Не знам од кај да почнам за концертот.
Нешто феноменално и уникатно...секој пат подобро. Иако во Охрид беше прв пат и незаменливо, во Скопје продолжи револуцијата.
Се започна со невидената гужва на влез. Никогаш не сум се туркала повеќе во мојот живот. Беше прашање на живот, не можев да дишам.. Ниту пак можев да земам слободна проценка на луѓе.
Друштвото за рака, низ врата и мачно туркање до први редови.
Чваре на сцеништето огромно, на миксета цела вечер. Се зачудив што не беше Димитри Је Ја Јо или Номадуз, но Чваре изненади со добрите олд скул тракици. Kriss Kross, House of pain, Terror Squad.. etc.
Гитаристи Кире а.к.а. Слеш и Гоги :wub:
21:20 на сцена се појавија Џоле, Кацар и АцеНЛ.
"Опушти се", "Римуван стих" (во drum&bass стил), "Јасно е", ненормално скокање на сцена.. Повикување на писателот со неговите скрипти & one of mah neighbors..
Сиги со "Премногу" и "Снимај".
Во позадина до Чваре цел оркестар, убаво распореден како во некоја опера. Сцеништето беше на 3 дела, средниот наголем секако, и двете од лево и десно помали. Невидено.
Брејк а лег исто така изненадија. Беа далеку подобри од Охрид, во кореографија, во облека (Acid wear).. дури и многу побројни. Многу креативно во секој случај. U had to be there moments
Слаткар се појави најавен од видеобим со водителка на Бекстејџ, како благодарам за спонзорите кои го овозможиле концертот. "Идиот", "Игра", "Жолта штампа" и секако "Mr.Komlex" со придружен вокал АцеНл и Џакси Накси бејби беа дел од шоуто.. Ѕверови!
Долу фотографирање до бесвест, од ефекти не се разбирам ама имаше убав сценски изглед дефинитивно. Озвучување отпрвин слабо, потоа за 10ка.
Следи "Што кур бараш ти со мене", "Секој ден".. после тоа Слаткар не потсетува на Единствена Опција и воедно, водве го најавува Скит. Скитара на сцена со Слаткар започнуваат да ги пејат "Дали ќе можеш?" , "Внимание".. ми се чини и "Хејтеризам и ренесанса" и тогаш стапија Пука козметика со добро познатите "Чекераукц" и "Смеј се и пеј".
Следеа "Колку е добро да си рапер", "Остај ме да пишувам" и продолжи Слаткар со Желе и "Ти ме натера" и "Ќе направам се".. голема пауза.
За Тони Зен!! а.к.а ЅВЕР !!! Значи какво улетување.. На човекот му симињам 5 капи. Уникатен, креативен, единствен.. Со сопствен стил. Влезе со Hummer внатре.
Најава на видео бим, Тони Зен пред Метрополис се качува на Хамерот и се возика внатре.. Доаѓа пред сцена и пее, па се качува на сцена ..и мислам дека се осети возбудата на цела хала. Ненормално вриштење, губење...
Секако ја пее во "Мој стил" заедно со напуканите билдери на Урко од спотот, настапи на сцената лево и главната сцена. Потоа следеше песната "Тони Зен", па "Скандал".
Потоа на сцената десно имаше цела кореографија на "Mi casa es su casa" на црвен кожен кауч со денсериците од Брејк а лег провокативно облечени и Слаткар (преоблечен).
Тони Зен во црно-бело, Слаткар во црно-бело.. тука беа негде, ама преелегантно облечени. За восхит.
Следеше "Спушти се доле", исто така со убава кореографија на сите 3 сцени.
Заврши Тони и продолжи Слаткар со "Љубов (Love)" придружен со огромен хор распространет на сцената десно, "Сите моменти", "Сакаш да си фаца?", "Шопинг", "ФМ" (на која сите беа во еуфории) и за крај, како што беше ветено, "Да полетам".. Најубавата која допре до сите. Ги повика сите пријатели од зад сцената на сцена.. филинг неопислив.
Ја испеа и заврши се. Се заблагодари 2 пати на сите поединечно, ги изговори по име сите кои учествуваа на концертот. 23:40 заврши се. Викање на бис, безуспешно бидејќи бевме капнати сите. Халата никогаш пополна, но се снајдовме за излез..
Уште едно од многуте преубави доживувања. Сакам пак.