Украдени 450.000 евра од возило на Стопанска банка - Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Филмски вооружен грабеж во Прилеп на возило на „Стопанска банка А.Д. Битола“ од кое се украдени околу 450.000 евра.


grabez-stopanska.jpg



Настанот се случил попладнево околу 13 часот на излезот од Прилеп кон Битола, кај Паркот на Револуцијата, кога засега двајца непознати маскирани и вооружени напаѓачи со своето возило марка „Рено кампус“ со жолта боја и прилепски таблици, му го попречиле патот на возилото марка „Голф“ во сопственост на „Стопанска Банка А.Д. Битола“, со кое двајца службеници ги пренесувале парите.
Напаѓачите тогаш излегле од возилото и започнале да пукаат во воздух, ги принудиле службениците да излезат од возилото, при што еден од напаѓачите со пиштолот го удрил по глава еден од вработените во банката и му нанесол полесни повреди.
„По повик интервенираше наша екипа, еден од возачите имал повреда на главата со лесно крварење, но поради интерес на истрагата тој не бил земен од самото лице место, туку само му е пружена прва помош и двајцата службеници останале на лице место за понатамошната истрага“, изјави Гоце Јонзоски, Началник на Итна помош Прилеп.
Потоа напаѓачите го украле возилото на банката и заедно со парите во него се упатиле во непознат правец.
Од СВР Битола соопштија дека украденото возило веќе било лоцирано оставено празно на само неколку километри од настанот.
Поставени биле полициски блокади во околината, а подетални и нови информации се очекуваат утре.




Извор А1 ВИДЕО
 
А то возилото со пола милион евра така осамено со двајца службеници си тера а ? Како капинки да пренесват:nesvest:
 
А то возилото со пола милион евра така осамено со двајца службеници си тера а ? Како капинки да пренесват:nesvest:

Па да ,за да не биде сомнително дека има пари во него .Само неколкумина знаат во колку саат и колку пари ќе носат,па најверојатно некој издал некоја информација или пак овие службенициве викнале другарчиња -ко божем ги ограбиле ,едниот го мавнале по глава и ете ти 450.000 евра плен ,за секој по 100 и кусур илјади за неколку минути бизнис.
 
Стопанска банка - во служба на граѓаните......буквално:kesa:
 
Па да ,за да не биде сомнително дека има пари во него .Само неколкумина знаат во колку саат и колку пари ќе носат,па најверојатно некој издал некоја информација или пак овие службенициве викнале другарчиња -ко божем ги ограбиле ,едниот го мавнале по глава и ете ти 450.000 евра плен ,за секој по 100 и кусур илјади за неколку минути бизнис.

Дај не заебавај сеа, кола која пренесува многу пари поминува поголема релација без никаква заштита, само заради тоа што ќе биде "сомнително" ако вози уште една кола зад нив. ( во која патем има луѓе кои знаат да ракуваат со пиштол )
 
Пред некоја година истово се случи во Прилеп, ама на Комерцијална и лапнаја, 600 000 тогаш.
Еми така е ко не дава пари за тутуно:toe:
 
Дај не заебавај сеа, кола која пренесува многу пари поминува поголема релација без никаква заштита, само заради тоа што ќе биде "сомнително" ако вози уште една кола зад нив. ( во која патем има луѓе кои знаат да ракуваат со пиштол )

Не заебавам ,така како што викаш ти направија Македонски Пошти ,сега специјалци им ги носат парите и види сега иронија ,годишно плаќаат над милион евра за транспортот и ризикот т.е. повеќе им се исплатело кога ги ограбувале.
 
Додека има овци ке има и вуна.Очигледно дека пиздариите што се дешаваа у Скопје пред па почне полиција да ги обезбедува пратките пари,не оставиле доволен впечаток за да почне да се применува ова и во други градови.Или некој си се искеширал убаво.Има служби,се надевам дека ке си ја завршат работата.
Ама ме нервира што или се стварно глупи или наменски се прават глупи.
На МВР му е должност и обврска да обезбедува вакви транспорти ако тоа е претходно побарано.Истата услуга ја вршат и приватни агенции за обезбедување.
Ама тоа кошта,нели?
Многу поефтино им е да ги ризикуваат животите на вработените.Моронштина.
 
Ги испокрадовме Битолчани. :vozbud:
 
А бе луѓе дајте им на ова нашите „професионални новинари“ да се договорат, биле 350 или 450.000 евра. :pos2:
 
Aman bre .. so sme nie Diviot Zapad .. ova koa indijancite ograbuvaa postenski kocii .. isti ku*ac ..
 
Ова луѓе не е на арно, бидејќи Стопанска Банка е грчка еве уште еден услов за влез во ЕУ... или парите или вето на Македонија... се молат чесните крадачи да не си играат со националните интереси на државата...:nesvest:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom