Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Морав коментаров на youtube - "Redbull gives you wings, unless your ego's are higher than the bull itself!"
 
^ А редбул демек не се шампионски тим сезонава :)
Него Вебер у прва трка во Австралија направи 1 ваков аматерски потег кога го поеба Хамилтон, од денес впечатокот мој е дека повторно направи мизерна грешка со оглед на фактот дека веќе со пола болид беше поминат од својот клупски колега.
Нејсе, браво за Мекларен, видовме и супер дуел помеѓу Батон и Хамилтон, им покажаа на Вебер и Фетел како се прави тоа, али некако на крај ко воопшто да не беа среќни за оваа победа, незнам зашто.

п.с. Со оглед на брзината која ја имаа Фетел и Вебер, добро е што тој нивни инцидент не заврши со последици за 1 од нив.

Ред Бул имаат шампионски болид но покажуваат како не се станува шампион.
А и дуелот помеѓу Хамилтон и Батон не беше беспрокорно чист имаше допир и тоа скапо можеше да ги чини и тоа кога се со мањак на гориво.

Ферари отидоа и сезонава во втора лига треба драстични промени во тимот не возачи туку инжинери со толку рано започнат развој неможат да извадат конкурентен болид катастрофа.
 
Ах како ми е криво.Можеби не сум во право ама оној вебер ми изгледаше крив.Некако се уфилма дека победи 2 пати со ред и сега не му се даваше 1вата позиција а се гледаше дека Фетел е побрз. А идиотов Вебер на прес конференцијата вика дека тој бил побрз! дај наочари да му купиме за роденден.Фетел покажа дека има поголеми ма**ња и убаво се одбрани од Хамилтон и чим доби брзина го нападна и Вебер.Ептен ми е по кеф.А жал ми е и за Петров. не требаше онака. и честитки за меклареновците и нивните фанови тука - ептен кеф го напрајвија со претекнувањето.
 
Кој и да беше крив меѓу Фетел и Вебер едноставно се од еден тим и не смееја да дозволат да се случи онакво нешто. Да беа од различен тим ќе разберев ама вака... Ги разбирам дека секој си се бори за бодови, дека нема прв,втор возач ама некогаш треба да помислат и на тимот. Имаа еден,два победа вака им ја оставија на Мекларен. Стварно имаат најдобар болид моментално тоа го покажаа со 100% учинок на квалификациите, ама кога ќе дојде трката како да не можат да победат. Сепак мислам дека оваа сезона ќе е нивна
 
Искрено, се понадевав од моментот кога Ветел почна да му се лепи на Вебер дека ке се деси некоја глупост.
Најпаметно си изигра Батон во цела таа ситуација. Држеше дистанца, а покажа на крај дека може и да нападне. Хамилтон напаѓаше чисто колку да има притисок. И убаво излезе сето тоа за МекЛарен.
Јас грешката ја гледам во Ветел. Млад и неискусен уште, му се случуваат многу пехови но сето тоа ќе се исправи кога ќе си собере искуство. Што кој к*р бараше да се кошка со тимски колега. Ете затоа треба да има тимски наредби. Не некои апсурдни како во Ферари на времето со Шуми и Баричело, ама кога веќе земал прво место и бил прв во поголемиот дел од трката, чувај му ја позицијата како тимски колега а не да го нападнеш и да го поебеш цел тим. Тоа направи Ветел.
А за инцидентот посебно, крив си беше Вебер ... веќе претекнат не требаше да затвара.

То је то, мене ми е уствари мило што така се издешава, навивам за МекЛарен ... :smir:

--- надополнето ---

и честитки за меклареновците и нивните фанови тука - ептен кеф го напрајвија со претекнувањето.

Колку ќеф толку и се посравме :-D Прво нешто што осетив не беше ќеф туку паника да не прават инстантна реприза на Ред Бул.
 
cestitki za 1-2 pobedata na mclaren.
bravo za hamilton
 
Млад и неискусен уште, му се случуваат многу пехови но сето тоа ќе се исправи кога ќе си собере искуство. Што кој к*р бараше да се кошка со тимски колега.
Дај не не заебавај шо требаше, да го остави дека е прв и да му чува грб?Ко шо прави Баричело цела негова кариера? И мене не ми изгледа неискусен(според ветераните можеби) ама според годините шо ги има одличен е. Можеби дека јас сум за него така ги гледам работиве ама сепак ...
 
Значи детето е феномен. Талент страшен. Никој не оспорува тука нешто. Ама да ми кажеш дека е искусен ... тоа тешко. Моја гледна точка е дека се изглупира со одлуката да го напаѓа Вебер, посебно во последната третина од трката. Можеби Вебер е крив за сударот, ама Ветел си го бараше сам, се заеба сам и цел тим.

И МекЛаренците направија нешто слично па иако сум за нив (не бирам Хамилтон или Батон) се отепав од пцуење кога почнаа со претекнувањата меѓусебе. Да напаѓаше Батон некој од Ферари или друг тим свака част. Ама во последните 5 круга да напаѓаш тимски колега е имбецилизам.
Среќа што Батон, ако не Хамилтон, е поприлично искусен и изгледа како да се допреа малку ама излезе се без посериозни последици.
 
Mене па баш ми беше кеф и тие и тие шо се престигнуваа.А за Фетел талент да.многу.Ама мене ми беше шо мн поискусен делува од другите шо возат 3 години во ф1.не го споредувам сега со шуми или компанија. како и да е кеф ми е за тркава во Турција ич не очекував олку возбуда, ма да човекот шо сакав да победи не зеде ни бод :( :smir:
 
Weber i Vetel не се толку искусни возачи,посебно Ветел и не треба да им се замерува.Сепак ме нервира оваа 1-2 победа на Мкларен,инаку супер трка.Ако може некој нека ги стави табелите на возачи и тимови.Да видиме како е ситуацијата пред наредната трка.
 
ај кликни си и тука исто
и не брзај со проценки :smir:
 
А и дуелот помеѓу Хамилтон и Батон не беше беспрокорно чист имаше допир и тоа скапо можеше да ги чини и тоа кога се со мањак на гориво.
Toa се бара бе друже, имаше и контакт помеѓу Петров и Алонсо, погубен за едниот, имаше и контакт на правец помеѓу Фетел и Вебер, погубен за двајцата, пред Се за Фетел, а контактот помеѓу Батон и Хамилтон беше минорен, не се одрази деструктивно за тимот и за возачите.
Муабетот ми беше дека беше ебење од дуел помеѓу двајца шампиони, рај за очи за нас обичните смртници, донесе возбуда, нешто што недостига во овој спорт, а и ако ја видиме сезонава, овие двајца ми се некако и најактрактивни, поготово Хамилтон, а и Батон со неговите одлични проценки во претходните трки.
 
Шумахер,вака така по втор пат годинава си зема 4то место.Задоволен сум.Иначе Ферари катастрофа,Алонсо пак се провлече и зема некој бод два.За Фетел и Вебер,нема што да се коментира,едноставно нејќеше да му го пушти првото место и отидоа јабана.Кривицата е кај Вебер.Ако го погледнете дуелот Вебер-Фетел,па после дуелот Батон-Хамилтон,ќе видите дека Вебер требаше да го пушти Фетел,како што стори и Батон на стартната рамнина.Виде дека Хамилтон е побрз и отиде десно и му остави простор,па после на свиокот пак влезе во борба.Али што е тука е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom