Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
A-C-A-B, знаеш дека после Марко Тардели и Алберто Закерони несакам да слушнам италјанец за тренер ( извини Роберто Манчини и ти беше италјанец, кој ја бојкотираше италјанската репрезентација цело време како играч ).
Јас сум анти-фан на италјанската репрезентација и италјанските клубови Јубентус и Билан.
Немам ништо против Фабио Капело - еден од најдобрите пет тренери во последниве 25 години.
Но човекот кога ни беше најтешко не одби и замина во Јубентус, а таму заедно со Моџи му ја плакаа на италјанското калчо.
Благодарам Капело - седиси на островот и пииси чај.

Значи сега вака....не знам колку ја мразиш Италијанската репрезентација,ама тука не се работи за неа,туку се работи за клубот со кој што си го поминал цел живот,што ти е ко жена-Интер !
Нема многу слободни тренери,врвни тренери во моментов,кој сакаш ти-Рајкард да се доведе,да се кара со кој стигне откако некој ке му ја опне керка му ??
Рој Хоџсон ?
Мекларен ?
Михајловик жалам потпиша за Виола....за срека наша,а твоја несрека :(
Тоа е тоа (во стил на Катанец),Думане Капело е најпаметно решени за тренерската позиција,врвен тренер со врвни успеси,доста освоени титули,едноставно проверен тренер !

Уз него и уште 2-3 засилувања,Серија А е наша,Купот и СуперКупот исто така,па останува да ја одбраниме титулата во ЛШ !

IoSonoInterista.....Тој је то,и одма следно коло на клоци го креваат до аеродромот во Милано :pos:
 
Думан ти тоа не зезаш или што е работава?? Прво и јас не бев за Капело ама тогаш уште се надевав дека Мурињо ќе остане кај нас. Сега е друго. Иако сакам тренер кој не е Италијанец во Интер и долго време ќе стојам на тој став, сепак моментално тој ни е најдбра опција. Евентуално би го спомнал и Рајкард, некој го спомна на претходните страни, мора да се каже дека е добар тренер но фактот дека се испокара со Роналдињо не ми се допаѓа реално да збориме никој не сака да доенесе тренер кој ќе наруши хармонија во тим кој е веќе изграден и му тебаат 2-3 нови имиња само за да се пополнат некои дупки во тимот. Од тие играчи ни треба еден класа мидфилдер нешто како Хамшик или Фабрегас кој тешко дека ќе успееме да го земеме, а другите двајца за да пополнат дупки во случаи на повреда итн итн. Е сега сите знаеме дека Капело не може пред светско да каже готово е јас сум новиот тренер на Интер и затоа негира во изјави пред медиумите така да освен ако не се случи нешто непредвидено или ако од негде се појави новиот Мурињо ( ЈАС:pos2::vozbud: ) после светското го добиваме единствениот достапен тренер кој би можел да ја пополни дупката на тренерската клупа која зад себе ја остава Мурињо. Мое мислење и прогноза за следната сезона 6 - та титула во калчото и поставување на рекорд кој нема да биде надминат во наредни 100 години. Значи приоритет догодина мора да биде калчото. Не велам да се откажеме од ЛШ но велам дека не би било трагедија ако не ја одбраниме таа титула.

На крај краева јас и ти и сите на форумов можеме да си бистриме филозофии колку сакаме но сите знаеме дека Морати го има последниот збор и верувам дека нема да направи лош избор од типот на Леонардо во Милан лани.

INTER ETERNO AMORE!!!!!!!
 
srecko-katanec.jpg

2009– United Arab Emirates
Неможе бе тој, Капело чим не прифати, за Катанец нема шанси :pos:
 
Дај бе ја да се кандидирам за тренер чим нема добар од слободниве:toe:,го зиам Интер ја и тука правиме трансфери кого да земеме:pos:!!На располагање од Морати иам 100 миљона и се кладам дек пак ке освиме Итаљанско!!
 
Леле не,седи тука,не сакам Интер наредна сезона во втора лига да го гледам...:smir:
 
Би сакал следниот тренер да е поранешен играч на Интер: Валтер Ѕенга, Синиша Михајловиќ, Лотар Матеус, Јирген Клинсман, Лорен Блан...
 
Дај бе ја да се кандидирам за тренер чим нема добар од слободниве:toe:,го зиам Интер ја и тука правиме трансфери кого да земеме:pos:!!На располагање од Морати иам 100 миљона и се кладам дек пак ке освиме Итаљанско!!

Пријателче, дај прво разлистај некоја книга, ќе полагаш матура кај и да е... итаЉанско се пишува со “ЛИ“... преЦедател со “ТС“... и “Ф“торник нормално!

мала шала... :)

...МОРАВ да променам... кој е тој ЛИРГЕН Клинсман бре Думане бре... хахаахахаха еееее добро е... ме изнасмеа
 
Тука оценки не ставаат како сакам така пишувам:smir:Иначе Лорен Блан си замина од Бордо може и он да дојде добар тренер е!!
 
Тука оценки не ставаат како сакам така пишувам:smir:Иначе Лорен Блан си замина од Бордо може и он да дојде добар тренер е!!

Лорн Блан треба да потпише и да биде нов селектор на Франција :):) Нема подобар избор од Дон Фабио , НЕМА
 
Тука оценки не ставаат како сакам така пишувам:smir:Иначе Лорен Блан си замина од Бордо може и он да дојде добар тренер е!!

Како заклучи дека е добар тренер? Па и Михајловиќ МОЖДА е добар... НЕ СЕ ЗНАЕ...

Млади се тие за тренери, да сме на јасно... Тоа е муабетот...

На Интер најмалку му треба таков у моментов... Притисокот е се поголем, треба да се брани на 3 фронта (сите знаеме на колку екипи досега им успеало да го одбрант Европскиот трон нели) :)

Така да, Капело бр. 1

празен простор

...Хидинк (не е така страшно ако е он)
 
Лорн Блан треба да потпише и да биде нов селектор на Франција :):) Нема подобар избор од Дон Фабио , НЕМА
Што е ова све зафатени бе у курац!Капело преска кажа дека го интересира само Англија,Прандели ке биде на Италија,Блан на Франција,Михајлович потпиша со Фиоретина,на нас ни останува Серсе Козми:pos::pos::pos:
 
Пријателче, дај прво разлистај некоја книга, ќе полагаш матура кај и да е... итаЉанско се пишува со “ЛИ“... преЦедател со “ТС“... и “Ф“торник нормално!

мала шала... :)

...МОРАВ да променам... кој е тој ЛИРГЕН Клинсман бре Думане бре... хахаахахаха еееее добро е... ме изнасмеа
Од сега нетреба многу да се обрнува внимание на тоа што го пишуваме - имаме лектор Ибракадабра.
Ајде штом сте запнале за Фабио Капело, нека биде тој.... и така опуштено ќе ја гледам следната сезона.
П.С Кој сака нека биде тренер во наредниот период, само една ми е желбата, да сме пред Б-лигашите Јубентус и Милан. А за титули не е веќе интересно пет по ред беа доволно, сега нека освои и Рома, Наполи, Фиорентина...малку бидете солидарни и хумани, па и Пупино е фан на некој клуб, нека се радува и тој една година.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom