Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Утре ако стартува Пандев пред Балотели ( што не ми се верува) очекувам да им брцне гол на никаквите од Торино па макар играл и како играч од средина. А доколку стартува Балотели сигурен сум дека Буфон 2 пати ќе ја вади топката од својата мрежа.:vozbud:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Или си го бараат назад Ето за Ибрахимович и плус 20 милиони :)
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Утревечер ќе видиш кога ќе ти бега маусот од линкот за форумов... :pos:
море не ни влагам на форум ама морам само поради кладбата и толку ах пак мислите на висока победа да си зеам апче додека гледам ако не?:pos:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.742
Поени од реакции
6.461
Одвај чекам да дојде натпреварот,сакам да бидат понижени губентус:toe:.Нека искочи со најак состав Мурињо да им каже кој се шампиони во Италија:vozbud:,ајде се чека денот ке има сексови уфуф:toe: Сакам Милито,Пандев,Балотели да дадат голови а посебно Пандев и Балотели
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Калчополи 2: Што се случува?

Судењето на Моџи, главниот актер во Калчополи аферата поради која Јувентус беше преместен во понизок ранг, се покажува како благослов за медиумите во Италија кои јавно навиваат за нова афера наречена Калчополи 2.

Телевизиите се гледани, весниците се купуваат, интернет изданијата работат со полна пареа додека главниот мафиозо во Италијанскиот фудбал се обидува да докаже дека „сите правеле како него.“

Се разбира на главен удар се најде Интер, поточно Претседателот Морати и сега покојниот Факети, легендата на Неразурите. Но дали е ова така како што Моџи се обидува да го прикаже и имаат ли фановите на Интер причина да бидат загрижени?

Судот ги прегледува телефонските разговори од тој период но од она што засега излезе во јавноста, разговорите кои ги водел Моџи со комесарот за судење Бергомо, и разговорите на истиот со другите претставници на клубовите, не се од иста природа. Имено, постојат околу 7.500 разговори, бидејќи во тоа време било дозволено контактирање со претставниците на фудбалската федерација. Од сите клубови се јавувале да се пожалат дека се оштетени, да го пофалат судењето, да се заблагодарат, да критикуваат, па и да извршат одреден притисок. Но разговорите на Моџи се нешто сосема друго, затоа што во дел од нив, тој прави организирана шема за делегирање на судии на разни натпревари, нешто што немале моќ или влијание да го направат другите претставници на клубовите. Згора на тоа, веќе е јасно дека Моџи поседувал при-пејд сим картички од Швајцарија, кои според законите во Италија не можат да бидат надгледувани. Но она што е утврдено е дека од нив тој имал скоро 400 разговори само со Бергамо и некои судии.

Моџи успеа во замислата да го префрли тежиштето на другата страна, знаејќи дека медиумите немаат причина да не ја играат играта. Затоа, и не е чудо што многу фанови на Јувентус, па и некои не многу упатени фанови на Интер или неутрални љубители на фудбалот, не знаат дека ова не е судење на Интер туку судење на Лучијано Моџи, кој очајнички се обидува да се извади од калта убедувајќи ги сите дека неговите разговори не се различни од оние на другите.

Но за потсетување, поголемиот дел од разговорите кои се преслушуваат сега, беа преслушани за време на Калчополи аферата и судот веќе ги прогласи за ирелевантни.

Нова автогол одбраната на Јувентус си даде со разговорот помеѓу претседателот на фудбалската федерација на Италија Караро и комесарот за судење Бергамо. Во разговорот, Караро му вели на Бергамо да го стави Колина за натпреварот на Јувентус, додека овој го поставил Родомонти. Караро вели дека во понеделникот после колото, имало состанок околу судењето, затоа судијата не смее да суди во корист на Јувентус.

Оваа приказна медиумите на Јувентус се обидоа да ја продадат како анти-Јуве приказна, затоа што ако не се суди во нивна корист, автоматски е нерегуларно. Тоа е прашање на навика. Во пракса, Караро е свесен дека судењето за Јуве предизвикува проблеми, и се што бара е судијата да не суди за Јувентус. Никаде не бара да суди против Јувентус. Но кога се во прашање ривалите од Торино, ваквиот став на федерацијата е „смртен грев.“

Исто така, изјавата на синот на Факети дека Интер треба да го врати скудетото од 2006 максимално беше експлоатирана. Не се радувајте, Факети сака да го врати скудетото од сосема други причини.

Во меѓувреме, збор два за goal.com, иако овој „медиум“ не го заслужува тоа. Но за жал, овој трачерски ориентиран сајт постигна голем успех и сега успешно ги уништува мозоците на многу млади луѓе кои секојдневно се навлечени на него. Но колку и да не ги цениме текстовите на овој сајт, Италијанските соработници се апсолутни шампиони. Сите други заедно и да се трудат, не можат да напишат толку измислици и невистини колку групата анти-Интер и про-Јувентус фанови.

Така, меѓу другите работи, на овој сајт можеше да се прочита како Интер ќе биде испратен во сериа Б (Веројатно затоа што 15 години не освоил титула), како Интер ќе му исплател на Јувентус 200 милиони евра оштета и слични желби.

Следното сослушување е на 20 април кога би можеле да очекуваме и нешто конкретно од сето ова. Во меѓувреме, можеме да почнеме со расчистување на некои работи. Вечерва.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Одлично напишано, браво!
 

VratislavGresko

self-declared Macedonian
Член од
17 август 2009
Мислења
141
Поени од реакции
48
(ne mozam da koristam kirilica radi glupiot ms win vista):

sekako deka se irelevantni, site dokazi im se vece sruseni.
sporeduvaat toa sto morati bara dobar sudija vo derbito, so snimki kade sto moggi veli deka samo so colina ne mozat dobro da 'sorabotuvaat' ...
medjutoa ovaa ne e proces na klubot juve, tuku licno na moggi, toj vo toa vreme bil sabotiran od del od segasnoto rakovodstvo-nesto kako vnatresen puc protiv nego...
mozam da gi sfatam mediumite vo italija i nivnite montazi, pa del se na juve del na milan...
ama koja e ulogata na fucking goal.com :violent1:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom