Кај се најдоа сите експерти за фудбалот баш да бидат фанови на Интер. Почекајте сезоната да заврши, да направиме една сметка што сме направиле па после да збориме кој е крив, од Цесар, Ето, Самуел и цел тим па до Мурињо и Морати.
Заборавате дека губиме како тим и победуваме како тим, нема потреба да се посочуваа виновници за лошата игра освен во неколку наврати Мунтари
.
Јас не памтам кога Интер последен пат играл вака сабота, вторник, сабота, вторник, среда, недела итн 15 натпревари по ред и тоа се клучни натпревари. Од тој аспект во овој момент како фан на Интер сум пресреќен. За конечната слика ќе зборувам по крајот на сезоната кога ќе видиме што сме освоиле а што не.
На почетокот на сезоната половина од фановиве на Интер форумот беа скептици како ќе ни биде сезоната по продажбата на Ибра, сите фанови од другите клубови се смеее дека ќе не прават парче па видовме што се случи. Покажавме колку е силата кога имавме 15 бода предност пред два месеци нешто што го нема во шампионати од типот на Македонија и Албанија па на многу им пречеше и знаеме што се случи понатаму. Голем дел од вината сносиме ние ама голем дел целиот фудбалски систем во Италија.
Не ми е јасно како никој не кажа дека
Пасквал требаше вчера да добие чист црвен картон. Имаше жолт а на стартот од вториот дел направи два прекршоци над Балотели, откако судијата не досуди ништо Прандели веднаш го замени правилен потег зошто беше свесен дека веќе требаше да игра со играч помалце.
Едноставно правилата за Интер и останатите екипи оваа сезона во Серија А не се еднакви и за тоа можам да набројам уште десет натпревари, но не сакам да зборам за тоа зошто Интер сам се изглупира против Џенова, Катанија, Парма и уште некој натпревари.
А за титула во Лигата на Шампионите, дали мислите дека некој може да го сопре овој фантомски тим на Барселона, не само оваа година туку и во следните пет??? Знаете колку среќа ќе му треба на Интер за да извлече поволен резултат особено кога во тимот имаме дупка на левата бековска позиција???