Формула 1 сезона 2010

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Вебер е дрво неделкано.... не ви стана јасно уште по првата трка кога го слупа Хамилтон? Едноставно човекот незнае да губи, незнам зошто. А ако останеше Фетел зад него, Хамилтон ќе го поминеше во наредните 5-6 круга. Фетел направи мала глупост, можеше да почека подобра позиција за напад која ќе ја имаше во наредните круг-два 100%, а не да се форсира и да излегува од патеката за да го помини Вебер како да е последен круг.

Честитки за 1-2 победата на Мекларен, едноставно покажаа како треба да се направи шоу и да се издржи до крај.

За Ферари и дедо Шумахер нејќам ни да коментирам, вон конкуренција се дефинитивно.... 10 секунди во 6 круга заостаток зад водечкиот покажува само колку се назад со развојот на болидот.
 
D

dbt

Гостин
и индиректно кажано Вебер е крив :) знаев дека сум во право :)
http://www.formula1.com/news/interviews/2010/5/10855.html
Секако дека е крив. Фетел во моментот на сударот беше половина и повеќе од должината на болидот пред Вебер и мораше да оди на десно за да влези во наредната кривина. Ако Фетел е неискусниот и тој што избрза, Вебер можеше да биди искусниот и паметниот па да отстапи и да завршат двата на подиумот. Ама тоа е, изгледа Вебер не се снаоѓа најдобро во вакви ситуации. Некои едноставно го немаат ’’тоа’’ во себе.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Нејсе, браво за Мекларен, видовме и супер дуел помеѓу Батон и Хамилтон, им покажаа на Вебер и Фетел како се прави тоа, али некако на крај ко воопшто да не беа среќни за оваа победа, незнам зашто.
Aj погоди зошто не беше среќен Батон? :)

Како и да е, одлично одиграно од Витмарш, кој како наводно образложение за да не се случи Фетел-Вебер втор дел, му рече на Батон да успори зошто немал доволно гориво и да штеди гуми. :)

Овде ги има изјавите на повеќето возачи, а интересни се изјавите на Фетел и Вебер кој се препукуваат кој е крив, а кој е во право.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.928
Поени од реакции
486
Одлична трка за двата Мекларени. Се виде дека се доста брзи и на крајот со помош на Ред Булчињата:) успеаја да остварат еден - два победа. Батон можеше и да затвори на свиокот, меѓутоа не сакаше да го копира Марк Вебер и да му се случи судбината на Фетел, па затоа отстапи. За Марк Вебер и не мислам да трошам премногу зборови. Апсолутно глуп потег. Фетел веќе беше пред него и мораше да се помири со фактот дека ќе биде втор. Баш ме интересира какви ќе се бидат односите помеѓу овие двајца во понатамошниот дел од сезоната.
За жал морам да констатирам дека Ферари полека но сигурно заостанува зад конкуренцијата во борба за титулата. Ако не се превземат драстични мерки ова ќе биде уште една разочарувачка сезона. Сеуште има шанси и заостанувањето не е големо, меѓутоа викендов во Турција и не влева некој оптимизам.
 

Sp1r0

Заљубен
Член од
8 мај 2010
Мислења
157
Поени од реакции
19

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
честитки до Мекларен (се надевам дека нема да ми се лутат оти дури сега им честитам) :pos2:

Ред Бул катастрофа а вината е кај двата возачи

наводно Фетел и Вебер ги закопаа завојуваните секири

redbull-smir.jpg

:pos:


Ред Бул продолжува без Ф-канал

хммм а Мекларен ги стига :tv:
ама то е кога мекларен си го разви тој ф дакт уште од зимата сега ќе си свиркаат

а Ферари (мојот тим) нека му ја мислат ако продолжат така :ija:

ај баш да видиме дали Алонсо кој е познат по тоа шо го развива болидот ќе направи нешто (Шуми веќе прави)


Енормна надградба за Хиспанија во август

овие дебитантите ако продолжат вака можно е и да победат :icon_lol:
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Ред Бул се обидува да го задржи Фетел до 2015. година


Тимот на Ред Бул ќе направи се што е можно за да ја задржи младата ѕвезда Себастијан Фетел и после крајот на неговиот договор со тимот.
Договорот на Фетел со Ред Бул истекува во 2012 година и веќе се појавија шпекулации дека шефовите на конкурентните тимови се обидуваат да го осигураат потписот на германецот.

Еден од најспоменуваните варијанти е тимот на ФЕрари каде што Себастијан може да направи одличен тандем со Фернандо Алонсо.

Од Ред Бул сепак се обидуваат со нови нови ставки во договорот да го задржат Фетел до 2015. година.

Веднаш после многи добриот почеток на сезоната 2010, Марк Вебер успеа да си го осигура местото во Ред Бул и во текот на наредната сезона.

---------------------------------------------------------------------------
ама тогаш дури алонсо ќе плачи ако дојди Фетел или Кубица


п.с. ако потпиши Фетел до 2015 да си касни од *уро
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Зошто мислите дека Фетел би сакал да дојде во Ферари?

Па Ред Бул е појак тим од Ферари, не е будала Фетел да оди од појак во послаб тим. Тоа што навивате за лузерите Ферари е друга работа нели :)

+ тоа го продолживте договорот со Маса. Сега комотно ќе може да свитка џам со неговите перформанси.
 

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Зошто мислите дека Фетел би сакал да дојде во Ферари?

Па Ред Бул е појак тим од Ферари, не е будала Фетел да оди од појак во послаб тим. Тоа што навивате за лузерите Ферари е друга работа нели :)

+ тоа го продолживте договорот со Маса. Сега комотно ќе може да свитка џам со неговите перформанси.
Затоа што во Ред Бул не бараат таленти, таму бараат луѓе кои можат да извозат трка. Зимаат пол позиција, добар старт и тоа е се од нив во трката. Поселем ги глеаме на пиедестал.
Болидите им се тиња за претркување, недај боже да ги претрка некој мекларен или ферари. Освен преку бокс, неможат другше да претркаат.
Марк Вебер е на прво место затоа што е најдобар возач? Хаха, не, далеку од тоа. На Ветел 2 пати најмалце му се расипа болидот на сред трка (оваа сезона), потоа прошлата трка, виде ли шо се деси?
Ветел е човек кој знае да претрка, кој знае да извози невероватна трка (како спа пред 2 години кога ја направи цела сезона во последен момент неизвесна), а во Ред Бул тоа го нема. Во ред бул има само досадни трки. Затоа би сакал да дојде Ветел во Ферари. Заедно со Алонсо, да се трка против Луис, никој нема да забележи дека Ред Бул се први на табела. Вака сите ќе го мислат за (можеби) промашен талент.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
За да дојде Фетел во Ферари, треба како прво Ферари да направат компетативен болид. Горе ги спомнуваш Мекларен и Ферари на исто скалило.
-Епа не се :)

Мекларен е рамо до рамо со Ред Бул, додека Ферари-то на Алонсо неќна не можеше Ренолчето на Петров да го помине. Има разлика.
Гледај во Сабота/Недела ГН на Канада, па види на кое место цели Ферарито, а на кое Мекларен и Ред Бул ;)
И не заборавај дека:
-Вебер иако во години, беше посакуван од Ферари.
-Маса, иако дрво, му го продолжија договорот со Ферари, и сега имате комплетна возачка постава за следните 2 сезони

Јас лично мислам дека ако Ред Бул останат со ова темпо во Ф1, Фетел нема никогаш да си оди од тимот.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
За да дојде Фетел во Ферари, треба како прво Ферари да направат компетативен болид. Горе ги спомнуваш Мекларен и Ферари на исто скалило.
-Епа не се :)

Мекларен е рамо до рамо со Ред Бул, додека Ферари-то на Алонсо неќна не можеше Ренолчето на Петров да го помине. Има разлика.
Гледај во Сабота/Недела ГН на Канада, па види на кое место цели Ферарито, а на кое Мекларен и Ред Бул ;)
И не заборавај дека:
-Вебер иако во години, беше посакуван од Ферари.
-Маса, иако дрво, му го продолжија договорот со Ферари, и сега имате комплетна возачка постава за следните 2 сезони

Јас лично мислам дека ако Ред Бул останат со ова темпо во Ф1, Фетел нема никогаш да си оди од тимот.
Се е пролазно Мекларен и Ферари се едни од тимовите кој секогаш биле на врвот и ке бидат а ред бул, Браун гп(мерецедес), форс индија итн се тимови кој успеваат да направат болид за една сезона другата тонат, на шашма ке направат некој дел со кој добиваат многу како што беше лани двојниот дифузер.
Да се вози во Ферари е престиж најчесто возачите кога ке дојдат во ферари викаат дека го достигнале врвот на кариерата зошто е тоа незнам. И незнам зошто го отпишуваш ферари кажи на кое место е алонсо на кое е Ветел како што гледам Алонсо е пред Ветел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom