Да се извинам за тоа што го напишав за Килзон пред некој ден, не е точно
Тој лаг го имаше само во петок вечер незнам по која причина. Во саботата се наиграв килзон ! Значи играва е стварно интересна чим една иста мапа ја играв 4-5 саати
Прво да почнам од кај лагот кој уствари го нема. Значи човекот оди полека се врти наоколу полека (може и да се зголеми осетливоста ама не е така интересно) како што е во вистински живот и тоа ми се допаѓа.
Графиката е WOOOW. Значи немате појма како е кога во малечка темна соба пред вас излегува Helghast врз кој вршите brutal melee и во тој момент, во таа темна собичка единствената светлина се црвените очи на тој Helghast кои за еден миг стануваат жртва на твоите два палци на рацете
Копија на Код хаха ?? Овие две игри се сосема различни. Исто е како да ги споредуваш Black Ops со Bad Company 2.
Ги има неколку класи со кои можеш да играш во играва од кои јас пробав три: Infiltrator, Medic и една класа со снајпер незнам како се викаше. Сите класи си имаат свои способности слично како во двојката. Пример Infiltrator-ot moже да се преправа како да е непријател, медикот може да oживува луѓе, а пак снајперот да се направи невидлив. Ова досега беше слично како во двојката. Новото е што сега можеш да си ги надоградуваш способностите на која сакаш класа, од тебе зависи. Пример на Infiltrator-ot може да направиш да може подолго да трча пред да се умори или пак бесконечно да трча па потоа можеш да направиш потешко и од подалеку да те приметуваат непријателите додека си преправен како нив и слично. Исто така за секоја класа купуваш посебно различни оружја и тн и тн. Во други зборови мнооогу подобрена од двојката во тој аспект.
Има само еден нов мод кој во петокот не ни знаев дека постои. Еден е ама вреден. Слично е како Rush на Bad Company2 и се вика Operations мислам. Постепено извршуваш задачи за да отклучиш следна просторија или дел од мапата каде те чека нова задача. По секоја успешно или неуспешно извршена задача следува мало видео чија содржина зависи од тоа како си ја завршил мисијата.
Има уште многу да се зборува за играва ама ќе скратам малку и ќе одам на она што мене стварно неверотано ме воодушеви, а тоа е успешното користење на MOVE контролерот. По играта МАГ не очекував многу ни Килзон успешно да го искористи овој контролер но сум се залажал. Значи кога ќе се вклучиш на Мув е веќе како нова игра. Толку е прецизно и толку е се избалансирано што е неопишливо. Не ми се веруваше ама испадна дека во играва сум подобар со Мув. Сите контроли се супер освен една која би била ок да имав правилен Sub контролер. Зезната е контролата за нишанење која е на Л2 од џојстикот. Сега да имав Sub контолер Л2 би ми бил при рака ама вака не ми е и често се бунам. Требало да направат со Л2 да се клечи а со Мув копчето да се нишани а не обратно што е стварно глупо бидејќи палецот ми е постојано на Мув копчето, а сигурно почесто ќе нишанам одколку што ќе клечам.
Извинете вака долго што напишав испадна како мала рецензија за бетата, ама морав да се поправам по тоа што го реков пред некој ден. Останува оваа игра како Must Buy. Сега одвај чекам да дојде 15-ти да видам пак колку е прекрасна графиката на играва во синглплеер.