Сеа само што се вратив од шпедиција (да работат и во недела) и ми дадоа некои информации преку Шваке лист и за некои цени. Ми ја објаснаа финтата каква е со тој фамозен лист како се дефинираат цените. Иначе се оди на амортизација на кола по процент месечно и најмногу намалуваат до 90%. Значи ако колата била купена 10000 евра на ново сеа ќе биде 1000 евра. Под таа вредност нема да падне.
Или за илустација. Пежо 106 од 1995 1.5 дизел според Шваке е 1200 еур, а од 1998 истата е ПАК 1200 еур.
И така функционира тоа и има логика.
Можда вие сте ја купиле таа од 1995 500 ЕУР, а од 1998 1000 ЕУР според Шваке таа е цената и за разлика од многу конспираторски теории на форумов, се транспарентно кога се одредува таа цена.
Фала Богу, не се наши документи тоа, туку странски па нема многу трте-мрте.
Е сеа кога го видов плацот на царина КОЛКУ МНОГУ коли има што чекаат да се легализираат наредните 2 недели тоа ќе биде чудо на пазаров.
Се што гледате на пазар3 ќе падни за 50%!
Ама со гаранција!
Кога видов дека Хјундаи акцент, ганц нов купен (мислам зачуван) во Словенија за 500 еур со 120000км газдата (од прв газда со сервисна книшка и мириса на ново внатре) ќе го продава 1500 еур, што останува за другите.
Фиеста 1.2 од 1998 за купена 600 еур ќе ја продава 1400 еур.
Па добив од цела служба таму совет да почекам две недели.
Така што ако планирате да купувате, чекајте до средина на април. И јас ќе чекам. Не планирам да давам 1000 еур за Југо, или Голф 1/2, скапани ескорти или фиести. Ептен ќе се смени пазарот.
Веќе некои што успееја да поминат на царина возат ефтини коли!
Сношти се возев во Ауди 2.5ТДИ од 2000 година на БТ таблици за 5000 еур!
Епа продавајте Пунтовци за таа цена.