Најавени измени во законот за увоз на автомобили

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.162
Поени од реакции
11.926
Најгрубо уште околу 2500-2700 за давачки до регистрација. Значи 1700 + 2500 а ништо чудно и некое евро плус или минус. Кажи кај го пиеме пивото. :)
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Кe ве молам од поупатените една информација. Денес се овозможи да се увезуваат автомобили стари до 16 години и со Еуро 1 еко стандард, царината се намали за 50% а и акцизата се намали само не разбрав колку и како.
Епа сега вака. Сакам да купам Opel Tigra од Германија, од 1997 год, 1.6 литри, цена 1,500 евра. Колку би ме чинеле сите давачки од прилика освен транспортот дека ќе ја земам лично јас. Однапрад благодарам.
Вака, царината се намали од 2 на 1% ама то е мачкање очи оти таа е 40тина евра на оваа кола.
Па според постоечките давачки имаш
1500 евра колата
1450 евра акциза (над 1.5л)
100 евра хомологација
100 евра ТУВ Минхен
600-700 евра ДДВ (ако ја проценат 3500-4000 евра)
300 евра давачки ситни (цол табли, шпедиции, преводи, 50еура ваму таму по шалтери)

горе долу 4000 евра + транспортни трошоци ( и сам да ја носиш треба да платш гориво, патарини)

грубо таа е математиката можеби заборавив некоја давачка ако се сетам ке напишам дополнително.

За акцизата се шпекулира дека ке биди според цената на колата, а имаше и некои варијанти за 3 евра по kW за колите до 95, 6 евра по kW за аута до 2000 итн што мислам дека е фер решение.

деновиве конечно ќе се знае.
останува да видиме
 
H

^HITMAN^

Гостин

Ти благодарам многу. Должник сум ти. Сакам да те прашам само за кола под 1.5л акцизата како се пресметува според сегашните закони?
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А за Мотори?
Као на пример хонда блекбрд(honda cbr 1100), сузуки бандит (gsx 1200), кавасаки нинџа (zzr600), јамаха фџ 1200 или фџр 1300?

И уопште?

И маму им, Харли од америка нема еуро 1, 2, 3 итн.

Значи Харли јок, не може.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Ти благодарам многу. Должник сум ти. Сакам да те прашам само за кола под 1.5л акцизата како се пресметува според сегашните закони?
За нив акцизата е 245 евра.

Од денеска дозволен увозот на половни возила од странство стари до 16 години

Од денеска може да се увезуваат половни возила од странство стари до 16 години но со старите повисоки давачки. Министерството за економија го измени правилникот. Тоа значи дека во првите шест месеци ќе може да се увезуваат возила со стандард ЕВРО 1, а во наредните шест години со стандард ЕВРО 2. Иако од финанси најавија дека царинита ќе се намали за 50% сепак акцизите остануваат непроменети.
Додека во финансии пресметуваат, опозицијата денеска во Парламентот понуди нов поефтин модел.

Игор Ивановски од СДСМ вели дека до 2000 кубика да не се плаќа акциза, до 2500 да се плаќа 1000 евра, а од 2500 до 3000 кубика- 2000 евра што е речиси двојно помалку од сегашните.

Единствено за возилата над 3000 кубни сантиметри, од СДСМ предлагаат да се зголемат акцизите. Владеачкото мнозинство не го прифати предлогот. Во меѓувреме во Министертвото за финансии се уште се прават анализи по кој модел да се пресметуваат. Се поизвесно е дека таа ќе се пресметува според староста на возилото, а не според кубукажата.

Канал5
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=57401
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А за Мотори?
Као на пример хонда блекбрд(honda cbr 1100), сузуки бандит (gsx 1200), кавасаки нинџа (zzr600), јамаха фџ 1200 или фџр 1300?

И уопште?

И маму им, Харли од америка нема еуро 1, 2, 3 итн.

Значи Харли јок, не може.
А бееееее, еееееееееееееееееј!
Камо одговор??
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
За мотори незнам дали има акциза, треба да се праша во некоја шпедиција.
Мислам дека има големи давачки за хомологација и Атест дали е моторот стандард или модифициран, плус сигурни ти се трошоците за ДДВ, шпедиција, царина.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Шо кур шпедиција е сеа у приказнава?

И мамата, нели е тоа моторно возило??
Шо атест ако е од Германија? По тие стандарди??

Ебате државата ебате!
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.162
Поени од реакции
11.926
Та кола та мотор исто ти е.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Шо кур шпедиција е сеа у приказнава?

И мамата, нели е тоа моторно возило??
Шо атест ако е од Германија? По тие стандарди??

Ебате државата ебате!
Тоа е бидејќи Македонија има специфични стандарди.:toe:
Јас неможам да разберам една работа- Ке увезе човек Голф 4 од 2000 година и треба да оди на хомологација да утврдат дали автомобилот е во согласност со нашите стандарди. Значи еден голф кој во Германија се возел 10 години треба да провериме дали ги задоволува нашите стандарди бидејќи иако е усогласен со германските и еу стандарди можеби не е доволно добар за македонските. :nesvest:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799

Таа хомологација сеуште ќе биде монопол на тоа факултетот машински во Скопје?
Кога ќе навалат за легализирање овие со Бугарски таблици плус новоувезени поради ентузијазмот од новиов закон гужва има да биде бетер од лични карти и пасоши. Ќе ја однесе колата човек 2010 година ќе му дадат документ да ја подигне 2012 :toe:.
 
sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
а знаете ли како прават хомологација на машински во скопје?
идеш со колата таму дојдеш на ред твојата кола да помине хомологација, а целата финта е шо ги запишат сите бројеви од шасијата, фаровите, штопоците, ретровизорите, стаклата итн. абе се само глупости :jaj:

а да и заборавив да пишам дека кога идеш со колата на хомологација не и прават никакви тестови или испитувања како кочници и такви работи и недај боже да е пукната малку шофершајбната веднаш те вракаат :toe:

а да и заборавив да пишам дека кога идеш со колата на хомологација не и прават никакви тестови или испитувања како кочници и такви работи и недај боже да е пукната малку шофершајбната веднаш те вракаат :toe:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Та кола та мотор исто ти е.
Е па пишав кои мотори, колку пари би чинело давачките ако го увезуем едне од тие модели?

Тоа е бидејќи Македонија има специфични стандарди.:toe:
Јас неможам да разберам една работа- Ке увезе човек Голф 4 од 2000 година и треба да оди на хомологација да утврдат дали автомобилот е во согласност со нашите стандарди. Значи еден голф кој во Германија се возел 10 години треба да провериме дали ги задоволува нашите стандарди бидејќи иако е усогласен со германските и еу стандарди можеби не е доволно добар за македонските. :nesvest:
Македонија се води по тиф стандардите препишани од Германија, е па, сеа, објаснете ми, како германско возило има потреба од атест кога е германско, а нашите препишаа германски стандарди?

Плус, дајте бе, за сузуки бандит, јамаха фџр, кавасаки нинџа, или хонда блекбрд, кажете отприлика колку пара ќе чини да се увезе? еве просек да речеме меѓу 13 и 6 години старост?
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.162
Поени од реакции
11.926
Е па пишав кои мотори, колку пари би чинело давачките ако го увезуем едне од тие модели?

Македонија се води по тиф стандардите препишани од Германија, е па, сеа, објаснете ми, како германско возило има потреба од атест кога е германско, а нашите препишаа германски стандарди?

Плус, дајте бе, за сузуки бандит, јамаха фџр, кавасаки нинџа, или хонда блекбрд, кажете отприлика колку пара ќе чини да се увезе? еве просек да речеме меѓу 13 и 6 години старост?
Царина 15% и ДДВ 18%, + околу 4300 ден. хомологација + шпедиција
Нови мотори кои имаат ЕУР 1 цертификат имаат намалена царина која изнесува 9% (ама ова важи само за нови мотори). Акциза има за мотори од 1001ццм па нагоре, 250 евра до 1500, над 1500 1700 евра (исто како кај автомобилите).

Рачунаш исто ко кај колите бе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom