ОВА ОТСЕГА ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛЕКЦИЈА ВО СЕКОЈ ФУДБАЛСКИ УЧЕБНИК.
А ЗОШТО?
накратко:
...вечерва Пеп надмудрен, Барса надиграна за првпат (откога стана шампион) комплетно во сите три линии, Мурињо фасцинантен, а Интер неверојатно дисциплиниран во зададените задачи на секоја позиција поединечно.
(додека Бускетс „беше дома пред тв„, Максвел дезориентиран, Кеита и Алвеш чудно индиспонирани, Чаби комплетно отсечен и покрај различната улога од стандардното издание, Меси дуплиран...за останатите излишен е коментар, сем надиграни . . . на мојот видео блог наскоро комплетна анализа на овој одличен натпревар во тактичко-техничко надмудрување)
Ова беше лекција на Мурињо со наслов „Како може да се победи тим со толку многу поливалентни фудбалери и воедно тим кој дури има и поголем посед на топка?„
Но не лекција само како да се победи, ТУКУ КАКО ДА СЕ НАДИГРА!
Браво за Мурињо, одлична лекција, а отсега и задолжителна за секој што го разбира и сака да научи нешто ново во модерниот фудбал. (за жал има некои кои „мораат„, но ниту го разбираат а ниту пак сакаат да учат, но тоа веќе ми е и под нивото да го коментирам).
Искрени честитки до сите навивачи на Интер.
Браво Интер, Браво Мурињо!