Па веројатно решиле да му го дотераат умот. Сигурно е со најдобра намера, само се бара начин на кој може да се комуницира со него. Бидејќи нормалната комуникација (совети/молби/жалби) не помага, веројатно не е лошо 2-3 натпревари да го стават вака на „дисциплинска.“ Ако и од тоа има некој аир...
Во секој случај, јас ги разбирам проблемите на Марио. Има 19 години, цела Италија го прази, на повеќето Италијани им се темни од помислата дека тој ќе игра за Италија (што може да се смени од кога ќе заигра и ќе постигнат некој успех). Го пцујат, го понижуваат, му пишуваат се и сешто во весници, го плукаат на тв... тоа не е лесно за 19 годишен тинејџер да се справи.
Но она што не ми е јасно кај него, е тоа што тој и во Интер ги тера глупостите. Интер му е нешто како семејство, тука е прифатен и од играчите и од навивачите. И наместо да дава голови и да се радува и да ужива, тој е постојано нешто лут, не му е право што е на клупа, мисли дека се мора да се врти околу него... Во Интер мора да го подобри однесувањето и да се прилагоди на екипата. Ако асистира, ќе му асистираат, ако се радува, ќе се радуваат со него. Фудбалот е колективна игра и вчера беше добра лекција за него, белким ќе извлече некој заклучок. Зошто има огромен потенцијал кој може да не го искористи никогаш, ако продолжи со главата во ѕид.