Синдикат
Мајгада?!
- Член од
- 22 август 2005
- Мислења
- 3.110
- Поени од реакции
- 180
- Возраст
- 37
да, тоа работам. јас сум сопственик на КАНО ИНЖИНЕРИНГ. инаку ете го погоре одговорот. да... зимно време е проблем со соларите за греење. ама не заборавај дека македонија има 10,5 месеци сончеви денови.
еве пример: во петокот беше страшно ладно нели? скопје ноќта дочека -14 степени. другиот ден, се задесив на сервис во бардовци. во 10:30 се појави сонце. во 11:30 имаше веке сонце, иако надвор температурата беше -6 во бољерот имаше температура од 40 степени за смао 1 саат. до 13 се качи на 58 степени. тогаш си заминав од објектот... единствена проблем е ако завее снег. треба да се исчистат колекторите од снег, инаку нема да работат иако е сонце...
Добро зависи многу од какви се колекторите, пример дедо ми има некој поефтини македонски земено и на зима не иди во предвид со нив вода да стоплиш. Тие шо ги имам кај мене дома можат да стоплат ко ќе е сончево така во зима, ама незнам колку е реална та температура шо ја кажваш. Зошто ете кај мене од искуство ти кажвам дури има сонце значи дури врти водата од колекторите во бојлерот има вода, ама ако престани да врти, а да не ја искористиш за брзо време се лади т.е. кај мене бојлерот е 280 литри и претпоставувам само мал дел најгоре од бојлерот е на повисока температура и ко ќе одлежи некое време се меша и не е доволно топла за капење.