Грчка војска влегува во Македонското Овчарани

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
По минатогодинешниот бунт во Овчарани каде неколку Македонци беа повредени и приведени, Грчката војска спрема нови провокации




Грчкото Министерство за одбрана сака да експроприра ниви околу четири села во општината Овчарани, во северна Грција, населени главно со Македонци, за да го прошири воениот полигон. Жителите од околните села веќе најавија институционална битка и во земјата и на меѓународно ниво против оваа намера откако во октомври минатата година остро се спротивставија на одржувањето на ненајавените воени маневри на грчката армија во близина на нивните села. Тогаш, тие со жив штит што го направија околу 200 жители во селото Забрдени, или по грчки Лофи, два дена не дозволуваа низ селото да поминат оклопните возила на грчката армија. Тие се спротивставуваа на намерата воениот логор подоцна да прерасне во касарна каде што ќе има поголеми воени единици.

По судирот со полицијата седум жители-Македонци беа приведени од полицијата, а еден полесно повреден. Против приведените лица се' уште се водат постапки пред надлежниот суд во Лерин. Леринскиот јавен обвинител против нив поднел пријави за спречување движење на воени и полициски возила на јавен пат.

Македонците од овие села кои се во непосредна близина на македонско-грчката граница изјавуваат дека своите права на здрава животна средина и имотите повторно ќе ги бранат со жив штит пред оклопните возила на грчката армија.

Два дена протестираа против поставениот воен логор, за кој сметаат дека подоцна ќе прерасне во касарна, каде што ќе има поголеми воени единици, офицери и нивните семејства.

По минатогодишниот инцидент на воениот полигон во близина на селото Забрдени, селаните заедно со градоначалникот на Овчарани, како и пратеници на тогаш опозицискиот ПАСОК, побараа од Министерството за одбрана да го дислоцира полигонот. И наместо Министерството да одговори на барањата, на почетокот на ноември лани испратило известување дека „решило да експроприра одреден број ниви во регионот на четирите села Овчарани, Росен, Баница, Гурничево“. Во официјалниот факс испратен до префектурата, Министерството за одбрана се повикува на закони за конфискување земјиште заради национални интереси и на селаните им нуди, како што наведува, објективна цена за нивите. Министерството уште ги повикува селаните да одат да си земат пари, бидејќи полигонот ќе се проширува.

Жителите на засегнатите села не сакаат јавно да ја коментираат ваквата одлука на Министерството за одбрана, но потегот го толкуваат како демонстрација на сила против грчки граѓани и тоа во малцински регион.

- Армијата ја донесе одлуката кога сите бараат да се дислоцира полигонот. Како е можно во една демократска држава, наместо дијалог, да има уште поагресивна политика - велат неофицијално граѓани од регионот на општината Овчарани.

Официјално се огласи само првиот човек на Забрдени со писмо до Министерството за одбрана, во кое потсетува дека „89 негови сограѓани се' уште се влечат по судови и до ден-денес се под притисок поради обидите да се спречи ланската вежба на полигонот“.

- Со документот од Министерството за одбрана за нас е очигледен планот на државата и на Министерството да организираат паради со тенкови и војници речиси во нашите авлии - пишува во писмото.

Одлуката на Министерството се опишува како опасна и за имотите и за животот и за мирниот соживот на мирољубивите граѓани, а од властите се бара да престанат со „спроведување колонијалистичка политика во индијански регион“.

Жителите на четирите села, преку писмото од градоначалникот на Забрдени, нудат помош до Министерството за одбрана, ако одлуката била донесена од економски причини.

- Ако имате намера да го дислоцирате полигонот, ние ќе ви го купиме земјиштето, иако еднаш нашите дедовци го купиле од Турците, а вие ни го зедовте со сила и го направивте полигон - се додава во писмото.

Градоначалникот на Забрдени предупредува дека ако армијата се осмели повторно да организира вежба како ланската, граѓаните ќе направат жив штит и нема да дозволат војниците да се доближат до нивните села.

Ланските протести во Забрдени против воените вежби го свртеа вниманието на јавноста во Грција, во Македонија, но и на меѓународен план. Прашањето предизвика јавна дебата во грчкиот парламент, а партијата на македонското малцинство ЕФА „Виножито“ директно ги обвини грчките власти за спроведување политика на дискриминација. По инцидентот, локалните лидери се договориле војската во своите активности во регионот да не ги уништува нивите, да не користи оклопни возила и да не врши гаѓање со боева муниција во близина на населените места.
 

firestarter

нетачен
Член од
3 април 2008
Мислења
80
Поени од реакции
6
Ако не се лажам и претходно имаше ваква провокација само незнам на кој дел беше од Егејска Македонија.Тогаш ги апсеа и ги судеа по брза постапка па имаше и провокации со новинарите на А1.Се така си мислам дека беше,или не...........:nenene:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Jас не разбирам каде е провокациjaта?! Една држава да прави вежби на собствена териториja.:toe:
Сека држава има право да изгради полигони и така натаму врз териториja откупена от населението.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.263
Jас не разбирам каде е провокациjaта?! Една држава да прави вежби на собствена териториja.:toe:
Сека држава има право да изгради полигони и така натаму врз териториja откупена от населението.
Абе Блгарин до кога ќе се мешаш во чужда манџа. Па не гледаш дека упорно го заплашуваат Македонското население и за тебе тоа не е провокација? Глеј си таму масата и живеј си го животот а не да дркаш по Македонски форум :pusk:.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
Jас не разбирам каде е провокациjaта?! Една држава да прави вежби на собствена териториja.:toe:
Сека држава има право да изгради полигони и така натаму врз териториja откупена от населението.
neka ti dojde vojska na tebe u dvor da ti pravi vezbi so tenkovi i so boeva municija,pa da te vidime :salut:
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
139
Поени од реакции
3
Pa neka pravat tamu kaj vas vie ste kako kucinja ama kaj nas u Ovcarani da ne stapnat!!!
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634


смеслен дологорочен притисок врз едно од најјакоте македонски упоришта во егејот

 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не пак.... речете му да седат мирни и да не прат проблеми, да не му влезиме на сила од тука. Ќе си го земиме Солун назад.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Работава Русите ја окупираја Москва
Бугари су ушли у Софију :smir:
Мислам дека повеќе личи на: Русите ја окупираа Чеченија :toe:
За сите тројца - не сте свесни што напишавте затоа што не ја разбравте темава.Грција сака да експропреира земја на етнички македонци со што таа земја би била на грчката влада. Тоа е уште еден чин на етничко чистење на македонскиот народ. Му ја зимаат земјата и тој нема каде да посее и да работи и кога ќе увиди дека е асимилиран до максимум ќе си замине од Грција. Етничко чистење по учебник е ова. Не зборете глупости. Ова што вие сте го напишале, сте го чуле од некој филм и нема врска со ова. Ова не е заебанција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom