам сакаш? во просек 43,8356 сообракајки на ден... а јас колку реков? 40-50 сообрајки на ден... така реков? ај сега не се прави паметен и не обвинувај дека од ракав вадам бројки... наместо да паметуваш земи пресметај колку се тоа сообраќајки на ден од бројките што ТИ си ги постирал...

бај д веј... во работни денови тоа се околу 10-15 сообракајки на ден... во петок и сабота тоа се околу 100 од кои околу 85-90 исклучиво во вечерните саати после 22 часот... затоа и законов е таков каков што е и според мене а гледам и според доста други луге кои велат дека си е ТАМАН НА МЕСТО!!! јас би се бунел доколку некој се обиде да го смени... одличен е чиста 10-ка за законов...
:pos: :pos: :pos:
Ај сеа ти подели и помножи си за тебе, а јас за останатите.
Загинати лица 2010 до месец август: 100 лица
Загинати лица 2008 (цела година, пред законот): 160 лица

Со законот во 2010 статистиката вика: 100 лица : 8 месеци = 12,5
Без законот во 2008 статистиката вика: 162 лица : 12 месеци = 13,5

Ајде сеа ти најди ми преполовени бројки, иако ти кажа вкупни сообраќајни незгоди, јас ти дадов смртни случаеви, овие две појави се во корелациона врска па можам да ги употребам.

Да те цитирам уште еднаш што кажа:
после законов донесен сообраќајките се прополовија, па и повеке од половина се смалија...
- Поради ова реков дека вадиш бројки од ракав, што испадна и точно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А што правиме со тие што ќе положат и ќе возат еднаш на 6 месеци, после 2 години и тие се искусни? :icon_lol:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
А што правиме со тие што ќе положат и ќе возат еднаш на 6 месеци, после 2 години и тие се искусни? :icon_lol:
е прашањево ти е во стилот што ке биде ако се налупам грав со салата од кисел купус? прашањево ти е бесвест..нормално дека ке има и такви ама колкав е бројот на тие што положиле а не возат? мал... ке седнат еден ден и тое да возат, ке се учукаат негде и ке се опаметат т.е. набрзинка ке добијат искуство или ке се откажат од возење... со други зборови колатерала на законов...

:pos: :pos: :pos:
Ај сеа ти подели и помножи си за тебе, а јас за останатите.
Загинати лица 2010 до месец август: 100 лица
Загинати лица 2008 (цела година, пред законот): 160 лица

Со законот во 2010 статистиката вика: 100 лица : 8 месеци = 12,5
Без законот во 2008 статистиката вика: 162 лица : 12 месеци = 13,5

Ајде сеа ти најди ми преполовени бројки, иако ти кажа вкупни сообраќајни незгоди, јас ти дадов смртни случаеви, овие две појави се во корелациона врска па можам да ги употребам.

Да те цитирам уште еднаш што кажа:
- Поради ова реков дека вадиш бројки од ракав, што испадна и точно.
ај сега ти пак врати се и прочитај убаво... и немој да изиграваш филозоф па со виша математика филозовски да ги мешаш појмовите... ЗАГИНАТИ лица во сообракајки и вкупна бројка на СООБРАКЈАКИ не е исто... тоа што загинале толку оваа година е друго прашање... збориме бројчано за вкупен број на сообракајки а не на загинати... можеш друг да маткаш вака со појмови ама не и мене... знам добро што пишувам... а знаеш и ти, со таа разлика што јас не злоупотребувам а ти да...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
ај сега ти пак врати се и прочитај убаво... и немој да изиграваш филозоф па со виша математика филозовски да ги мешаш појмовите... ЗАГИНАТИ лица во сообракајки и вкупна бројка на СООБРАКЈАКИ не е исто... тоа што загинале толку оваа година е друго прашање... збориме бројчано за вкупен број на сообракајки а не на загинати... можеш друг да маткаш вака со појмови ама не и мене... знам добро што пишувам... а знаеш и ти, со таа разлика што јас не злоупотребувам а ти да...
Ајде, кажи кај те заматкав со поимите? Ај, еве ти и линк за тоа што ти го зборев, па демантирај ме.
И не е математика, статистика е.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
ај сега ти пак врати се и прочитај убаво... и немој да изиграваш филозоф па со виша математика филозовски да ги мешаш појмовите... ЗАГИНАТИ лица во сообракајки и вкупна бројка на СООБРАКЈАКИ не е исто... тоа што загинале толку оваа година е друго прашање... збориме бројчано за вкупен број на сообракајки а не на загинати... можеш друг да маткаш вака со појмови ама не и мене... знам добро што пишувам... а знаеш и ти, со таа разлика што јас не злоупотребувам а ти да...
еве ти пак уште еднаш... прочитај го болдираното и ке сватиш (иако знаеш) кај заматка... ме мрзи више да пишувам... што се напрегам и јас незнам... возете си по прописи ке нема сообракајки...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
е прашањево ти е во стилот што ке биде ако се налупам грав со салата од кисел купус? прашањево ти е бесвест..нормално дека ке има и такви ама колкав е бројот на тие што положиле а не возат? мал... ке седнат еден ден и тое да возат, ке се учукаат негде и ке се опаметат т.е. набрзинка ке добијат искуство или ке се откажат од возење... со други зборови колатерала на законов...
.
Ќе се учукаат а можеби и не ама пак ќе не можеш да го споредиш нивното „искуство“ со искуството на тие што возеле преку ден за тие две години. И се што гледам проблеми што прават во сообраќајов се или таксисти кои возат со 10 на саат (жмигавци и убацување од скрос лева во скрос десна лента да не правиме муабет) или некои со БМВ/Мерцедесче или па некултура светска. Често пати ми се дешава кога ќе одам по лента некој без жмигавец да ми се убаци кај мене и тоа наеднаш, па пак да си се врати па пак да си се убаци. И после така некој ќе те здрви и кривицата е од почетникот :)
А за тоа што викаат дека има многу пијани деца со колата на тато на мама или пијани општо, што дремат тогаш полицајциве? Или полесно е да му пишеш казна и да го наполниш буџетот од почетник? Хеј, знаеме дека ретко плаќаат казни тие што си дозволуваат да возат пијани и со такви коли :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Ќе....Или полесно е да му пишеш казна и да го наполниш буџетот од почетник? Хеј, знаеме дека ретко плаќаат казни тие што си дозволуваат да возат пијани и со такви коли :)
и за првата и за втората реченица си 100% во право...

имам пријател што ја тужи мвр... случајот е следен:

возел пијан... го запира полицаец, му дава да дува (1,3 примили издувува пријателов) пишува казна и го пушта да си оди. после 3 минути прави сообраќајка... и сега он ја тужи мвр со се полицаецот ШТО МУ ДОЗВОЛИЛ ДА СИ ОДИ СО КОЛАТА онака дрво пијан...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom