Големи сте за такви ниски провокации, овде задржете модерирани ставови во однос на религијата, тука разговараме пред се за историски моменти и влијанија, а не создаваме теми на омраза.
Во тие времиња било тешко, брат со брата војувал в различни војски, поделени фамилии по вера, одведени деца од мајка после си ја клале фамилијата. Секој се снаоѓал како што умеел, се работело за претежно прости луѓе кои едноставно сакале да имаат мир, леб за јадење и да остават потомство.
Неможе денеска некој од денешен аспект да ги осудува бидејќи одбрале ваков или онаков начин да преживеат.
На крај краева, никој не се раѓа верник, ниту самоволно се покрстува. Но сите се раѓаме како припадници на својот народ.
Македонците муслимани беа и сеуште се презирани, отфрлени пред се од менталитетот кој владее после протерувањето на Турците, дека мора сега ние да се изживуваме на некого како тие нам.
Денеска тие можат да ни бидат мост со една Турција на пример, која денеска игра значајна улога за Македонија, а кој би рекол нели.
Времињата се менуваат, така и непријателите, затоа денеска настрвени крволочно ни се т.н. “православни браќа“ кои радо би извршиле и геноцид врз нас.
Затоа упатувам апел до вас да не ги гледате црно-бело нештата и воздржете се од провокации во дискусијата бидејќи и јас имам граница на толеранција.