Ќе се најде нешто
Шала.
Ај малку пошироко:
Фактори за кризата (на Интер, не за продажбата на тутунот во прилепско

) Не по некој посебен редослед:
1. Судењето.
Баталете сега анализи на целата сезона. Зборувам за интервенциите на два пати окга се одлепивме. Првиот пат не драстично, вториот пат и тоа како не скусија за бодови. Истото внесува и дополнителни нервози во екипата, се случуваат нервозни реакции и нови казни. Лесното фаќање за џеб на судиите придонесе на многу натпревари да ни фалат играчи, а критериумите беа на моменти смешни.
2. Мотивацијата.
Секој што гледа фудбал знае дека е многу тешко да се мотивираш со неатрактивни противници, ова посебно кога имаш огромна предност на табелата. Од друга страна, пишав и поназад, противниците играат со фантастична мотивираност против Интер, за разлика од натпреварите со конкурентите. Ова можеше да се види со Наполи, Парма и Катанија. Во такви ситуации, нормално е да се случат и киксови.
3. Натпреварот со Челзи
После подолго време Интер има шанси да помине понатаму во оваа фаза и тоа елиминирајќи директен конкурент за трофејот. Овој натпревар без сомневање е главна преокупација во главите на играчите, се разбира веднаш по жените и брзите коли (Цезар, некој...?) Може човек до бесвест да се повикува на професионализам и на важност пред натпреварот со Џенова и посебно Катанија, но тоа само во некој процент ќе ја зголеми будноста. Покрај концентрацијата која се намалува, никој не сака да влезе во остри дуели зошто не му се ризикува гореспоменатиот натпревар.
4. Претерано многу ротации и промена на формации.
Од некои причини, некогаш од нужда, некогаш без потреба, премногу ги менуваме формациите. Мое лично мислење е дека кога веќе проработе тандемот Милито - Пандев, требаше да се форсира додека оди. Пандев може 60 минути (за жал не е спремен за повеќе), но сепак, се правеа формации само за Балотели да не се буни што не игра, а улогата кога игра му е да му прави друштво на помошник судијата, и Ето да игра, да не се џабе фрлени милионите. Сега, нити Балотели игра, нити Ето дава голови, нити тандемот Милито - Пандев има континуитет...
Ова е горе-долу според мене. Можеби нешто пропуштив. Не сме само ние криви и не се само другите криви. Останува сега да додадеме гас и работите ќе си дојдат на свое место. Скудетото се освојува со малите екипи и таа лекција би требало одамна да ја имаме научено.