Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
другата недела сигурно ќе има пренос од Интер - каљари, така кажа бранко додека пренесуваа сега.
Интер фиорентина во среда( или четврток) сигурно ќе има на МТв така да обезбедени сме :)
Вчера рекоа дека и таа е одложена.Ќе се одиграла после натпреварот со Парма.Барем така разбрав.
 
Вчера рекоа дека и таа е одложена.Ќе се одиграла после натпреварот со Парма.Барем така разбрав.

На официјалната страна на Интер си пишува дека си играат во среда од 20:45 :smir:
 
Луѓе давајте информации ако најдете,агентот на Ледезма изјавил дека Интер веќе потпишале со Симплицио !
 
Ледесма или Симлисио – кој ќе се пресели во Интер?
Утрово се појавија информации кои велат дека директорот на Интер, Марко Бранка вчера бил на состанок со управата на Палермо и постигнал договор за ангажман на Фабио Симплисо.

Ваквите вести вчера ги потврдија Palermo24.net и Sky Sport Italia а тоа го потврди и агентот на Ледесма, Д’Иполито.
“Не е официјално, но можеме да сметаме дека Симплисио е играч на Интер.” – рече агентот на Ледесма, Винченцо Д’Иполито за Sky Sport Italia.

“Палермо и Интер постигнаа договорот во неделата навечер, бидејќи Бранка не можеше повеќе да го чека Лотито и неговата одлука за Ледесма.”

Исто така се најавува дека Нероаѕурите во овој последен ден од трансфер периодот ќе извршат уште еден обид да го ангажираат Коларов и можно е двајцата играчи на Бјанкочелестите да преминат на Џузепе Меаца.

Трансфер пазорот завршува во 19 часот и до тогаш сите договори мораат да бидат доставени до Лига Калчо па до крајот на денот ќе биде се познато.

Кога би одбирал помеѓу Ледесма или Симлисио, покорисно би било да го донесат Симплисио.

Што се однесува до Коларов, во неколкуте натпревари што го гледав во дресот на Лацио, има силен шут и е доста цврст играч. Мислам дека подобро да не ги купаат ни Ледесма ниту Коларов, нека причекаат до налето и тогаш изборот ќе биде многу поголем.

Мурињо не требаше да го продава Максвел, кој беше добра алтернатива за Киву кој природната позиција му е лев бек.
Ланската сезона имавме двајца елитни леви бекови ( Киву и Максвел), а сега останавме со ниеден после повредата на Киву.
Двајцата што играат како лев бек(Х.Занети и Сантон) , природната позиција им е десен бек. Па така моментално имаме три супер десни бекови: Х.Занети, Д.Сантон и Маикон, но еден може да игра.
Не е лошо Маикон да се префрли од десен бек во десно крило и така е доста офанзивен.

4-3-1-2 ( формациа)
---------------------------------Цезар---------------------------------

Сантон (Ј.Занети)----------Лусио--------Самуел-------Киву(Сантон или Занети)

----------Маикон-----------Камбиасо -----------Станковиќ---------

--------------------------Шнајдер----------------------------------

--------------Ето ( Пандев)------------Милито---------------------

Не бе како маикон десно крило добар си е десен бек:toe:,иначе симплисио е добар играч ми се свиѓаше уште коа играше во парма.
 
Не бе како маикон десно крило добар си е десен бек:toe:,иначе симплисио е добар играч ми се свиѓаше уште коа играше во парма.
тоа е до човекот, јас би сакал да го видам Мајкон како крило, мислам дека таму ќе има поголем ефект неговата брзина.
ако имаш забележано, маикон има повеќе удари кон гол од занети, а сепак игра позади него.
 
А колку од тие завршиле во гол ?? :)

Да си го поправи шутот треба и коа ке излегува во шанса за гол,а не може да погоди нека подаде на некој што е отворен за гол,не да утне од три метра празен гол.
Малце себичи,ама ај ке му се прогледа низ прсти тоа.
 
кој не шутира нема ни гол да даде. да го прекомандуваат таму ќе имаме многу поофанзивен напад, ама покрш среден ред, без стабилноста на занети.
 
Ajт Симплицио нека го земат и нека сФршат работа, а за Мансини грешка им е и тоа голема, кај се видело на сред сезона да се дава играч на директен ривал за Титула, дегени. :tapp:
 
Ajт Симплицио нека го земат и нека сФршат работа, а за Мансини грешка им е и тоа голема, кај се видело на сред сезона да се дава играч на директен ривал за Титула, дегени. :tapp:

Ај па и ти па,зар ББилан ривали за титула ги сметаш :tv: :)

Гледано од моја страна Симплисио би бил подобра варијанта од Ледезма :toe:

Ај па да не изненадат до вечер и со Коларов :vozbud:
 
Лани и 11 им бегаа по дербито кога тепаа Интер 2-1 па на крај повторно се доближиоја и колку толку им се вратија надежите за титулата.

Пак ке кажам, нелогично е ова, реткост е у фудбал поготово у јаки лиги каде прв тим на втор у сред сезона му дава играч, па макар и истиот бил оквалификуван ко отпад.

Знаеме како поминале играч од Интер во Милан, знаеме дека бразилци у Милан имаат успех така да како и да свртиш, потегов е лош у овој момент.
 
Доколку ме прашуваш мене ја би го дал Сидорф за Кварежма. :toe:

Пропадна размената Мансини-Јанкуловски, сега има шанса да дојде на позајмица 6 месеци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom