Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Ц ц цц пичкалимуматерина, значи цел тим ни го казнија а? ц ц цц ц ц
И ај банирајте ги овие, не можам да ги гледам.
И дај нека иди среда у пм. овие деној ко годиним и се.
 
Цезар го слупа Ламборџинито, го пропушта Челзи

Интер, можеби, ќе биде знатно ослабен во пресрет на дерби мечот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Челзи. Прашање е дали првиот голман на нероаѕурите Жулио Цезар ќе биде спремен до среда, кога двата фудбалски гиганта ќе се судрат на Џузепе Меаца.
Бразилецот доживеа сообраќајна несреќа во неделата навечер, во близина на Меаца, додека го возеше своето Ламборџини. ВО понеделникот наутро, пријател го довел на тренингот на екипата во спортскиот центар „Апијано Џентиле“, а лекарите му препорачаа да мирува.

„Кориере дело Спорт“ објави дека еден од најдобрите светски голмани в среда ќе биде заменет од Франческо ТОлдо, кој бранеше само еднаш оваа сезона во Купот на Италија, а извештаите на ТВ мрежата „Скај Спорт Италија“ наведуваат дека Бразилецот се здобил само со исекотини на лицето. Извештајот за сударот сеуште не е објавен.

Веста за сообраќајната несреќа во која учествувал Цезар е потврдена на официјалниот сајт на Интер, каде е изразена надеж дека Бразилецот ќе биде спремен за дуелот в среда. Медиумите во Италија пренесуваат дека ситуацијата го разбеснила тренерот Жозе Мурињо и дека атмосферата меѓу Интеристите не е на завидно ниво пред мечот на сезоната.

Интер за дуелот со Челзи секако ќе биде без Кристијан Киву, Марко Матераци и Давид Сантон, додека Диего Милито и Дејан Станковиќ се обидуваат да се опорават од повредите и нивниот настап сеуште не е потврден.

Мечот помеѓу Интер и Челзи ќе го суди Шпанецот Мехуто Гонзалес, кој е УЕФА интернационалец од 1999. година. Досега четири пати му судел на Интер, трипати бил среќен, а еднаш им „донел“ пор
 
Оваа на Кориере беше многу бомбастична. Јас сеуште чекам нешто официјално околу повредите за да објавиме...
 
Гребаници на лицето?
И верувам дека Цезар ќе брани во среда.
А за официјално..ако сакаа до сега ќе напишеа на официјалната.
 
А има надеж за Ламбото?

Лоамбото било целосно уништено а Жулио имал само модринки по лицето.Бил многу тажен и цел ден си плачел дома.Испратил имал гости дома и излегол да направи некое крукче низ Милано и се случила несреќата.
Ова го изјави жена му.

http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=14612
 
Не пропушта чичко Морати ќе му купи ново Ламбо и ќе оправи.
 
Ја да сум на местото ма Масимо :

Julio , you are getting a new and better Lamborgini If you don't Concede a Goal :)

Ке брани ко 3 Цезара + едно Целески :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
За ова со Примавера тимот мислам дека не е дозволено да се менува цел прв состав. Знам имаше пред некоја недела казна за Волверхемптон бидејќи на дуелот против Манчестер излегол со дури 9 НЕстандардни играчи т.е. само 2ца од првиот состав(иако не биле пријавени како повредени или суспендирани). Овој меч го доби Манчестер со 0:3. Наредниот меч Волфс го играа со стандардниот тим и победија со 2:1(не знам против кого). Мислам дека казната беше 20 000Е.

Е сега замислете излегуваме со примавера тимот, губиме и не казнуваат за помагање на конкурентите:pos2:
 
А без него ќе бидете доста ослабени но чим не ја проширија веста на другиве страни значи не е ништо страшно.:helou:
 
Kaj било кај не било..дојдоа и такви времиња кој премногу ме потсеќаат на годините 98,99,02,03...каде интер беше сакатуван,оштетуван итн...од се неможам да разберам што бараат тука некои навивачи на екипи кој не се радикални за да пишат во овој шампионски фан клуб...сепак мислам дека оваа титула ќе ни биде најслатка од сите после се што дожувиваме во моментот и најповеќе ќе му се ситиме на нашите конкуренти(посебно миланезите)...а со челзи после овие казни очекувам поволен резултат:smir:
 
момци како иде нема пишано бајаги време на форумов ... не се многу нервирајте за казните , интер и лани и предлани беше оштетуван ( не во толкава мера секакО ) , покрај неиграњето на суљо позитивна работа со ова е што донекаде и ќе имаме и раат од стручњаците на форум , чисто ме интересира што оправдување ќе смислат ако интер освои титула овој пат , досега судиите ни носеле титула иако не е баш така ..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom